jas ne veruvam vo ova,ama eden prijatel na dedo mi sonuval deka na edna planina,i go zaboraviv imeto,pod drvoto(tamu vo sonot mu bilo pojasneto se) imalo grne polno so zlato,i da posol da go zemi..toj poslusal i posol tamu i navistina imalo premnogu zlato i srebro i pari vnatre,istata vecer pak mu se javilo na son deka dokolku ne go vrati grneto kade sto bilo ke umre kerka mu..toj go vratil grneto i gotovo ne ja sfakam fintava zemi-vrati ama iskreno neznam dali da veruvam vo ova
Брачед на татко ми има најдено грне со злато. Како,што ...никој не знае ,затоа што не зборува човеков за тоа.Проколнат не е.Имаат голема куќа ,неколку продавници, и такви работи ,но ништо лошо не му се случило до сега
Во Тиквешијата има многу луѓе кои одкопале злато и со тоа се збогатиле. И сега се најјаките луѓе во градот, со огромни фирми. Поточно Демир Капија тука може да се потенцира. Клисурата е полна со злато, од турско време. Многу луѓе и таму копале и нашле. Имам слушано дека е проколнато златото, бидејќи тогаш кога заминувале неможеле да го понесат со себе...и го преколнувале. Има примери со луѓе на кои навистина им се случило лошо и се исполнило проклетството на златото. Најчесто тоа се појавува во сон. Ти кажува на кое место го има, и ако бара жртва си кажува што бара. Прабаба ми, ми има кажувано дека некои луѓе знаејќи дека детето им го бара за жртва, го ископале....и умрело детето. Исто, на неа и се сонило каде и на кое место има. Нејзе и побарало жртва, едно јагне да однесе, па потоа да копа. Но, жената несакаше такви пари. Се плашеше. Овој сон многу време ја мачел и ми го кажа само мене. И ме поучи тогаш, никогаш по вакви пари да не посигнувам. Не се тие среќни пари... Живеј со тоа што го имаш, и со тоа што ќе го создадеш самиот со свој труд. Малку имај, но да си среќен. Ја не би да си играм со такви работи.
Има закопани богатства ама не се проколнати, тоа е само страшна приказна за да не го земат златото. По селана кај Прилеп и Битола во тоа планините е полно злато што закопувале Турците кога бегале. И тие сега имале време да го проколнуваат па да бегаат, така е тоа, чекај не ме убивај прво да го проколнам златово. Глупости. Човечки нозе на брашно абе ајде таму, земал ноќта отишол да моча некој и згазил на брашното, и овој откопувачов си мислел жртва треба да даде. И тоа другото со убиеното бебе, да бе земал дете убил, колку сака да е алчен, бебе нема да убие. Така да, злато има и постои само треба да се најде местото, а за проклетства не се плашете, тоа се само приказни на мештаните за да никој не им го земе златото, бидејќи тие го сакаат.
Село Мокриево -Струмица, има маркет сред село од десната страна има стара рушевина куќа, на сон му се сонило на еден човек , дојдоа и по два дена ископаа од под вратата ,рекоа е злато несмееше никој да помини од таа страна имаа жолти ленти ставено, по еден месец човекот што го зеде си доаѓаше од swiss за мкд на прав пат без коли, се отпревртил одвај го извадиле беше во многу лоша состојба , женаму пропадна од мака додека се оправи човекот , за да е жив тоа што извадиле поделиле по сиромашните. Ова го знам бидејќи живеев зад маркетот три години. Исто така , на мајками мајка, мојата баба , ни има кажувано за на дедоми мајкаму , во Прилеп населбата марино малло во многу далечно време било болница и гробишта турски со турците биле закопувани и мн златници, кога сите живи напуштиле избегале, и се се урнално земјата ја порамниле и почнале да ја продаваат моите прабаба и дедо живееле Лениште , така и многу се населиле во градот , земале имот во сегашната населба, кога копале темели за куќа се нашло многу злато, луѓето во тоа време биле лакоми за злато , и уште на неколку куќи нашле и тука дошло до расправии кај кој има ,кој нема, сакале да им одземат и таа од лошотилук зошто нанеа да и земат а на другите не, и зела на сите им го зела никој не ја видел се опседнала со златото , од пуста мака некоја жена колнела и велела раката да и се фати на тој што зел златото, по некое време виделе кој е бидејќи на неа вистина и се фатила раката, ја молеле да кажи таа само се смеела, умре така во една соба бог да ја прости , доаѓаа пред многу години луѓе да го копаат дворот а парите да се делат, имав околу 12 год памтам дедоми застана и никој не пушти им рече се додека е жив нема никој ништо да чепка , и им рече , се додека сме здрави пари се печалат а здравје не. И ден денес кога ќе заправиме муабет за такви работи и за неговата покојна мајка, чукнува во дрвената маса и вика плукнете му се на таквите пари , пара без пот не е пара . Има и многу други случки но друг пат за тоа
