Мамички , породена сум на 21 август. Крварев сугурно две недели- две ипол макс. Потоа немав воопшто крварење. Вчера ме заболе стомак и имав кафена крв. Денес цел ден крварам нормална крв. Можно ли е да е менструација или де дочистувам?
Зарем е можно месец дена после породување да ми дојде ? До пред неколку дена крварев, до вчера жолтеникав исцедок, денес гледам свежа крв ама се осеќам како менструација да е... не е обилно ама секој пат кога одам во тоалет имам свежа крв. На ексклузивно доење сме, со првото исто бев ама ми дојде после 8 месеци..
Можно е, ама обично 40 дена трае чистењето на матката и лохиите. Може и да е се уште крварење, а можно е и менструација, јас со двете деца одма после 40 ден добив менструација најнормална, и редовна до ден денес. И двете деца се доени, така да тоа немаше врска, и не ме поштеди мене.
Иста ситуација, и јас помислив дека е менструација ама појдов на гинеколот и испадна дека се дочистувало. Ми траеше уште некои 4-5 дена, па продолжи жолтеникаво уште ден, два и пак престана.
Па да, ептен слаби, повеќе како нелагодност. Ама морам да напоменам дека јас општо немам болни менструации, туку повеќе само како нелагодност во стомакот и нозете.
Мене ми дојде околу 35 ден после пораѓај. Исто како што опишуваш ти беше и кај мене... Крварење, жолто, кафенкасто, па свежа крв. Мислев се дочистувам ама менструација беше си траеше 6 дена и следниот циклус беше на 28 дена.
Апдејт заборавив да пишам. Сум имала мендтруација. Отидов после тоа 10тина дена и јајниците и беа спремни за оплодување хахаха. У овулација сум била. Значи може да е одма менструација
Здраво мајки, породена сум на 24ти Октомври, природен пораѓај. Бебушка се роди 3.820 и после пораѓај ми се појави долу хематомче. Деновиве ми се ептен тешки со болка и притисок, не знам дали е од епизиотомијата или хематомот, но едвај станувам и кога движам тапа болка и имам тежина. Дали има некоја искуство со хематом после пораѓај, од што може да е и како сте третирале? И општо после пораѓај дали нешто ефикасно ви помогнало да се намали болка? Поздрав
На прегледот после породувањето после 6 недели дали и како се средивте доле? Имам епизотомија. Депилација нема шанси, дали со бикче или крема? Или така да одам.
Ми беше страв кај епизотомијата да се поминам. И само околу неа се средив. Откако ми рекоа дека е супер се, тогаш почнав да се средувам целосно.
Колку време после пораѓајј ги носевте Бони и Вир улошките? Дали можам после две недели обични да си носам?
Можеш.. Јас така нешто носев може и помалце додека ми се потрошија залихите. Те читав дека немаш ни епизиотомија така да ставај обични уживај
Некоја мајка да не знае каде би можела да го набавам Пери шишето во ДМ во ниеден маркет низ земјава го нема...