Не ми е висок притисоков, ама холестеролот исто 6.79… ја прашав матичната уште се регулира од бременоста. Да направам за месец пак крвна слика. А триглицеридите па беа супер,
Исто триглицеридите ми беа ок,јас наредна недела сум на контролна крвна слика...во меѓувреме сум на Метилдопа .. Колку раат да не сум да неможе човек да се опушти асално
Денес точно месец дена од породувањето (со царски) и почна да ми течи жолтеникав исцедок со непријатен мирис. Малку и ме чеша/пече надворешно. Се сомневам дека можно е да биде некоја инфекција Некоја со ваков симптом?
Lochia alba се вика исцедокот и е обично последното крварење по пораѓај, после првичното. Има три фази крварењето. Ама се случува и после жолтото да се врати пак крварење, ако не е доисчистено (или ако се добие одма циклус). Само измивај се почесто, ќе помине чешањето, да не е во контакт со кожата многу. Мирисот е таков. Ве гушкам
Јас имав жолт ама немаше мирис нит ме чешаше. И како што пиша членката, како ми заврши после неколку дена имав како сукрвица која на гинеколог ми потврдија дека е добиено. Не треба да чеша и да мириса. Посети гинеколог.
Мириса исто како циклус. Мене исто ме чешаше. Ако е кандида ќе е побело и погуст исцедокот. Ако е така даваат вагиналети секако. Јас имав проблем со сувост после вториот царски и ми правеше нелагодност, како затегнатост и ми препиша гинекологот спреј.
Ја чеша и ја пече. Не пиша дека мириса на добиено. Затоа најубаво до гинеколог да се консултира. Јас имав жолто ама не беше со мирис и чешање, па помина за неколку дена, и како што кажа добив после тоа. Не е класично добиено, ама на преглед се потврди дека е менструација.
@kristina.k @Feniksgirl @снежана2023 Фала ви женски за одговорите Да, читав дека жолт исцедок е нормално при крајот на чистењето, но сумлив ми е мирисот и чешањето. Се намачкав Антифунгол, малку смири. Друго ништо не можам овде да купам без рецепт од гинеколог, а на преглед ќе одам дури по 2 недели. Не знам како ќе издржам дотогаш. Првпат осетив нелагодност пред 1 недела, си реков ок, од многу влошки менување, крварење, хормони и слично, но ете си продолжи, т.е. се влоши. Ќе пробам да измивам почесто...што можам да користам во домашни услови? Одамна не сум имала кандида, заборавив што сум користела освен вагиналети. Не ме плаши кандидата воопшто, туку да не е некоја друга инфекција
Па не може да чекаш 2 недели за акутен случај. Ако не работи матичниот со акутни случаи, оди на болница.. Ваљда имаат разбирање за итност, особено кај тазе породена жена.
Да, во право си. Ќе се јавам во понеделник кај матичниот да ме прими(ако си нема споено за празниците ) Ако не, во амбулантата на гинекологија ќе си одам.
Апдејт: Денес ни жолто, ни чешање, туку крв, прво ко розева, па сега гледам капи малку потемна. Дали се врати крварењето или менструација, не знам. Ќе видиме на прегледот.
Исто беше и кај мене идентично. На преглед две недели од тогаш имав овулација, докторката рече дека сум добила веројатно, ама после тоа прво добивање цела година немав циклус за време на доењето. Нема правила и мене кратко ми траеше чешањето и баш тука прашав тогаш, и кај други членки беше исто.
Дали некоја се соочила со чешање околу вагиналниот отвор после породување, веќе 2 месеци како сум породена, на почеток мислев дека е од раната ама сега гледам дека не е, бев на матичен, ми даде само бетадин вагиналети заради доењето неможело ништо друго дами даде, не се издржува секојден ми се чини се повеќе чеша, крварењето ми запре кога правеше бебето 40 дена од тогаш имам жолт секрет понекогаш пак со малце крв.