Епа да, солта е со јод, само да не те пече, немам искуство со тоа :/ со што располагаш дома со тоа третирај, битно нешто ќе ставаш, нема да ја оставаш сама да си се залечи. Па сите ми викаа една маст или масло што беше не знам, да мачкам, идам вп аптека, 8мл 2000 денари. Си викам ау за доле дека ќе имам лузна ме заболе, па 2000 да давам за естетика. 2000 еј, 2000
Само вода зовриена со сол. Првите 2 дена мочав внатре во тушот и во исто време прскам од водата. После можев и нормално на шоља па да се одмијам со водата после тоа. Имав специјално шише (peribottle), па затоа можев и на шоља да се одмијам. Никаков проблем со шиеното со двете деца, брзо зарасна без компликации. Откако паднаа конци, мачкав кантарион зошто кожата ја чувствував сува. Ништо друго не сум користела.
Дали некој се соочил со јаки болки и грчења на цели нозе по пораѓај? Дали е нус појава од спиналот... Болки едни, ги завлекувам нозете дури. Ги осеќам како 100 кила тешки да ми се и ми вријат. Ако клекнам, морам да се фатам некаде за да станам и едвај станувам (а трудна клекнував и станував). Што е ова и до кога трае...
Тие што сте шиени. Веќе болка или нелагодност не осеќам. Еве 8 ми ден ќе бидне скоро. Ама на миење приметив дека како да е отворено сеченото или таму каде што било шиено. И со огледало се видов, баш како отворено стои. Се затвара ли тоа или да барам преглед кај др?
Две деца сечена и шиена. Како отворено не ми било. Само сувост и затегнатост сум чувствувала, болка не. Јас би рекла оди на преглед.
Јас такво нешто не сум осетила. Болка немав, нелагодност да. Не можев да си седнам на газот 10тина дена. Да те ѕирне доктор мислам најдобро
Сепак завршив пак на надворешно шиење. Две кончиња и одмарање дома , со третирање исто како после пораѓај. Ја собрав мајка да помогне по дома и околу дете. Ама ќе помине се.
Само надворешно е пукнато. Др вика внатре е супер. Ова надворешно е естетски лошо, не дека е нешто страшно, ама среќа на време средивме.
Здраво. Породена сум природно, пред 11 дена. Имав болки во долниот дел на стомакот, со што бев на дежурство и докторот ми даде ерготил капки 3×20 пет дена. Па ме интересира дали некој ги користел капкиве дури доел? И дали може да се дои детето дури се користат. Во упстството стои дека имаат токсично дејство врз детето ако доиш, а докторот не ми спомна такво нешто. Па малце ми е страв да ги почнам.
Kolku dolgo imavte iscedok po poroduvanje? Porodena sum carski pred 10 nedeli, imam nekoj bledo zoltenikav iscedok... kako koga zavrsuva menstruacija, ama veke 4 nedeli e sigurno taka. Den imam, den nemam. Prege gledam pak kako rozenikavo. Maticniot rece deka ne e strashen ovoj iscedok, nema krv. Ama malku maka mi e od vloshki.
Мене пред некој ден скроз ми престана, на 2м и 3,4 дена. На ехо се си беше супер... Него имам надуеност, грчеви менструални, апетит страшен... дали се симптоми за добивање? Апла се осеќам како во секој момент да ќе добијам...
Епа јас сум 2 месеци и 10тина дена. . Така ти беше млитаво жолтеникаво, па пак малку розе... како обоен исцедок? Едвај чекам да добијам.