Да, царски, мене здравје ќе ми прави и пап после пораѓај оти требаше да ми прави сега, ама дека влегувам во 9ти месец рече ќе направиме после пораѓај.
Јас не сум со епизиотомија, ми рекоја дека само површински сум испукала, имав само едно конче. При односи имав многу болка првите неколку пати, и јас мислев дека ми е од тоа. После тоа си се среди. Ако трае подолго време, посети гинеколог.
Да, јас. Мислев никогаш нема да помине тоа чуство. Го мразев моментот кога маж ми ќе се обидеше. Не ми доаѓаше на памет.
Посети гинеколог, јас посетив после 2.5 мес од пораѓај дека ме болеше, му кажав што како е, како ме стисна точно на местото и ми кажа дека многу ми биле затегнати конците, вика ќе пушти ама за да пушти редовно односи
Малку офтопик ама едно прашање Кога се издепилира после пораѓај - пред или по првиот преглед на гинеколог?
Веќе две години не се депилирам туку се бричам, ради тоа што имам високоризичен ХПВ и ради пусти страв од инфекции и уплав од вирусов престанав да идам по салони за депилација Инаку мислам дека зависи до тоа дали си закрепната целосно, мислам дека треба убаво да зарасне раната тоа све па после депилација, не сум паметна, јас еден месец имав болки и реакција од конците кои ми паднаа после месец дена... секако не би отишла несредена на преглед јас
Не. Затоа што јас имав уште "гасови" и осеќав дека ми е уште пошироко него што треба, докторот ми рече после 6 месеци се враќа во нормала се, тогаш со вагинално ехо преглед, на 40 дена абдоминално.
Кога почнавте да носите мидер после епизотомија? Три недели денеска точно и уште се плашам дека не ми е зарасната раната, не ме боли цело време како претходно ама на седнување и станување ме боли, па си викам да не ја разранам уште толку ако ставам мидер...
Јас мислам дека со мидерот се зезнав, супер ми беше раната не ја осеќав, носев мидер и тоа не стегаше многу. Мислам дека ми пукна шиеното (надворешно многу малце) ама доволно да ми смета. Ми се среди мене, прскав оксикорт ама еве искуство, може кај другите не било така.
Јас носев мидер втора и трета недела по породување. Не ме стегаше долу и не ми сметаше. Конците уште не ми беа паднати тогаш.
Девојки ми треба совет. Се породив во средата со царски рез, а денес нè пуштија од бочница со бебчо. После туширање ја тргнав преврската од раната, го исушив местото, напрскав Силбен спреј и покрив со стерилна газа и мрежести гаќи. Сега на одење во веце видов дека газата се закачила за раната и раната малку се отворила. Имате ли некој совет што да правам?
Имавте ли непријатен мирис по пораѓај? Уште првите денови кога крварев, а и денес ,го забележав истиот мирис,а веќе само на бришење имам светло кафеав исцедок,веројатно сум при крај со чистење. Ама мирисов... 26 дена откако сум породена.
Мислиш на исцедокот така? Истиот мирис го чувствувам и јас од самиот почеток, и исто ми е малку неподнослив. Веројатно додека крвариме ќе го има.
Да, дури бев умислена дека имам некоја инфекција. По препорака од докторката земав озон голд спреј за интимна нега (ова заради конците), не знам дали случајно ама откога го користам го нема мирисот.
Баш тоа ми сметаше после пораѓај си реков што е ова како скапана да сум. За среќа од кога престана крварењето го снема мирисот али затоа се осеќав цело време дека телото ми мириса на запотено е ова траеше подолго
Да јас. Тоа значи од едната страна поише те сошиле. Ќе помине... Јас осеќав неколку месеци па пројде. Буквално ко од таа страна затегнато
Дали е нормално да имам како црвена точка на резот, не тече крв туку само е црвено дали е тоа во ред? И кога ја мијам со вода раната осеќам пецкање. Месец ипол откако сум прАвена царски..