Добредојде во клубот и да вежбаш ако внесуваш млечни џабе ти е пак ќе си надувана. Еве јас 2 месеци идев и тапкав во место исфрлив млечни се освен козјо домашно за со нескафе океј ми е на стомакот и намалив 3 кила сега сум на стара килажа од прва бременост кога останав трудна
Девојки скоро два месеца како сум породена, имав 1-2 кончиња, малку пукнав. Конците паднаа пред недела-две ама јас осеќам пецкање при мокрење. Баш се гледав минијатурно е ама црвено е местото и ме пецка на идење во вц. Нормално ли е тоа? Матичната ми рече да прскам спреј vioplex.
Majki pominaa 40 dena od poroduvanje, bev na pregled i maticnata mi vide parce ostanato vo matkata se somnevase na zasirena krv ili del od endometriumot. Dali nekoja imala vakov slucaj i dali teloto samo go isfrlilo ili vi pravele kiretaza?
Другарка моја имаше таква ситуација, и дадоа капки и и рекоа дека ако не се исчисти сама со капките ќе мора киретажа. Со една доза се намали, со втората доза веќе самото се исчисти. Што и да е треба да се исчисти, не треба да остане во матката ништо.
Da ke odam denes sabajle...taka mi preporaca maticnata samo sakav da slusnam iskustva Zosto nemoze da se vidi na eho dali e stara krv ili nesto drugo? Isto i maticnata mi kaza deka moze krv da mi zemat za da proverat dali imam infekcija
Згрутчена крв било, ме чистеше и ми даде ерготил капки, вика безбедни биле при доење. Мене ми е страв да ги земам да не ми се намали млеко или да не му биде нешто на бебуш ама па мора да ср исчистам..
Нема да се намали млекото, ги пиев и јас со првото.. а само го доев. Јас крварев па многу долго, а и на ехо нешто сомнително и беше на матичната и ми ги даде.
Zdravo. Mi treba mislenje za poslem carski poslem kolku vreme nosevte mider? 10 dena otkako sum porodena mislenje od doktor mi rekoa moze mider odma ama mislam deka toa e mn prerano..matkata seuste I treba vreme da se prisobere...Se mi bese vo stomak vo bremenosta sea imam malku visnata koza pod ranata I nemozam da si ja vidam ako ne potkrenam..Vase mislenje ??
Мене со второто ми рекоа може да ставам и по 10тина дена, ама ставив и веќе долго време не помислив да ставам. Многу ме болеше матката. Ама беше мидер кој не се регулира и мн стегаше. А сега имам појас за бременост кој се носи и по пораѓај и може да се регулира колку да се стегне... мислам таков е подобра опција. Постепено се повеќе да си се затегнува...
Здраво, веќе 2 месеци како крварам откако се породив. Пред 2 3 недели почнав да пијам капки бидејќи од кафеав исцедок како што имав ми протече црвена крв која траеше 8-9 дена. Откако почнав со капките( испив едно шишенце и престанав кога веќе личеше дека крварењето ќе ми заврши), но од пред 2 3 дена повторно крварам и повторно почнав да пијам капки. Да напоменам бев на ехо 40 дена откако се породив беше се во ред. Имал ли некој вакво искуство? Дали капките требаше да ги пијам подолго откако ќе заврши крварењето или?
Дали сте имале проблем со болка при однос во внатрешниот дел? Поминати се 2 месеци и рана од епизиотомија заздравена ама сепак односите болни и со по некоја точка крв
Од Славеј. Дали некој се справил со отоци на зглобовите на нозе после пораѓај? Пред 5 дена породена, денес отекоа.. во бременост ич немав. Денес ми вријат нозе, жежат и шо да видам сега пред малку, отечени зглобовите, а и стапалото прстите.. рацете ми се океј.
И јас во бременост немав, после пораѓај зглобовите на нозете ми отекоа. Се среди отокот за 2-3 дена сам од себе.
Zdravo poredena sum pred 2 nedeli nekolku dena ne krvarev Sega pak gledam kako kafeav icedok kolku dena bi trebalo.za da se stabilizira
Провери димери. И јас отеков после вториот царски, а во бременоста немав воошто отоци на нозете. Димерите ми беа високи и по испуштање од болница, примав клексани десетина дена.