Закрепнување после пораѓај

Дискусија во 'Бременост' започната од Eli23, 22 ноември 2015.

  1. Eli23

    Eli23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    1.931
    Допаѓања:
    23.549
    Пол:
    Женски
    Ова е тема за сите мајки, да си споделиме искуства и маки за периодот што следи после пораѓај. Иако околината очекува да сме вратени во нормала за краток период, кај некои мајки закрепнувањето трае подолго. Не се однесува темата за физичкиот изглед, туку за нашето здравје, физичко и ментално.

    Да споделиме искуства како се чувствувавте после пораѓај, без разлика дали било природно или царски?
    Колку време ви требаше да се соземете психички и да се навикнете на новата ситуација?
    Кога станавте од кревет и почнавте нормално да си ги извршувате домашните обврски?
    Кога започнавте со сексуални односи?
    Оние што се породиле со царски рез, колку долго чувствувате болки?

    Не забележав дека има ваква тема, па најчесто бараме совет или мислење во другите теми за бебе. Вака ќе имаме тема само за мајки, да прашаат се она што ги загрижува за себе, а не обрнале внимание бидејќи се фокусирани на новиот член.
     
    На sunmoonstars, Kaetana, Tinushka и 7 други им се допаѓа ова.
  2. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.478
    Одлична тема.
     
    На mimidjon и Eli23 им се допаѓа ова.
  3. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.962
    Eve jas da pisam i vo ovaa tema koja mislam deka e soodvetna za moeto prasanje, vprocem bravo @Eli23 za temata :*
    Vekje 2 dena me boli levata strana dolu nisko kaj stomakot, bolkata e kako koga bolat jajnici od prehlada, ete taka nesto, odobeno e pointenzivna koga sednuvam, togas me zdoboluva bas i toa samo od levata strana. Vcera stavav toplo sise na mestoto, se napiv 2 pati paracetamol i nisto, denes pak me boli i se napiv antibiotik koj mi bese prepisan od doktorite sto me poragjaa vo bolnica koga si odevme, trebase da prodolzam da gi pijam nekoi 5-7 dena ama jas procitav vo upatstvoto pisuva deka ne se pijat za vreme na doenje i strav me fati deka dojam i ne gi ispiv ama denes od maka rekov daj edno da ispijam od tie pa moze kje mi pomine. Pred 2 casa ispiv edna tableta pa da vidime dali kje pomine malku od malku.
    Ako ne pomine da odam na ginekolog? Da me pregleda moze nesto e so jajnicite ili mokrava da napravam da ne e nekoja infekcija na mocniot meur.. ..so znam sto bi mozelo da bide, eve vekje 4 sedmici kako sum porodena i seuste imam krv po malku kolku da mi ja izvalka vloskata dnevno....
    Dajte nekoj sovet
     
    На Eli23 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    13.237
    Допаѓања:
    223.803
    Одлична тема Ели.
    Јас сум природно породена пред скоро 5 месеци и како Калиас сеуште чуствувам повремени болки во долниот дел од стомакот. Некаква здрвеност..
    Мислам дека кога со вакуум го вадеа детето, имаат оставено последица. Уствари не знам што се правеа со саати доле, не се сеќавам.
    Вчера и јајниците ме наболуваа па исто како калиас ставив топло врз стомакот.Не знам дали е пворзано со пораѓајот, настинка или поради доење што сум пола ден со подигната блуза (facepalm).
    Крварев еден месец а менструација ми додје после 4 месеци.

    40 дена после пораѓај бев на преглед каде потврди дека се е во ред и даде зелено светло за останатите активности, но добивам впечаток дека процесот на опоравуавње сеуште трае.
    Нареднава недела сакав да направам нов термин.

    Инаку 2 недели не можев да седнам од болки поради шиеното. Покасно тие се намалуваа и исчезнаа.

    Детето повеќе од месец, а може и повеќе со огромни болки го кревав бидејќи ребрата ми беа натиснати, повредени, како последица од пораѓајот.
    Секое крени/спушти од кревет беше како нож во грб.После вториот месец дури исчезнаа оваа болка.

    Првите три месеци ако клекнев на земја, не можев без помош од некого да станам.

    Првиот месец преживував со болки, а вториот почнав да живеам со нив :rofl:.
    ОД третиот веќе само се чуствував здревана цела...чуство кое сеуште го имам.

    Со секој одминат ден верувам се повеќе дека наредно царски ќе го одам. За мене беше пораѓајот хорор.
     
