А дали имавте чувство кога движите како тешко дишење, како замор, не знам дали од градите од што ми се полни со млеко па ме притискаат кај градниот кош или пд тоа што ме стискаа на пороѓај и сега дека празен стомакот имам такво чувство. Изг си сака време за да се врати телото во форма
Оуу да. Исто што опиша имав, ама си треба време да се врати во нормала. До тоалет ми беше тешко на моменти да отидам.
По колку време се среди, јас еве денес до кај моите прв пат дојдов со количка едвај стигнав со попатни паузи, еден км има отприлика. Уште некој ден месец ќе правиме
Тој период и јас толку сила имав хахахха Низ маало се шетавме и кај моите со кола одевме. Одмарај колку можеш, пиј витамините од бременост ако имаш останато. За недела веќе треба да си полека назад.
Леле истото чувство и јас го имав, и цимерките, нормално е, немаш воздух, одвај до тоалет одевме, мене за 2 недели ми помина, ама дома сум цело време, освен еднаш на педијатар што бевме со кола, и кога се вратив дома, одвај скалите ги искачив. Не знам кога ќе излезам колку сила ќе имам
а како сте со главоболка и чат пат како менструална болка имам како пред добивање, ние направивме 1 месец веќе треба за некоја недела на контрола да одам
И доењето може да предизвика грчеви во стомакот, бидејќи тоа го стимулира ослободувањето на окситоцин, хормон кој предизвикува контракции на матката. Јас имам грчеви понекогаш, главоболка не.
Мене менс. ми е најверојатно од петокот зашто имав и јас како жолто па почна кафеаво и црвено така сфатив дека е циклус ..не знам како вака рано ни стомак ме боли ниту крварам обилно..чудно
На 10.09. сум породена, крварењето до завчера беше сведено на минимум, кога малку повеќе, кога малку помалку, ама од вчера крварам баш многу. И чувствувам болки долу кај што сум шиена, уствари нешто како притисок повеќе, отколку болка. Нормално ли е вака да крварам и да чувствувам болка?