Дали си била на гинеколог после 40 дена од пораѓај? Дали лохиите беа исчистени? Дали сега ова ти е циклус? Ако се е чисто и ако не е циклус можеби е хормонални, сепак си родила, ако одиш сеуште може да е и од тоа, телесниот мирис е поинаков. Мене ми дадоа да пијам пробиотик после првиот пораѓај и спреј за прскање вагинално, види со гинеколог може и тоа ќе помогне.
Породена пред 2 месеци со царски, раната си е супер. Денеска почнаа болки како грчеви во стомак. Со првото не се сеќавам да имав. И мислев дека е тоа после пораѓај, не сега после 2 месеци. Пред 1 недела бев на гинеколог комплет преглед ми направи, се си беше во ред. Мислев се е веќе вратено во нормала. Има простор за грижа? Имал некој вака?
Има некој искуство со повреден нерв на нога? Имам отрпнатост од надворешната страна на бутот, целата задна страна на ногата, табанот одоздола и општо последните 3 прста на ногата. На бокс имав некоја укоченост, ама немав услови да одморам, да ја пружам ногата, беше свиткана нагоре за напони долго време и под јак притисок, очекувам дека е механичка повреда. Поминаа 2 дена, немам никакво подобрување. Не ме боли, газам на ногата, ама заради немање осет на кожата мислам дека не сум стабилна слободно да газам на таа нога.
Конци кога почнуваат да паѓат ?Породена сум природно, малце сум сецната и шиена со неколку конци пред една недела. При бришење тапкање после тоалет видов конче и осетив малку болка. Во ред ли е ако падне еден конец? Сегс ќе пробам да не тапкам само да лифтирам или?
Паѓаат за брзо, сум заборавила ...12-13 дена натаму..не се стискај доле многу и не се плаши нормално е малце да те боли, сепак е тазе шиено. Миј се само со вода и користи си ги влошките ВИР од Зегин. Кога ќе прекине крварењето веќе ќе си почнеш да се бањаш со сапунче (бар јас така).
Зависи до конците. Мене од Систина еве 40 дена постепено ми паѓаат. Имам уште едно конче. Докторот ми кажа индивидуално е, може за месец, може за два. Гледам како што почнуваат да се распаѓаат не се црни, туку станале бели..
Па мене после 30-35 дена ми поминаа и болките, комците и крварењето ама сепак е идивуално тоа верувам. Мене лично тоа ми беше најтешко од цела бременост и пост бременост амааа мине се
Мене ми е чудно дека едвај една недела има од пораѓај. Немам обилно крварење, ептен малце понекогаш. Повеќе е жолто со некои парченца. Повеќе осеќам стегање доле, чат пат менструална болка. Ставав ацедиборици за отокот ама скоро ми се повлече и сега почнав со кантарион. Колку пати смеам со него само на вечер или ?
После точно еден месец од пораѓај добив менструација. Нормално ли е да е многу обилна, никогаш не сум имала толку многу крварење. Вчера бев на контрола ми кажаа дека е циклус, не беше толку обилен, денес поплава. Ќе се јавам утре да прашам, но сега некако ептен паника ме фати
Каква крв е? Се додека не е светло црвена, не паничи.. ако е баш како за менсиз, менструација си е. Матката башка сеуште раширена, треба време да се врати во нејзината форма... После оваа менструација, наредната ќе ти е понормална..
Темно црвена, како за мензис. Дури некои парчиња големи темни и тоа ми направи паника,вчера на контролата докторката ми кажа дека е циклус, но ете не беше така обемно баш чудно трет ден со таков обем. Се надевам ќе се смири
За крварење обемно спас е обичен лимон,цеден без вода,се пие,после малку водичка и збогум крвопролиќе,одма се нормализира
На улошка на местото каде што ќе допре раната,а можеш и со стапче за уши на рана да премачкаш. Сум го правела и едното и другото
Не само темна, и свежа крв имам, и обилна да, 6,7 месеци како што добивам после пораѓај и уште е овилно. Прв пат добив 7 месеци после пораѓај. Матката е дилатирана и крварењата се пообилни заради тоа, треба време да се врати големината. А првиот пат кога добив, добив поплава, ја пречекав со памперси.
А колку време ти траеше? Ми скисна веќе 4 дена, поплавата си трае два дена веќе, денес се јавив на докторката нормално било, се враќа матката во нормала.
Јас една ноќ се "истурив" многу, кога станав бев утоп. Тогаш ставив памперс и го носев и следниот ден. После не беше толку, ама пак е секогаш пообилна од пред да останам бремена. Кога ќе ти заврши направиси преглед за секој случај. Кај мене се беше во ред.
Еден месец по пораѓај, второ дете. Крварев околу 10тина дена редовно, нормална количина како што ми беше и првиот пат, па една недела крварев само ако стоев долго или по некоја поинтензивна физичка активност, еднаш на 2-3дена. Сега веќе скоро 2 недели немам крварење воопшто, само некој жолт исцедок, ама обилен како менструација. Прво мислев ај може побрзо се исчисти матката, ама ова исцедоков не прекинува. Има некој вакво искуство, дали да чекам уште некое време (со првото дете прекинав да крварам на 40 дена), или да барам термин на гинеколог?