    На tanja manja, only44you и Eli23 им се допаѓа ова.
  5. mama89

    mama89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2015
    Пораки:
    1.019
    Допаѓања:
    9.324
    Пол:
    Женски
    Браво @Eli23 за темава...ме болеше грбот многу но сега нее толку...а ранава од царски не ме боли освен вчера и неќна тоа викаат дека времево се сменило затоа :) психички почнувам да се прибирам и да се привикнувам дека сум мајка и сега на прво место ми е синот :) и мн ме нервира улошкава девет месеци ја одвикнав :)
     
    На danichap, Bebulleee и Eli23 им се допаѓа ова.
  6. Eli23

    Eli23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    1.931
    Допаѓања:
    23.549
    Пол:
    Женски
    Дани јас еве со царски, па за второ се надевам природно да се породам.
    Скоро месец дена помина од царскиот, раната ме боли секој ден. Боцка и пече чат пат. Дали јас многу брзо почнав да си работам низ дома...А и бебето редовно во раце и тоа е тоа.
    Не пијам јас ништо за болки.
    Може една чапка вино да бапнам ноќеска. :rofl: Само проблем е што виното на кока кола ме тера.

    Калиас јас болки во јајници немам, ама затоа шиеното боли.

    Исто, стомакот што си надвисна го осеќам како туѓ на допир.

    Мама89, дали се менувало времето или не, јас секако имам болки. А психички се соземав. Чарето било да удриш на шопинг за бебуш, и така дома седиме, порачувај преку нет.
     
    На danichap и mama89 им се допаѓа ова.
  7. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.962
    Ufff mene uste me boli ova bre sto kje bese, stvarno ne znam :(
    Drugi bolki fala Bogu posle poragjajot nemam, za razlika od prviot poragjaj sega ovoj e se polesno, pobrzo se porodiv, sienoto dolu uste vo bolnica mi pomina i mozev uste odma da sedam, za razlika od prviot poragjaj koga 2 nedeli kako na silci da sedev i taka da vi kazam deka vtoriot e polesen od prviot, a pa tretiot nema ni da zabelezime koga kje rodime :D
     
    На Eli23, danichap и irenna им се допаѓа ова.
  8. Eli23

    Eli23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    1.931
    Допаѓања:
    23.549
    Пол:
    Женски
    Мама и јас уште крварам по малку. Се надевам барем нема да добијам подолго време. :D
     
  9. eatpraylove90

    eatpraylove90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2015
    Пораки:
    550
    Допаѓања:
    855
    Пол:
    Женски
    Se poridiv carski i bolkata pri prvoto stanuvanje bese pekol. Bolkata pri stanuvanje traese uste 4/5 dena otkako si dojdov doma i posle toa se izdrzuvase :)

    Za majcinstvoto mozam da kazam deka me promeni, me ispolni i me napravi mnogu smirena, nasmeana i najsrekna licnost :inlove:
    Posle 40dena pocnav da si gi vrsam site domasni obvrski i da se opustam vo cuvanjeto na sin mi..Imav pisano vo edna dr tema za toa deka na pocetokot mnogu se plasev da go oblecam sin mi, da mu smenam pampers, ne go banjav..Bukvalno samo go doev i go guskav, baknuvav..se ostanato pravese svekrva mi. No posle mesec dena se se promeni, stravot i panikata pominaa :)
    Ranata veke ne ja ni xuvstvuvam kako da ne sum secena, siena. Ali zatoa kicmata od spinalnata na sekoja promena na vreme mi reagira i uzasno boli.
    Kako i da e site bolki, sve se izdrzuva koga denot ke mi zapocne od 6h nautro so edna mila nasmevka i edno GU :inlove:
     
    На Sandra 141, mama89, Mariangel и 2 други им се допаѓа ова.
  10. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    13.237
    Допаѓања:
    223.803
    И мене ме вие местото каде беше епидурал. Барем да беше безболен пораѓајот, да не е болкава одпосле за џабе.:(
     
    На Eli23 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.548
    Допаѓања:
    17.881
    Пол:
    Женски
    pomina 1godina I 9/10meseci od kako se porodiv so cerkickata.
    od kako se porodiv bidejki bese pred vreme rodena malata psihicki se uste ne sum zakrepnala,mozebi nekoj ke si kaze ma pomina dosta vreme ali stvarno se uste vo glava imam detali od toj den.
    porogaj kako porogaj se porodiv prirodno bolki se znae,osven toa bolki sto znaev deka malata nema da e vednas do mene ;( tesko mnogu tesko.

    pomina nekolku sati pa mama morase so kolicka da odi do malata nemozev da pesaca oti bev dosta dosta siena.
    januar mesec kade vrne I e mnogu ladno od kako me pustija od soba morav da pesacam okolu 20minuti na tie dozdovi so bolki vnatresni I nadvoresni.
    I den denes custvuvam malo peckajne kaj sto sum siena a vnatre seuste imam del od tie dva meseca so site tie doktori,monitori pip pip pip toj zvuk...

