Јас со првото крварев обилно еден месец, а со второто баш ко тебе, едвај 10 дена и тоа ептен по малку, ден крварев, ден не. Веројатно нормално е.
Дали некоја се соочила со кила после царски рез? Пред една недела пишав дека кренав тешко и потоа имав болка на едната страна кај раната од царскиот, денес гледам како топче на раната само од едната страна, секако утре ќе посетам доктор, некое искуство да споделите?
Девојки дајте чаре за хемороиди имав и после првиот пораѓај ама ми се повлече, сега после вториов пораѓај ај што не се повлекува туку и боли. Што може да мачкам некоја крема, а да е дозволена за доилки?
Хеморол крема и супозитории јас ставав. Толкави болки имав што не ми ни беше гајле дали е дозволено за доилки. Ставав и врели и ладни облоги (сите викаат ладно, ама во најлошото топли облоги повеќе ми ја олеснуваа болката). Многу лежење, и се средија за една недела доволно за да функционирам, а се повлекоа после цел месец.
Мариз одма после прекинување на крварење добиваше? Нормално е така? Малиов уште нема 3 мес, јас добив денес. До душа не го дојам, па може тоа има везе.
И јас добив на 2ри месец. Крварев 40тина дена и си добив. 3ти месец на иста дата, 4ти ми скокна, од 5ти месец како што треба продолжи
Со првото 30тина дена крварев и 2 недели пауза и добив. Со второто помалку крварев и на околу дена добив... а доев..
Природно породени, шиени доле. Третиравте некако? Освен одмивање после идење во тоалет на секое. Уште и како оток имам. Почнав од денес сераптеназе да пијам и одмивки со физиолошки. Друго. Нозе кај стапалата отечени. Цела бременост немав, дали два пати ми отекоа малце и толку. Вчера и денес како бумбар ми се. Нормално или да пишувам кај др.?
Јас се прскав долу со едно не знам името како му беше портокалова боја беше шишето како дезодоранс беше. Од болницата ми рекоа тоа да го користам и немав никаков проблем со раната, брзо ми зарасна.
За раната, јас ја миев со хиперманган после секое идење во тоалет (бледо розе растворен во стаклено шише си чував во тоалет) ќе се исушеше и прскав Виоплекс спреј. На туширање ја миев со бебешки сапун, и пак виоплекс. За второто, во болница една сестра во вц ми остави физиолошки за одмивање, па ќе легнев на кревет и прскав бетадин, од дома ми донесоа. Дома исто со виоплекс.
Др што ме шиеше ми рече ништо да не ставам, а една така постара сестра кога дојде за да ме среди и измие, ми кажа физиолошки само и одмивки после секое идење во тоалет. Женичката што беше со мене имаше од тој спрејот, ама и рекоа да не става…
Бетадин имам. Да ставам и од него со шприц , најизменично со физиолошки. И отокот кај раната ќе се смали со тек на време.
Не знам зошто тоа го зборат во државниве. Си првото во приватна се породив, ми рекоа можеш само бетадин и измивање со сапун обавезно на туширање, како што се мие секоја рана, така е правилно, а за спрејот ми рекоа ако тебе ти е ок цената земи го, супер е. 400 денари беше, јас го купив, има и еден октанисепт ли се викаше, нешто така и тој е исто како виоплех нешто. Од што се плашев да ја измивам раната со првото, ми се воспали па гној имав па и антибиотик пиев. Да видиш после како и ја миев и прскав и спреј и се. Конците брзо паднаа со се отокот само гнојчето се исчисти поспоро На другарките во Чаир што раѓаа тогаш, само ациди борици на улошка да ставаат им рекоа. За второво, сестрата беше постара школа и ми вика земи физиолошкиов и измива се, во наше време вака третиравме рана и плус бетадин, какво ациди борици, а дома и нешто спреј прскај. На Другарка ми не и се даваа 400 ден за виоплекс, па банеоцин прашак ставаше ама и она одма ја среди
Ма ќе го земам , не е проблем тоа. А истата таа сестра ми кажа и вода зовриена со сол да направам и да се одмивам. Вика јас вака за 3 дена како нова бев.
Измивај со физиолошки па дур си така врз вц шољата одма капни бетадин. Не ти треба ни шприц, отвори капачето и капки, ќе си отиде тоа накај раната. Не нора на секое идење во тоалет бетадин, доволно ти е до кај 4-5 пато дневно. Секако се тушираш секој ден па и тогаш ја измиваш раната, така да сосем доволно ти е.