Мојта матична е толку агилна што уште не знам резултат. Јас имав лош мирис и јак, ми даде како да се средивам хидроген, бетадин и октанисепт и од одма исчезна мирисот и почна побрзо да заздравува.
Како сте со крварењето? Породена сум со царски рез пред 27 дена. Првите 5 дена имав онака пообилно крварење после следните 20тина дена онака точкасто. Веќе два дена имам крварење обилно како менструација и чудна боја темно кафено , а ми излегуваат и како парчиња црн дроб. Дали е тоа нормално да намали крварењето па повторно пообилно?
Нормално е, јас најобилно крварев при крајот, а крварев 2 месеци. 2 и пол месеци после царскиот добив циклус.
Zdravo na site mamichki Porodena sum pred 7 meseci, prv pat sega mi se javi muskulna bolka od desnata strana kaj karlichnata koska (lopatkata) i ja osekjam samo pri dvizhenje... ne znam dali e normalno, koskite li si doagjaat na mesto, da ne imam istegnato neshto pritoa, seushte chekam ciklus. Ve molam spodelete ako nekoj od vas imal vakvo iskustvo, blagodaram <3
Девојки, три и пол месеци после пораѓај, едвај вратив килажа. Бев преслаба, едвај качив две кила. Башка и пијам Тирозол. Ама се гледам во огледало и се плашам да не сум болна од нешто....:/
15 месеци после пораѓај, јас сум 48кг. Останав трудна со 46. Ако си била и претходно слаба, не знам зашо би се плашела дека си болна.
Мајки да ве прашам дали некоја имала искуство со секојдневно лесно крварење? Веќе не знам што ми е менструација, што овулација, со улошки сум секој ден. Породена сум со втор царски пред 5 ипол месеци, добив после 40 дена и досега ми беа нормални и редовни ама еве последните два месеци си имам стално некое крварење. На преглед ќе одам за 3 недели.
И јас сум така. 13 дена веќе како "имам" по малку е, ни си да не носиш влошка ни си да носиш, нервоза ме фаќа веќе. Звонев на матичниот ми рече нормално било бидејќи дојам ми рече во понеделник дојди на преглед.
Некоја мала циста имало кај и да е требало да пукне и затоа мислам сум крвавела, не е ништо страшно ми рече, ако не помине за 5-6 дена да одам пак. Ти имаш сеуште?
Имам да, вчера свежа крв беше мислев дека добив ама денеска пак е кафено, плус апликацијата вика уште 9 дена до мензис. Не знам што е ова.
Мајки, крварењето скоро ми престана до пред некој ден имав само жолто-белузлаво. Овие два дена пак почна свежа крв. Седма недела сум после породување. Дали е ова нормално?
Исто и јас, слабеам многу брзо. Останав трудна со 60 килограми, се породив со 65, на 13 март, а сега сум 55 килограми. Мислам дека е до генетика. Така нагло ослабнав и по првиот пораѓај
Zdravo,dali imate ispituvano krvna slika za kratko posle poroduvanje?Porodena sum pred edna nedela,so epiziotomija i sedimentacijata mi e 70 pa ne znam dali e normalno ili ne..