Не пуштија, не сончаа 3 дена, антибиотик 5 дена. Сега се навикнуваме, пишав и погоре, малку ми е стресно. Ќе бидиме добро.
Кај нас направија, пред мене го измери. Сигурно направиле и процениле дека е во ред, не се грижи за тоа. Ти за млекото ставај го често на цицка, тоа и самото ти бара, така створила природа за да може да ти надојде добро. Бебето стимулира, мајката добива млеко. А за во креветче пробај прво откако ќе цица или пие ад, секогаш кога ти е легнато во скут да ти е покриено до ќебенце. Бебињата сакаат топличко, меко ќебенце, тоа им дава повеќе поспаност. И откако ќе заспие така повиено го префрлаш во креветче без нагли потези за да не се штрека и така како стуткано да е во рачињата. И можеш маалку на странично завртено, да не е ептен на тил легнато, ем ради главчето ем ради положбата за удобност. Тоа е, овој воведен период ќе се трудиме и ќе експериментираме.
Не е утеха ама не спиеше ич моето, затоа и 4 год подоцна имам несоница... Цела ноќ почна да ја спие ко направи 2 и пол години. Само броев прво денови, па недели, па месеци колку не спие, на крај години се направија.. Рано е уште тоа не разликува ни ден ни ноќ сега, ќе си фатите ред полека. А в креветче не легна до година и пол
Како ќе биде ќе видиме, само здравје, да се стабилизираме малку. Ми се повраќа од стрес кога ќе помислам на синоќа.
Со апаратче на челото му мери. 11, 5 мислам беше. Инаку за стресот од вчера шо ти бил, знам како е. Јас сум мајка на штрек. И со првото дете, дури беше новороденче, многу се осеќав како да не сум јас. Тоа на 2 3 часа се будеше, тоа е нормално, за да пијат и да пркнат. Ама јас од стрес колку ќе спие вечерва, дали јас ќе можам да заспијам итн, не можев да заспијам да искористам дремка дури спие тој. Ептен бла чувство. Само го чекав да се разбуди, не можев да се опуштам да заспијам. И сега ми е така, џабе б6. Ми се регулира околу 4ти месец, фатив некој ред прво со себеси па и со бебе.
@Lina-Detelina , не знам колку конци имаш, јас со мал засек и 2 конци, премногу тврди ми беа креветите, одвај седев на моменти во болница. Имав непријатно чувство, па и болка на шиеното. Бидејќи воопшто не добив млеко во болница, за ноќе не ни го оставаа бебето со мене. А наутро веќе нахрането го носеа, така да и немавме опција многу со цицање да се пробуваме. Плус јас со вовлечени брадавици, бебе мало и така. За спиењето можеби дека помало, можеби е такво бебето и во болница спиеше и дома спие многу. Редовно е во ќебенце завиткано или во вреќа. Плус имаме помало креветче за во дневна, Joie Kubbie, и можеби како повеќе заштитено се чувствува во него. Сепак засега со спиење нема проблем. Веќе е 99% на адаптирано млеко, на 2,5-3 часа и само тогаш се буди.
Не можам и јас да спијам, нон стоп си претка. Денес барем додека спиеше можев, ама јас ја гледав постојано. Инаку црвенка ми е на лице, дали е од сончањето или јас си наоѓам нешто не знам.
Кај мене мајка ми идеше секој ден до 3 месеци и до 12 седеше, па успевав малку да поспијам по 2 сати, ќе го надоев и ќе легнев мајка ми го чуваше 2 сати, па ме разбудуваше за доење, ко во транс бев, иначе за спиење го повивав во пелена да не мрда со рачињата и поубо спиеше.
Мене ми излегоа, лом сум, плус ме чешат дури и си раскрварив неколку, ми рекоа дека за сега не можам со ништо да ги решам и додека после ако дојам, после тоа ако не се повлечат ќе ми дадат упат за дерматолог. Многу се напорни.
Може ќе ти помогне Магнолија на инстаграм. Некои од нејзините совети за лицево ги следев па ми помогнаа. Е сега кога ќе и пишеш може нема одма да добиеш одговор ама за некој ден ќе ти пише. Советите и се бесплатни. ништо не би изгубила ако може да ти помогне
@1209 Прашај ја, само да не го земаш маслото за брадавици од You & Oil ако ти го препорача, врска нема. Го имам и воопшто не помага, никаква разлика не ми направи на две брадавици што ги имам на вратот. За нив ако не ти поминат, ќе треба можеби горење со течен азот или мене еден дерматолог ми го фати, ми го откорна и ме намачка со јод. Една така ми се дрпна малку, па се исуши и падна.
Дали некоја ставала појас по породување, за затегање на стомакот? Дали би помогнал малку да се стегне? Еднаш кога ја прашав Мери на инста, уште по првата бременост пред 3 години скоро, беше поминат месец и пол од породување, и таа ми рече дека веќе е доцна за појас. Па сега ако има шанса за враќање со помош на појас, да го искористам периодов. Докторите во Плодност ги прашав, велат како сакате.
Е што и Се затегна стомакот малку,не дека ми се направија стомачни мускули Го носев до вториот месец и после го баталив,изгубив навика,а и ми сметаше. Ми остана стомаче под папок.
Колку време од епизиотомија сте користеле мрежести влошки? Јас ги користам една недела откако сум породена, ама ми пробиваат па си викам да преминам на обични. Плакнам често, ставам банеоцин прашак и имам едно конче како да виси. Што ќе се случи со него, ќе падне?