Не знам колку се користи темава ама ми треба совет од некој шо се разбира од овие работи. Односно. Во дворот на куќата на демо ми имаше стара куќа. Вака фалиљарно ко ќе се соберевме на смеа на шала велевме овде има доста жолти. Куќата претходно била на турчин. Во куќата се најдени два позналатени пиштоли меѓутоа валастите му ги зеле на дедо ми. Исто така во дворот имало огромен ќуп секако празен. Е сега се сомневаме дека има нешто и во куќата. Искрено немам доказ или идеја каде би можело да има ако има. Само имам такво чувство. Куќата е распадната. Викнати се камиони и слични чуда да го расчистат нередот. Па ако имате идеја или некое искуство некоја приказна предание каде најчесто го закопувале ако веќе закопувале нешто. Службата за расчистување ќе стигне утре задутре па ако има нешто штета ќе биде да се пропушти. Ако не... Една обична авантура... Чекам хелп
Најди детектор за метал и помини со него. Ако има нешто метално, ќе ти титни. Макар да не верувам дека ќе откопаш ништо повеќе од некоја зарѓана метална шипка.
Најдов огромен зарѓавен нож сатар или нз како се вика. Знам и јас дека детектор му е мајката проблемот е шо не знам од кај да го најдам за волку краток период
Незнам што ме тераше да ја отворам темата,цела се наежив ептен морничани приказни али верувам во тие работи,еве и јас една случка да ви раскажам Спојлер: С Во моето место еден човек пред многу години слушнал турци како зборат за некое злато, но тој се правел дека незнае турски и се слушнал и кај се наоѓа и се и отишол го откопал златото се збогатил од него, но кога му се родила ќерката била нема, неможела да зборува, тоа злато било проколнато од турците и затоа тоа се десило на ќерката.
Чим имале време да го закопаат, имале и за проколнување. Дали човек се плаши, верува во клетви е друго. Јас би го земала и да е проколнато. Уште да имав таква среќа да најдам злато.
Имаме викендичка стара што припаѓа на фамилијата на маж ми . Е сега , куќата има над 100 години , дедото што ја правел и сите негови потомци се веќе одамна на оној свет ( бидејќи куќата е во планина , сигурна сум и дека 100 години се малку , можеби 200 има , не сум сигурна ) . Јас мислам дека таму има закопано нешто . Дали документи и нацрти од ниви , дали вредни предмети , не знам . Проблемот е што никој не знае со сигурност , ниту пак наследникот ја чепка таа куќа . А ептен е стара ( но држаќа е , никако да се распадне сама од себе , така си стои запуштена скроз , змии шетаат внатре ) . А на времето тој прадедо бил многу богат , дали занаетчија бил или држел бакалница во тоа време , но стекнал голем имот за себе и неговите потомци . Луѓе верувајте , мене што и да има таму , ниту сакам да земам нешто , ниту барам ниту ме интересира . Куќата ми втерува страв во коски . Таа куќа е градена од камен и кал , и е дувло на змии . Маж ми успеа да влезе пред 5-6 години и погодете што нашол . Над 10 змии големи и Бог знае колку мали . Со децата одиме горе во делот што и припаѓа на свекра ми , а во ист двор се двете куќи . Змии ќе не изедат некој ден . За смокови ич да не правам муабет . Неколку пати сме спомнале на дечково што е наследник , но тој викаше ќе ја реновирал , вака ќе правел-така ќе правел , на крајот се пресели во странство и ништо не направи со куќата . Си стои така . На маж ми да му дадеше " амин " бар да ја сруши , до сега решена ќе беше скроз . Ама инает тера дечково , или можеби се плаши ако има нешто да не бараат дел свекрва ми и внуките од сестра ..
Јас лично познавам дечки што пронајдоја закопани во стара куќа 200.000 евра жената што живееше во куќата беше почината а куќата скроз старинска од камен и забаталена, жената живееше како тотален бездомник немаше ни вода ни канализација ни струја во куќата, се переше и миеше садови на чешма немаше никакво потомство тука, никој не можел ни да предпостави дека имала роднини во странство кои и испраќале пари дечките напраја голема грешка што почнаја да трошат неконтролирано и така беа фатени. Веројатно некој од властите добро се омрсил од парите пошто не верувам да и беа вратени на нејзините роднини.