    se na se sekogas ke se sejcavam na tie denovi I za krajot da bide pozitiven :) koga ja gledam cerkickata vesela kako trca I igra se drugo ama se ke mine :l: :)
     
    На buba4e89 и Sunshine_1979 им се допаѓа ова.
  12. Miss.Sweet

    Miss.Sweet Популарен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2011
    Пораки:
    875
    Допаѓања:
    3.405
    Исто Дани дури и кога ќе се допрам на местото кај што ми пуштаа епидурал ме наболнува :(
    Инаку застанав на нозе 1 саат по пораѓај. Морав затоа што ми се одеше во ВЦ па и се туширав.Се пораѓав природно а на крај користеа вакум за да не спасат и мене и бебето :( Сабајлето по пораѓај не ми го донесоа бебчето и ми рекоа дека може ако сакам да станам и да го видам. Мислам дека трчав до кај него а имав страшни болки пошто распукав - епизиотомија.
    Нормално почнав да седнувам после 5 дена бидејќи заглавивме во болница со жолтица. Беше тешко и многу болно но издржавме. Посебно првото менување пелена по бањање на малото. Мислам дека како се наведнав не можев да се исправам. Но помина.
    Крварев 2 недели доста обилно. После тоа немав речиси ништо. На прва контрола по 6 недели од пораѓај ми кажаа дека е се во ред. Оваа недела ќе одам на редовен преглед па ќе видиме што е како е.
    Доста често знае да ме боли кичма, но поминува чим ми се насмее синко :) Последниов месец осеќам ко да ми пулсира стомакот не знам зошто. Некој со вакво искуство? За да се соземам по пораѓај ми требаа 2 недели.Имав помош од сопруг, свекрва и мајка. Се менуваа најизменично. Во ниту еден момент не ме оставија сама со малото затоа што имав тежок и трауматичен пораѓај.По тие 2 недели си работев се.
    Првиот секс беше по 2 месеци од пораѓај и бев уплашена, но беше солиден :D
     
    На Sunshine_1979 и danichap им се допаѓа ова.
  13. Eli23

    Eli23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    1.931
    Допаѓања:
    23.549
    Пол:
    Женски
    Исто, од кревет кога станав прв пат ми се сврте во памет од болки. Среќа сестрата беше до мене.


    Во болница останав 5 дена. Кога ја кревав малата во раце мислам никаква болка не чувствував.
    Вториот ден после царскиот ми ја донесоа во креветче и си се дружевме цел ден.
     
    На eatpraylove90 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Eli23

    Eli23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    1.931
    Допаѓања:
    23.549
    Пол:
    Женски
    Јас првите 2 недели не сакав никој да видам. :D А тука беа истите луѓе за помош.
    После 3 недели почнав да работам по дома, и тоа почнав со правосмукалката низ дома. Прво сефте. :$:)

    А женички, контрола после пораѓај правевте кај матичен или на клиниката кај што сте се порпдувале?
     
    Последна измена: 22 ноември 2015
  15. MilaP

    MilaP Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2015
    Пораки:
    2.143
    Допаѓања:
    53.015
    Пол:
    Женски
    Pred 3 godini go rodiv moeto sonce so carski (iskreno neznam zosto go vikaat carski koga nema ni "c" od carski).
    Stanav prvpat so pomos na sestra posle 24h,imav starsna glavobolka,ranata me bolese no od lekarstvata mi pominuvase bolkata na stomakot no ne i na glavata,mislam deka 5 dena ne prestana ni 1 minuta a da ne me bole.Vtoriot pat stanav da gi zamolam da me odnesat kaj sin mi (koj se rodi sedmace so zdrastveni problemi) imav strasna vrtoglavica,narednite stanuvanja mi bea polesni.Posle 1 nedela nemav problem so ranata odvreme navreme znaese da zaboli no nisto strasno,no zatoa polovinata i den denes od anestezijata me boli.
    Krvarev 2 nedeli,menstruacijata mi dojde posle 1godina.Po doma gi izvrsuvav najnormalno obvrskite posle 2 nedeli,no bev dosta tazna zasto sin mi go ostavivme sam da lezi vo bolnica i stanav mnogu depresivna,koga pocna da cica me primija povtorno vo bolnica i mislam deka se prerodiv vo toj moment.Posle 40dena bev na kontrola pap test,brisevi se bese uredno.

    @Eli23 Kaj maticen se pravi kontrola posle 40 dena.
     
