Татко ми после операција беше така со мачнини ама и повраќање од анестезијата амаа јас после пораѓај ( природно) бев гадење на храна и губење апетит, мачнини и тоа траеше 2 недели сигурно. Така да, можни се и двете опции.
Второродки јавете се. Дали после пораѓај сте имале јаки контракции на матка? Значи почнаа да се сптен јаки.. со првото немав, ме убедубаат дека сум имала ама по слаби, после секој нареден пораѓај биле поболни, еве не памтам.
Честитки мајка, да ти е жива и здрава ќерќичката!. Ова за контракции после 2 пораѓај го памтам од сестра ми, она две има родено природно и знам ептен се жалеше дека после вториот пораѓај многу силни контракции во матката имала далеку поразлично од првиот. И на неа исто и рекоа демек секој следен пораѓај биле поболни. Не знам колку е точно. Со лесно и побрзо опоравување.
@Maca Macka епа тоа е тоа значит во ред е, оти наликуваат на контракции како во почетна фаза на пораѓај, првиот ден немав ама овие два дена присутни се. Добро е што одам супер во вц хаха барем тоа да не се мислам.
Со првиот пораѓај првите неколку дена беа стварно болни при секое цицање, нормално е заради хормоните и лактацијата, така побрзо се контрахира матката и се враќа во нормала. Дури на лошење ми доаѓаше, неубаво чувство. Потоа се смири. Сега за второво ќе видиме како ќе биде.
Девојки се породив пред три недели, денес правев крвна слика и седиментацијава ми е 33 леукоцитиве 10, дали сметате тоа е поради што сеуште сум тазе или ?
Треба време да се вратат во нормала, мене две недели после пораѓај ми беше 80 седиментација, после 10 дена ми се спушти на 20, доктор ми кажа дека е сосема нормално
Пак јас, паника левел 100. Сега приметив огромна грутка, величина на слива на влошката. Дали е нормално? Дали е заборавен дел од постилката? Опасно е? Око сега не ќе склопам.
Мене при туширање ми падна грутка колку портокал . И тоа тропна ко 5кг да беше. Прашав и нормално било.
Здраво, сакам да прашам вие што се имате породено природно со второ детенце дали е полесно пораѓањето и закрепнувањето потешко како што велат?
Полесно не е, туку кај мене беше по краток процесот, а болките се тие, закрепнувањето беше полесно вториот пат, контракциите постпородилни се посилни ама не е страшно тоа.
Здраво на сите, породена сум пред 2 месеци (царски) вечерва прв пат имавме односи и после тоа почнав да крварам (количински не многу како циклус но силна црвена боја) и осеќам слаба болка а матичната не ми се јавува не знам што да правам. Дали ви се случило такво нешто? (Престанав со крварење, чистење пред 10 дена)
Жени немав епизиотомија ама сум пукнала малку. шиена сум ама дали лошо сум шиена доле имам како три израстоци. мислев хемороиди се. ќе се повлечат ли ? или така ќе ми остане доле некој со слично искуство? инаку веќе не ме боли раната одма заздраве. ко да немам родено. @Bubish26 и јас со првото немав ништо . а со ова и јас имав контракции болни после пораѓај. сега веќе немам.
Колку крварите после пораѓај? 10 ти ден како сум породена, доста крварам. Повеќе од првиот пат. Во болница бев 7 дена, и само по 2-3 влошки вир менував таму/ дневно. Како си дојдов дома, еве 3 дена баш имам крварење, да не речам обилно, ама ме изненадува. Дали бидејќи повеќе се движам, незнам. Породените како е кај вас?
Кај мене на визита ,на втор ден од пораѓај докторката рече да ме боцнат со ерготил. Од тогаш помалку крварам.