Ќе си падне кончето. Немаш потреба од банеоцин. Пробај стави обична,ако ти е удобно носи си такви слонодно. Мислам дека после 6-7 дена и јас ставав обични. Претходно некако ми се лепеа и страв ми беше.
Јас мидер носев и ми помагаше за кревање за бебето не осеќав болка никаква. Стомакот ми се врати во нормала ништо не ми виси нај нормален си е.
@Lina-Detelina , како сте со спиењето? Се навикна бебе на креветче? За влошки носев некаде 10тинс дена со мрежа, па преминав на стандарди, памучни. Имав заостанати од пред бременост Libresse, меѓутоа тие ми предизвикуваа чешање. Сега земам Sleepy. За стомак и во бременост немав голем стомак, се здебелив 9кг некаде, сега сум со 1+ од пред бременост. Стомак скоро и да не ми се познава. Делот под папокот ми е како помек, поголем ама се надевам кога ќе затопли со повеќе пешачење и физичка активност ќе се среди. Ова за после природен пораѓај. Дали мидер се носи само после царски или и после природен пораѓај?
Мидер гаќи мајка ми ги зема од зелен пазар само и таму имаше таков. Долен дел кај резот памучен и 1 прст над резот се гаќите после оа како мрежесто беше нагоре ама баш стискаше и доаѓаше до под гради скоро. Едина маана е што кога ќе го соблечеш ќе се осеќаш како некој да те тепал по стомак и грб дека си стегната константно али како викаат "трпи бабо за убавина" ама ова е први 3 недели после тоа немаш гајле. Можеби тебе и нема да те боли. На помпеа не ти препорачувам зошто не стегаат и многу се ниски.
Пенти ѕирни види дали имаат. Они се покавлитетни. Ако носиш само мидер што не е памучен ќе треба врз гаќи памучни да го носиш. Кај и да живееш види на пазар во твојот град дали има. Обично по пазарите имаат такви мидери.
Јас носев од Сара Фешн, ама ми беше од поодамна купен, пред повеќе години. Со ногавици и баш висок горе, скоро до под гради, убаво ме затегаше. Почнав 1 недела откако си дојдов од болница, значи 10 дена по пораѓај, одма ми се собра стомакот. @Lina-Detelina јас уште кога си дојдов дома по пораѓај си облеков нормални гаќи и ставив обични влошки. Ме нервираа мрежестите како гола да бев се осеќав. Конецот мене во болница ми падна, не го ни приметив точно кога падна. Докторите на визита видоа дека е паднат.
Јас најдов еден мидер, не е памучен, еластин со најлон Поголем број зедов. Ми доаѓа над папок и стомакот ми се поткрева и потсплеснува и стега. Така треба да изгледа?
Не знам што материјал е мојот, во фиока ми стои не го имам од тогаш користено, 2 и нешто години ама така да, баш стегнато се осеќаш.
Женски, вие со спонтано породување, дали осеќате како пецкање на усните долу, при мочање? Како нелагодно чувство на пецкање, печење само на усните @gothchick @Lina-Detelina ,
Јас носев појас одма после пораѓај. Мене стомакот со првата бременост не ми остана, некои викаат оти као помлада сум била затоа ама може врши некоја работа вистина. Со второво ќе носам пак.
Не, на почеток имав такво чувство. Сега ме потчешнува повремено, не знам дали здравее така. Ти чувствуваш чешање? Не интензивно, на моменти.
Здраво, 17 дена после природен пораѓај имам како пецкање долу досега немав никаква болка и такво чувство... дали е нормално? неколку конци и ми паднаа
Што вклучува прегледот после 40 дена од пораѓај? Матичниот ми рече да појдам после 40 дена на контрола. Дали тоа ќе биде само ехо или и преглед на епизиотомијата? 3 недели откако се породив, крварењето речиси ми запре, сега имам многу бледо кафеаво, речиси жолто. Дали е тоа нормално? А на моменти на бришење има и крв.
Јас сум 20 дена, крварев, почна жолт исцедок и сега се врати пак на крварење само ептен минимално. Јас веќе бев кај матичната на 2 недели пост пораѓај и ми рече до 40 дена да очекувам све, да запре да се врати, менструални болки, матката уште не е вратена и има уште течност внатре. Мене ми ја провери раната и заради мирис ми зема брисеви инаку на ехо преку стомак ја провери матката.
И чисти се брисевите? Дека и јас како мирис имав. Инаку две недели крварев, сега имам бледо жолто, светло кафено, сѐ тоа е нормално.