После порагај 2ипол месеци пак бев на лекар ми видоа дека имам излив во јајникот рече битребало да е од циста. Ме пратија на тумор маркери… Некој со искуство? Немам добиено менструација од коа се породив сеуште и го дојам бебето
девојки дај споделете нешто против опаѓање на коса после пораѓај ( на доење сме ) мн ми паѓа мислам ке очелавам …нешто што сте користеле и ви помогнало
Породена на 15ти, на почетокот имав крварење нормално,па менуваше бои,кафеава,розеникава,портокалова, жолта,па пак црвеникаво малку и се така. Овие 2-3 дена е црвено, не е обилно, ама ме секира.Иато слаби менструални болки. Бебе цица и се измолзувам интензивно, а вака почна од кпга почнав да го пијам чајпт на Хипп за лактација. Дали има простор за паника што ми потекува црвено на 22ри-3ти ден по породување? Второ дете ми е, со првото до 40 дена имав крварење ама не митекнува баш како беше со боите. Веднаш по пораѓај направено ехо во болница,кажаа дека е чисто, постелката е велосно извадена
Здраво, дали примавте клексан по породување? Мене ми дадоа 7 клексани од 0.4, а димерите ми се 1600, се мислам да не е многу јака дозата
Примав и тоа цел месец после порагај и мене ми беа толку но не се намалуваа после првата доза од 7 дена па ми ги продолжуваа со царски породена
Не ти е јака терапијата се примаат клексани и послем бременост ако треба ,ддимерите треба да паднат до 500 затоа ти дале терапија 1600 е високо ,и со терапија ќе се намалат
Јас 0.6 примав за слични вредности, дозата се препорачува и според килажа некогаш. Ми паднаа на 900 и ми ги прекинаа, рекоа доволно е, ќе се стабилизираат сами. Иначе 14 дена примав.
Прашање за мајките кои биле бремени со строго повеќемесечно лежење, дали по породувањето се соочивте со болки во стапала, грб, колена?
Фала многу за одговорите девојки, јас сум многу испаничена инаку породена сум на 15ти јуни природно, но искрварев многу зошто ми правеа ревизија не се одлепуваше постелката. Инаку во болница примив 2 дози крв и 1 плазма, пред една недела правев контролна крвна слика хемоглобинот се накачи на 117 а железото 3, примам 2х2 тотхема и денес пак ми земаа крв хгб 114, железото 6, ама сега па тромбоцитите ми се покачени 469. Се соочил ли некој со ваква ситуација? Премногу ми е страв и мислам негативни плус детево го дојам ама некако се намалува и млекото хаос ми е…
Се боли ,на почетокот 3 до 4 магнезиуми,со тдкот на времето поминува.Еве скоро 2 месеца породена уште на крајот на денот се ме боли треба време .
Скоро осум недели поминати одкако се породив,крварењето ми престана уште околу 5 недела. Денес заприметив кафеав исцедок на моменти и како бледо розево. Бев на преглед пред десет дена ми кажаа дека е се во ред. Не знам дали е нормално,некоја имала ваква ситуација?