бев на контрола кај докторот што ме породи, но мислев за пап и брисеви, а на контролата др ми пиша после 4 месеци.
Контраиндицирани се, ама ги даваат, јас пиев после прво породување кога добив менструација, не ми прекинуваше крварењето десет дена. Ама со страв ги пиев и само две дози испив, една доза дневно. Од страв прекинав, среќа и крварењето намали.
Јас пиев еден ден само 3 x 15 капки почна стегање на градите и тешко да дишам и кога прочитав и за бебето дека се опасни ги остаив. Се надевам сум се исчистила од крвта во понеделник ќе одам на контрола. Кога ги испив третиот пат веќе немаше парчиња се надевам сум се исчистила еве денес не ни крварам
Колку време крваревте? 17 дена после пораѓај капка само жолто розева и кафена Ми е страв за грутките што викаа дали се исчистиле и како ќе се исчистат кога сеа не ни крварам
Бев четвртокот кога ми падна голема од тогаш фала му на Господ се е добро. Се надевам се е исчистено..
Значи вечито ненаспана, уморна премногу, матно гледам, ме фаќа криза највеќе накај 5, 6 саат. Ноќе не спиеме само цица, кака, плаче. Преку ден ненможам од поголемото . Подочњаци до колена имам и не знам до кај ќе терам вака 20 дена по пораѓај
Не оди. Мајка ми е со мене ми помага ама не може еден човек да ги чува големото е збеснато го стиска на секои 5 минути да го гушнел демек, па да го бацел не можеш да го додржиш ќе го згмечи
Исто ми е и мене дури и кога седам исправена осеќам како желудникот празен и надоле да ме влече. како лошо ми станува одма и морам да легнам или да се потпрам по налегната... 20 дена по пораѓај. Кога ви помина тоа??
По еден месец се подобри а скроз закрепнав дури по 40 дена отприлика, не за џабе рекле 40 дена постпартум, не се тие бабини деветини туку ид медицински причини постојат Со лесно, ќе помини ич не се секирај
Па нема ли опција мајка ти да го зима кај неа? Затоа што друго е дури спие бебето дење да можеш да лежиш,дремнеш... нема друго сама ако не си помогнеш. Сега ти си знаеш ама тоа големкото печено ти е за во градинка, што не ќе е здивено и ја да сум дома 24/7 ќе здивам
Како сте се справиле со дијастаза после породувањето? Дали правевте вежби и дали на некого му помогнало носење појас?
Како би изгледала дијастазата? Јас имам како вдлабнатина на местото од папокот и како топче.. 33 дена од породување (царски рез)
Да и јас имам така и јас сум со царски породена. Укуцај на Google diastasis recti има слики како изгледа.
Ме плаши да не остани така! Инаку стомакот се намали малку ама сака уште.. Незнам за појас дали да почнам или мидер незнам.. Раната ми е супер наболува понекогаш
Стомакот ќе се намали уште, време треба. А мене тоа испакнатото така ми остана еве 7 месеци после пораѓај.