Да мислам дека е нормално, кај мене беше таква ситуација и не ми дадоа капки за запирање на крварењето. Следи само да не е преобилно, премногу долго
Денес видов како ептен мало дупче накај газот нагоре и при бришење имаше како крв една две точки, минимално, премало е дупчето, ама ме загрижува, матичната ми рече не било ништо, ама да чујам и некое искуство, што би можела да му ставам
Девојки по природен пораѓај после колку време депилиравте интима? Сл. недела сум на прв преглед по поминати 6 недели од пораѓај и извршена епизиотомија и не знам што е најпаметно
Јас после една недела ама со бикче се средив.. Баш на таа контрола докторката ми искоментира ејј па ти веќе си се издепилирала хахха
Докторка тоа да коментира? Баш чудно...... А зошто преглед после 1 недела? Колку што знам, првиот преглед е после 4 до 6 недели. Или грешка сум?
После 6 недели,малку лошо сум пишала..сакав да пишам дека прв пат после една недела се средив,исто и пред прегледот на 6недели Да бе жими све така ми рече хаха и мене фацата ми беше wtf
Дали некоја имала покачена седиментација после пораѓај? Се породив пред 2 месеци и мојава седиментација никако да падне иако ок се осеќам. Матичната општа докторка вика дека највероватно е ради пораѓајот и да проверам пак за месец дена
После 2 месеци, страв ми беше иако имав само две кончиња . Пред прегледот се поминав со бикче, колку да не е многу лоша глетката.
Породена сум пред 10 дена. Последниве два дена осеќам некои чудни болки во долниот дел на стомакот, не се константни, туку одеднаш ме фркнува болка и поминува. После мокрење, исто такво чувство, кратко трае и ќе помине. Исто, вагинална болка имам мускулна, цела ме боли, клиторис, усни... Чувствувам затегање при станување-седнување. Шиена сум околу 1цм, не знам дали од тоа, ама чудно ми е оти симптомиве ги имам сега, а не одма после пораѓај. Желудникот ме боли постојано неколку дена, утрово се напив нолпаза - џабе. Крварам нормално, не е обилно, единствена разлика во овие два дена е што чувствувам мирис како на добиено - а претходно не мирисаше. Не знам дали претерувам и ова е нормално и вообичаено и се случува на сите, или сепак да барам доктор.
Да не останало нешто од постелката? Да не не ти е целосно извадена? Консултирај доктор во секој случај за да си бидеш мирна дека е се во ред
Не знам, го помислив тоа. Имав ревизија, и мануелна и инструментална после раѓање. Донесоа и ехо во родилната сала да бидат сто посто сигурни дека е целосно очистено. Ако продолжи ќе се јавам на лекар.