Закон и ред (Law and order)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од creshicka, 7 ноември 2012.

  1. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.154
    Допаѓања:
    5.702
    Пол:
    Женски
    Како може да нема тема овде за една од најдобрите криминалистички серии на сите времиња? :?:
    Закон и ред е серија која ја емитуваат на Телма, но јас ја гледам онлајн на нет. Има повеќе верзии на Закон и ред, на пример:

    -Law and order
    -Law and order: Criminal intent
    -Law and order: UK
    -Law and order: Los Angeles
    -Law and order: Trial by Jury
    -Law and order: Special victims unit SVU

    Моја омилена е последната Law and order: Special victims unit, во која се зборува за сексуално малтретирани жртви.
    Дали вие следите некоја од овие серии на Закон и ред, која ви е омилена? Во споилер линк од сериите за онлајн следење.

     
    На Sara123 и Hipster им се допаѓа ова.
  2. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.747
    Допаѓања:
    22.388
    Пол:
    Женски
    Закон и ред (Law and order).

    Ја обожавам серијата, една од омилените серии ми е.
    Ги имам гледано претежно постарите сезони, новиве не ми текнало да ги симнам, а и порано ги даваат сите чинам на канал 5.
    Не ги делам искрено сите ми се интересни, но посебно а сакам Criminal Intent заради Detective Robert Goren ака Vincent D'Onofrio. Нема пофенси детектив, нема појак лик од него според мене во серијалов.
    Башка хемијата помеѓу него и Александра ми беше на ниво.
    Брилијантен е, го обожавам у секоја смисла на зборот како актер, и ми ја правеше серијава посебна.
    Нема посовршен филмски лик за мене.
    Трај бај џури беше повеќе од правен аспект отколку од крими-детективски, имаше една млада адвокатка, идол ми беше на времето :D
    Само премноооооогу сезони имаат сите скоро, ќе треба да се убијам симувајќи за да ги изгледам сите.
    А ужасно многу сакам.
    [​IMG]
     
    На zhap4e, creshicka и Sara123 им се допаѓа ова.