Подобро, поминаа силните главоболки, сега одвреме навреме кај пршленот че ме заболи ама се трпи. Осеќам сега замор кога движам, воздух снемвам ама веројатно дел од процесот е, сепак е операција а и исцрпена сум деновиве со беблак, навечер не спиеме стража држиме, 4 сати денот дали спијам вкупно
Здраво мамички! Колку време крваревте после природен пораѓај? Јас втори месец веќе и сеуште имам така по ептен малце како кафеаво незнам дали е тоа нормално,бев на преглед пред околку 2 недели се беше во ред
Мајки Породена пред 10 дена,неколку дена крварев слабо но денес цел ден црвена и темно црвена крв... нечи треба дс де намалува од ден за ден? Нормално ли е?
Ќе ти варира 40 дена отприлика негде. Појако, послабо. И цели густи парчиња може да ти паѓаат, нормално е.
Исто и кај мене денес. Мислам дека и од активноста е, крени бебе, спушти, крлај, цицај и еве ме и мене денес со иста мака.
Нормално е. И лежев јас, поради пукната епизотомија, ама пак беше појако, послабо. До 40 дена ќе се среди.
Царски или природно, извадена е плацента од организмот. Крвари матката, без разлика пораѓајот. Снаа ми беше царски, крвареше исто како и јас природно. На периоди, појако, послабо.
И јас сум царски. Исто и кај мене минатава недела се намали многу, денес ептен ми се интензивираше, многу темна крв. Баш и пишав и на докторката, ми рече дека ќе варира. 15ти ден ми е инаку.
Здраво мами! Не знам дали ова е соодветна тема, еве десетина дена откако се породив, две недели престојував во Ск., бидејќи сум од друг град, и се беше ок таму, дружење со роднини, во болница предобри доктори, цимерки, и покрај сите тие болки, супер си поминав, ама само што се вратив дома нешто се смени, психички не се чувствувам добро, цело време ми се плаче, имам некоја тага, осаменост, не сакам да останам сама.. Дали за убавото време поминато и ми недостига, дали дека последна бременост (оваа ми беше втора) и празнина сега во стомакот, кога видов денес бремена жена веднаш заплакав, не знам како да објаснам.. Дали некому му се случува ова и дали поминува брзо?
Не можам да сфатам со ,,празнината во стомакот" Пробај да не бидеш сама , имај некој покрај тебе цело време и разговарај , дружи се преку социјални мрежи ако не можеш во живо со луѓе што ти пријат. Најверојатно постпородилна депресија . За колку време поминува не знам.
Сосема е нормално да се чувствуваш вака после пораѓај. Хормоните се далеку од стабилизирани и за да дојдат во нормала ќе им треба неколку месеци а може и повеќе од тоа. Празнината во стомакот сега ја држиш во твоите раце, ништо не си изгубила туку си добила и за тоа треба да бидеш среќна. Доколку осетиш дека чувството не ти поминува и дека води кон депресија, можеби е подобро да се консултираш со стручно лице, иако јас верувам дека ќе ти помине ова чувство со тек на време.