Дали крварењето е со ист интензитет цело време? 8ми ден од царски сум... Дома уште сум надоле по мрежести гаќи и вир влошки, и врз нив од големите влошки од белина како пелена се... На саат време менувам влошки. После доење пак толку обилно крварам. Ми протекува по нози, по кауч Со пелени под мене седам обавезно... Вчера излезе парче од мене со пречник 4-5 цм. Ако вака сум 40 дена константно, јас нема да можам од дома да излезам...
Ќе се намали. 8 дена се само поминати. А парчиња си паѓаат. Мене едно како јаболка големо ми падна. Еднаш така почна да ми тече, буквално како чешма. Трчав во тоалет и буквално 5 минути стоев во туш кабина и течеше без престан. А баш те чекав да пишеш негде,да споделиш импресии.
Кај мене менуваше, првите две недели крварев така и со парчиња, па кафеаво па светло кафеаво, па пак крв па пак кафеаво и така едно 40тина дена.
Импресии, што да ти кажам 5 дена сме дома, се ми е како во магла хаха. Јадам ли, спијам ли, дојам ли, во тоалет ли трчам. Ќе ми текне нешто, па ќе си заплачам. Среќа мажот ми помага во се', уште да можеше да дои грејниот. Поненаспан од мене е мислам. Ама ќе помине периодов на адаптација...
Па после 2 недели ти викам како да прекина сврте на кафено, па после некој ден пак крв , намалуваше па пак се појачуваше и така до 40 и некој ден. Инаку првите 10 дена обилно беше
За еден месец макс, ќе бидете во шема. За се што ти е тешко, ќе си викаш период е ќе помине и навистина ќе помине. Уживајте , бесценети се овие моменти.
Не ми е вака, во болница ми беше пообилно дури и коагулум ми испадна цела топка мислев родив нешто, па викнав сестри дека имав и катетар баш да не сум го откачила, па они ми рекоа што е. После веќе пред да излезам од болница се намали и сеа еве две недели ми е така има нема, па крваво е, па кафено е. А па во четвртокот морав до клиника… ми претече таму, ќути црни хеланки… и имавме пешкир во кола, пошо седиштана ни се бела кожа па ме донесе маж ми дома и одма под туш, и до вечерта одвај по нешто. Али вака коа крварам сеа си викам, баш било фино 9 месеци без добиено хахаха.
Дали ви беа потечени нозете после царскиот? Јас цела бременост ја поминав без отоци, освен последните 3-4 дена пред пораѓај и сега после пораѓајот ми се ко на слон, буквално. Трет ден ми е. Прашав и доктори и сестри, сите истото ми го рекоа, дека е нормално после царски, да не се дои во седечка положба, повеќе движење или лежење. Одвај чекам да си одам дома, барем да ги потренам, облоги да ставам и слично.
Поминати 4 недели, сега кога станав пак силни болки на десната страна. Не како на почетокот, ама деновиве пак ме боли дали од времето или дека цел ден со бебе во раце а големко е. Со сите што правев муабет имале болки првите две недели, па дали е нормално сеуште да боли?
нормално е, и мене ме болеше, исто се прашував дали е нормално пошо сите ми викаа дека 2 недели само ги боли, мене докај 40тиот ден ме болеше
Нормално е. Јас кога сум преморена се случува да имам се уште тапа болка каде што е врзана раната, а скоро пред 6 мес сум породена
Kolku dena posle poragaj vi go snema otokot na noze i lice? 5ti den odposle uste go imam, bez bolki bez nisto. Krvarenje namaleno epten, no go imam. Iskustvo? Pozz
Цела бременост немав оток. Дента кога се породив, стапалата како лубеница ми беа и лицето. За точно една недела, се повлече се. Крварењето ќе варира. Ќе имаш, па ќе намали, па пак ке имаш и така до кај 40 дена отприлика/
После второто породување ми отече едната нога кога дојдов дома, а немав никакви отоци цела бременост. Ми рекоа димери да проверам, високи излегоа, и боцкав клексани. Ама јас бев со царски рез породена, прилично комплициран зафат беше, и во болница ме боцкаа.
После вториов пораѓај природно пак,помина 1 месец..правев крвна слика холестерол 7.5 вооедно и притисок 145 со 90 ..Дали му се случило наа некој после пораѓај висок притисок и што мислите дали е минлива состојба?