Колку време после пораѓај може да се спушти матката? На контрола на 6 недели ми рекоа дека се е во ред, може ли после некој месец да се спушти?
6 недели и треба да се врати во нормална големина како што била пред бременост. Штом рекле во ред значи вратена си е. Како да се спушти поинаку?
Од ноќеска имам менструални болки породена пред 6 недели. Последните 2 недели имав кафеав исцедок уште се чистам од бременоста ама не сум имала болки. Сега почнувам пак малку да имам крв. Не знам дали е можно да е циклус..на прва контрола имам закажано во среда.
Здраво мамички дали го има некоја мојот проблем породена сум со второ пред 7 месеци но забележав дека кога кивам или сум настината кашлам се подмочувам па ако кашлам многу неможам да задржам првиот пораѓај беше мн минимално сега е повеќе проблемов..
Колку време после пораѓај почнавте да вежбате? Кога бевте на депилација ? И кога имавте односи? Пред скоро 4 недели се породив и супер се осеќам па ме интересира дали чекавте да поминат тие 6 недели? Следна недела сум ма контрола секако ќе го прашам и докторот
Безразлика како се осеќаш препорачливо е да чекаш за се од ова 6 недели, толку време отприлика му е потребен на организмот да се врати во каква таква нормала. За подмочувањето што прашавте нормално е, ама треба да си правете пелвик флоор вежби, мене ми трубеа многу уште пред пораѓај во во странство, мора да се вежба оти мускулите од тежината попуштаат, ќе почне и повеќе да се случува ако не се превземе нешто.
И за депилација не е океј порано? Добро фала ти, како и да е уште плус две недели ќе си почекам нека се врати во нормала се.
Па ако си природно породена може не е паметно за депилација, ако е царски не би требало да е проблем, ама сепак за да се заштитиш од инфекции подобро почекај.
Дали користите волна од овца на градите поради растријување,рани,отоци? Дали си правевте инхалација долу со камилица и морска сол? Дали користивте во почетокот млакав туш,истовремено додека уриниравте? Дали користивте замрзнати влошки со масло да помини доле побрзо отокот и раната? Дали правевте вежби за поттик на контракции и јадевте храна за спротерување? И дали одевтЕ на 2-3Ч. да мокрите пред и по пораѓај?
Девојки малку сум загрижена. 3 ипол месеци од пораѓај, обид за односи 2 пати до сега, за мене е сеуште болно, точно каде што сум шиена, не внатрешно. Како затегнато го чувствувам, како да ми гори. Бев на гинеколог, се проверивме, се е во ред, изгледа заздравено, но јас болка сеуште имам. Нормално ли е ова? Можно е да треба повеќе време да заздрави шиеното?
Мислам дека е нормално и мене многу ме болеше првите неколку месеци, сепак рана е и тоа се си треба време...
Треба време да заздрави сепак тромаво е телото сеуште. И мене ми гореше така после се изгуби и тоа дури и дека цела бременост без односи после пораѓај кога имавме како прв пат да сме имале однос додека се врати на старо помина некое време
Благодарам девојки Знам дека е индивидуално, но кога од прилика се враќа во нормала? Чисто да знам кога да се обидеме пак
Ништо не правев од ова освен првите денови по пораѓајот бабицата ме тераше цело време да мочам, извинете на израз туширајќи се. Не се сеќавам зошто. Исто и одма после пораѓај морав да отидам во вц. првите 3 часа, ако не ме исплашија дека не било добро.
Мочав најнормално, после мочање се полевав со грч ладна вода со пребледо розев калиев хиперманган растворен, водата ладна мн ми помагаше за оток. Кога се туширав, раната ја миев со сапун (не се сеќавам како се викаше, не беше како обичниве за раце) па прскав виоплекс спреј на неа (неколку пати на ден) и многу брзо ја опоравив. После пораѓај пиев вода како да не сум видела и уште во првиот саат станав и се измочав. Храна за протерување не јадев, во бременост јадев се најнормално, гледав да внесувам по течна храна и секако сливи, кајсии тоа што помага за столица а откако се породив првото идење во вц ми беше со помош на чеп, па земав неколку дена лесна храна со 1 лажица парафинско масло, дур ми се среди организмот. На гради ставав кантарионово домашно масло и облоги од пчелин восок, ама напорно ми беше што пред цицање морав да се измивам редовно
Нема потреба од таков коментар. Доколку кај нас не е пракса и не е познато, постои. Волната се смета за антиалергена и дејствува против воспаленија. Содржи природен ланолин. Ја препорачуваат за рани на градите кога бебе се учи да цица и пеленска регија. Се што праша девојчето е препорака од бабиците во Германија. Инаку 50 гр волна чини мало богатство, ама нели ние се знаеме. @SunnyGirl2 ништо не правев од ова. Немав потреба оти немав рана толку доле да ме боли. Не распукав и не сум сечена. Ама и мене бабицата ми кажа за ладните влошки. Има у дм да си купиш. Тоа не можеш да го превидиш. Јас не купив. Волна му покажав на маж ми кај стои, за ако имав потреба да не лута за џабе. Не ми требаше. Ланолин дури тој од бејбилоб што е најевтиниот од дм најдобар ми беше. Подобар од поскапите. Пред пораѓај сакаш неќеш ти се моча на пола саат..на крај зедов епидурал, па со катетар бев. По пораѓај ме тераа само да мочам, ама не под туш. Исто и пиев многу оти бев дехидрирана. Храна специјална не јадев, немав потреба. Вежби исто не правев, се породив точно на терминот. Инхалации не правев, нема доказ дека помагаат. Масажа според мојата бабица е најдобро. Ама и тоа не правев оти натеков последите месеци. И пак не распукав. И не се плаши, слушај само што ти кажува бабицата и не паничи. Се ќе биде во ред. Само дишењето правилно е најбитно. После пораѓај имав само две недели болки во половината и една недела малку доле. Со ибопрофен еднаш до два пати на ден, првата недела бев и толку.