Јас испитував бидејќи пиев антибиотик по пораѓај(не знам зошто,не добив објаснување само дека се покачени леукоцитите). Тогаш вредностите беа горе доле ок,освен триглицериди и холестерол кои и во бременост се покачени. Исто така и седиментација во бременост не се испитува,бидејќи дава покачени вредности,можеби сеуште не ти е стабилизиран организмот,ако сите други вредности се во ред.
Денес рутинска контрола и во ред е се. 2 месеци после породување. Рече можно е уште малку да имаш подкрварување да се доиспразни матката. За сега имам жолт исцедок. Јас заборавив да прашам за линеа нигра кога ќе престане да се познава а исто и папокот ми е цел таков пигментиран личи како валкан. Дали знаете дали тоа ќе се повлече? И ми беше срам да прашам за односи Кога за прв пат сте имале после породување?
Је је, не се секирај. Ќе се среди После првата контрола, кажа докторката се е супер. Јас и порано сакав ама мојов се плашеше дека ми се изместени органите Не знам зашо, не прашувај
Мене долго ми стоеше цртата, не се повлече за брзо, можеби година дена стоеше. Полека обледнуваше. Не ми текнува баш точно до кога се повлече. И папокот ми беше темен, и тој исто така долго време беше таков.
После 7,8 месеци ми се повлече линеа негра, сега со второво ја немам, можи и покасно па да излези. Односи негде после 2 месеци од прилика после царски.
Крвна слика после пораѓај со ниско железо. Само витамините ги продолжив, па за неколку недели да проверам пак. На гинеколошки преглед, се во ред, вратено во нормала. Дури и циклус и нова овулација. Е сега колку физички се пазите после пораѓај? Кај мене поминати 2++ месеци, од старт со само 1-2 конци лесно функционирав. Без проблем. Сега некакви филмови добива свекрва дека не требало да кревам тешко, таа да вадела алишта од машина, па бебето со транспортер било тешко, таа да го носела в кола. Реално си функционирам сама од прв ден, сама си излегувам со бебе и ни транспортер ни ништо не ми било тешко и проблем. Нејзиното навалување ме гуши, тоа е друг муабет ама од друга страна си викам пак да не треба повеќе пазење во секој случај.
Со првото скоро година се познаваше, бледеше многу споро. Со второво, скоро и да немав ептен бледа само и побрзо исчезна. Односи, двата пати, после 6 недели+/-некој ден.
11та недела после пораѓај сум. Вчера на бришење имав свежа крв по малку. Болки немам никакви. Се проверив долу вагинално, имам нешто проплазено како тенко мевце крваво, ама не испаѓа. Што може да е. Дали треба да испадне. Или е нешто пролабирано? Да требаше да испадне ќе испаднеше од вчера си викам. На преглед бев пред 2 3 недели на ехо беше се ок, вагинално не ме прегледа.
Најдобро да одиш пак да се провериш,кај мене после порагај кога има и најмала промена обавезно го контактирам гинекологот за да не си нагодувам сама.
15 недели после природно сум. Бев и на тој постпартум преглед и се е во ред само воопшто енергија немам, сила никаква. Земав некои витамини да пијам. Косата веќе 3 недели како почна да ми опаѓа, ако продолжи вака за пар месеци ќелава ќе бидам
Косата ќе паѓа одреден период после ќе почне да расте па ќе бидеш со антени и така За енергијата види железото да не ти е паднато. Јас едвај се влечев па испадна тоа да ми е ептен ниско
Ќе одам секако, денес немало простор за утре ми рече сестрата. Мислев да не има некој со слично искуство.
Друго да прашам јас Има ли некоја и после 9 месеци од пораѓај да се бори со главоболки? Значи секој ден, нема промашај, главоболка ко стегање, ко притисок од внатре некој. Се убив од мерење притисок секој ден по 100 пати таман си е
Породена сум пред 11 дена, неколку дена имав температура сите викаа од градите мене ми беше на мисла и отидов на преглед, таму видоа дека имам уште течност во матката, докторот се обиде да ме смири добив терапија, антибиотик поради високо црп и плус капки да предизвикаат затегнување на матката да се исфрли течноста, демек нормално било после трето дете, послаби биле мускулите ама мене сеуште ми е страв не сум мирна, на контрола сум во вторник освен недај Боже ако качам температура да одам било кое време, имала некоја така течност во матката, за колку време се стабилизира сето тоа?
Дали ви паѓа сеуште косата? Мене ми многу паѓа скоро 10 месеци како се породив и сеуште паѓа. И пред бременоста многу ми паѓаше скоро останав без коса откако останав бремена цела коса ми се смени, влакното цврстината и ми се згуснат дури
Дали некој се соочува со мачнини гадење после породување. Мислев да не е од целосната анестезија но еве сега 7 ден ми е си чувствувам мачнини гадење само што не повраќам. Го прашав гинекологот вели не е поврзано со анестезијата и царскиот