    На girl-miri и Eli23 им се допаѓа ова.
  16. kristina.k

    kristina.k Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    3.662
    Допаѓања:
    16.873
    Пол:
    Женски
    Јас со царскиот многу лесно поминав во глобала, спиналната не ја почувствував во боцкањето ниту после тоа имав главоболка или вртоглавици. Раната ми е неколку сантими и е под линијата на гаќите дури и подолу и е ласерски залепена. Пораѓајот траеше некои 15 минути, малку потешко го извадоа бидејќи беше многу горе. После тоа прв пат станав на многу кратко по 8 часа. Прв пат убаво застанав на нозе за да ми го извадат катетерот и да се истуширам со помош на сестрата по нешто повеќе од 24 часа. После тоа сама станував за во вц цел ден и мислам тоа ми помогна многу. Не дека немам болки кај раната, имам и денес, ама се правев уште од првиот ден дома ко дојдовме. Крварам уште ама многу слабо.
    Е сега кај мене најголем проблем беше стравот, 2 дена пред пораѓај кога ми правеа анестезиолошки преглед на екг пулсот ми беше 160. Исто и на пораѓај, затоа сум презадоволна од анестезиологот цел пораѓај зборувавме ми кажуваше како сме јас и бебето, до кај е пораѓајот и ми ја следеше состојбата.
    Сега сите тие проблеми со пулсот со дишењето и слично ги немам, дури ми се спушти на 70.
    И за второ да можам да бирам најискрено би одбрала пак царски, ама пак на приватно да имам можност, баш царица бев 5 дена.
     
    На Mariangel, ♡BuBaLe♡, m.i.g и 3 други им се допаѓа ова.
  17. eatpraylove90

    eatpraylove90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2015
    Пораки:
    550
    Допаѓања:
    855
    Пол:
    Женски
    Tie sto se carski...
    Koga pocnavte so depilacija na intima? Mojot rez e mnogu nisko dole, epten nisko i pocnav so bric ali mi e strav mestoto ne go osekam i se plasam da ne se isecam nemam oset kolku dlaboko da povlecam :wasntme:
    I neznma dali tuka da prasam ali neznam dali e normalno da imam bolka pri seksualni odnosi :(
     
    Последна измена: 22 ноември 2015
    На Eli23 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. m.i.g

    m.i.g Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.023
    Допаѓања:
    5.183
    Пол:
    Женски
    Isto kako jas da sum go pisuvala I sega ic ne mi e krivo sto zavrsiv na carski, prelesno pominav I za vtoro sigurno pak na istoto mesto ke se poragam I pak so carski oti bas ne tretiraat kako carici :P Jas sum 2 nedeli porodena ama nemam voopsto nikakva maka, krvarenjeto zavrsi .... dosega sum super
     
    На Mariangel, blessed2, kristina.k и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. MilaP

    MilaP Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2015
    Пораки:
    2.143
    Допаѓања:
    53.015
    Пол:
    Женски
    Jas posle 3-4 meseci.Moze nekoi porano da se izdepelirale no mene mi bese strav.Za odnosi soznam,poveke mi bese strav otkolku bolno,moze zasto se stegav i mislev ke mi se otvori ranata,filmovi eden kup si pravev (facepalm) , no brzo se vrativme vo normala :$
     
    На Mariangel, eatpraylove90 и Eli23 им се допаѓа ова.
  20. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.526
    Допаѓања:
    35.242
    Пол:
    Женски
    Породена сум природно, со епизиотомија која додека беше рана никогаш не ја видов, едноставно не сакав, па маж ми превзема одговорност првите три недели да ме прска со спреј. Првите два дена во болница се осеќав како исцеден лимун, немав снага за ништо, додека се туширав морав да се придржувам да не паднам, но сепак бев на нозе и многу и помагав на цимерката која беше со царски. Најголемата мака ја видов третиот ден кога надојде многу млеко, градите ме болеа и незнаев убаво да одмолзам, а баш тој ден ни рекоа дека не задржуваат уште еден ради жолтицата и плус го земаа бебето на терапија и неможев да и дадам да цица. Таа ноќ станував на 2 саати да се одмолзувам и буквално си плачев од мака.

    Поради раната седев на страна првите две недели, но уште две ја осеќав незаздравена. Крварев 40дена, па бев на преглед кој патем доста ме болеше внатрешно. Менструацијата дојде после 5 месеци. Со односи почнавме после 2 месеци но имав големи болки па не форсиравме. Сексот беше нормален дури после шестиот месец.

    Домашни обврски не се ни сеќавам колку месеци не обавував, тоа го правеа бабите во прво време, па превзема маж ми.

    Психички бев премногу стабилна, не бев воопшто променета од претходно. Бев спремна на се што ме очекува и среќа се погоди да имам многу мирно бебе и лесно за гледање :)
     
    На tanja manja, okcenzi, Kaetana и 2 други им се допаѓа ова.