6 ден после царски, раната е скоро затворена, само на едно место уште се лигави, иначе прскам спреј за рани, така ми рече докторката, дека жешко да не се прават инфекции. Овај пат имам 5 конци и треба да ги ваѓам во сабота, со првиот царски мислам само 2 имав на краевите и сами паднаа.
Kako si ti ? Ima li razlika vo oporavuvanjefo od prviot I vtoriot carski? Vo smisla da e potesko ili polesno.
Психички поспремна, веќе знаеш што те чека и мн подобро поминав, болката е иста, си пијам кетопрофен за болка и добро е 6ти ден денес џогирав денес, чистев купатило
6 недели после пораѓај, јас сеуште чувствувам како да ме пржи кожата кај вагиналниот отвор. До кога обично вака? Немам црвенило ниту чешање, обично ми е ок, но ако не внимавам како седнувам чувствувам таква слаба болка, како сеуште да ми е истрауматизирано местото. Породена сум природно и имав неколку конци поради распукување.
Немам вакво искуство. Кај мене пред една недела во пределот на раната имав чуство како да имам бубилица. Се гледав на огледало,немаше ништо. Беше на прва контрола по пораѓај?
Бев пред 2 недели од прилика, ми рекоа само дека се изгледа во ред, конците паднати и дека местото сеуште заздравува, но очекував до сега да е веќе поминато, што знам.
После една недела паднаа конци, имав 4-5 мислам, и толку беше. Уште некоја недела ја чувствував кожата како сува и затегната, па се мачкав со кантарион, ама немаше болки. Имав огромни хемороиди после пораѓајот, тоа со недели ме болеше и едвај седев, ама со епизиотомијата немав никаква мака. После 6 недели валда ти е прекинато крварењето, оди си на преглед. Може ништо страшно не е, ама чим површински на кожа осекаш, или ќе се види ако има некој проблем, или може да ти дадат нешто да мачкаш ако има потреба.
12 дена после природен пораѓај и раната уште многу ме боли, како да ме пече и боцка, ставам спреј ама нема подобрување некоја со вакво искуство?
Да пишам овде,зошто не знам каде да пишувам за ова. Три месеца по порагај, имав епизотомија која не зарасна убаво ради попуштени конци и ми остана како расцеп на мегицата од вагината. Мачкав некаков си перу балзам демек ке залепи ама ништо, џабе се мачев и мачкав месец и пол. Е сега од пред неколку дена дур се туширав напипав како топче спуштено внатрешно баш тука кај епизотомијата ,кога легнувам се крева на горе. Си помислив да не е спуштена бешика, ама немам никакви симптоми од типот често мокрење, или да не можам да се додржам. Гиникологот ми е отсутен до 6 ти и ми е мисла голема. Дали некоја има слично искуство. Некако ми се чини млада сум за да дојди до таков проблем, а можеби и не со оглед дека имав тежок порагај. Да знаев дека ке пројдам вака како што пројдов со природен порагај, дефинитивно ќе одев царски. Опоравувањето ми беше хорор и уште трпам последици.
Мајки дали после пораѓај сте имале проблем со циркулација на нозете? 2 месеци поминаа а студот во стапалата и подколениците не ми поминува. Дури болка чувствувам, мислев од умор ми е болката, бидејќи сум се на нога, и чорапи носам но незнам дали и други имале ваков проблем. Стапалата ми се топли а мене ми студе Не примав никакви анестезии на пораѓај, природно сум породена.
Истото ми се случи и мене. 3 месеци после пораѓај забележав нешто како пролабирано низ вагина. Од памет се извадив, мислев се симнала матката или друг орган. Викенд беше ни кај да одам ни кого да прашам. Понеделникот отидов на дежурен пошто матичниот немаше термин и таму ми кажаа дека е гранулационо ткиво создадено таму каде што не зараснала добро епизиотомијата со спекулум и пеан ми го отстранија. Господ го видов, не од болка колку од нелагодност, се препотив и бев пред колапс, како уште еднаш да се породив. По интервенцијата ми ставија вагинално една топка со гази со врвче кое висеше надвор и вечерта го извадив сама дома. Многу лошо искуство поминав. Туку мајки да ве прашам колку време ви траеше првата менструација после пораѓај? Јас добивам прв пат после 7 месеци откако се породив. На 1 почна да ми пробива на 2 септември добив убаво и еве уште ми трае нема абер да запре. Не е обилно ама си трае. Утре имав закажано брисеви и ПАП, ама ќе треба да ги одложам.
Јас уште немам отидено да ме видат докторот ми беше на одмор. Оваа недела ќе одам. Леле се надевам нема да е такво нешто, искрено по тоа што го издоживеав по порагај не знам дали сум спремна уште нешто да истрпам да ми прават долу така на живо.
Не е болно воопшто, мене само ми беше многу непријатно. Може и само да отпадне како кај една познаничка што ми кажуваше.
Па после 40 дена се оди, ако ти има престанато крварењето, мене прво ми направија микробиолошки овде во србија, а сега ке одам за папа. Бебе има 3 и пол месеци, ама тоа е до мене требаше порано
После 6 недели пиши на отпусната листа кај матичен гинеколог, со првото бев по 2 месеци точно, како што пиша Ceneva кога ќе ти престани крварењето.
Дали е нормално по природен пораѓај едната страна кај што сум шиена ја осеќам како подуена поиспакната или отечена не знам ?