Женички, се оди ли на контрола после породувањето? Еден месец помина од порагај и сеуште крварам, знам дека тоа е нормално. Незнам само дали и кога треба на гинеколог.
Jas krvarev dva meseca posle krvarenjeto pojdov na ginekolog me pregleda na eho I vaginalno a mi rece koga ke dobijam ciklus da idam na pap.
Мене ми рече после 40 дена ама јас додека најдам време поминаа неколку месеца, мене ме гледаше со вагинално ехо. Почекај нека ти заврши па појди.
Закрепнувањето ми беше многу тешко. Бааѓи сечена, а што ми се случи 5 дена пред пораѓај и ден денес не сум свесна. Се искривив на едната страна кај кичмата со страшни болки и не можев да одам. Ако не се породев тој ден кога се породив, ќе ми требаше и количка. Никој од докторите не знаеше да ми го објасни тоа. Дали бебето притисна на некој нерв не знам , ама тоа беше страшно, верувајте. Одев одвај и плачев. Ме држеше и после тоа 40 дена. А замислете се породив природно со 20 часа неиздржливи болки. Не сакаа да чујат за царски. На никој не ви посакувам таков пораѓај ко мојот и во таа проклета ГАК. Татко ми сакаше во последен момент да ме префрли во Систина зашто тешко се отворав плус ама бидна таму што на најголемиот непријател не му го посакувам.
Здраво на сите ...пред скоро време се породив со царски раната се уште ме боли и ме пече , се породив со близнаци па малце ми е по напорно а морам да станвам му требам на малите ☹ пијам бруфен од гранулите па бидејќи ги дојам ме интересира дали е штетно шо пијам бруфен ?Во аптека ми рекоја дека само бруфен смеам и парацетамол...дали имала некоја вакво искуство?
За парацетамол знам дека смее да се пие при доење, а за бруфен не знам ќе ја означам @joy1 да ти каже
Јас пиев со првото дете, оти кога добив после месец дена од породување не ми престануваше крварењето, ниту се намалуваше интензитетот повеќе од десет дена. Ми беше шубе да ги пијам оти во упатството го пишуваше баш тоа, дека влијае на лактација (ја намалува) и може да биде токсично за бебето. Ова второво уште повеќе ме извади од памет. Ама кога ќе видиш, во болница боцкаат ерготил, барем мене ме боцкаа дека со царски и двата пати, за природно породените не знам, така што мислам дека не влијае толку. Јас можеби не сум репер, оти мене секако не ми напредуваше доволно само на доење, па додадов и ад млеко. Требаше три дена да ги пијам капките по три пати на ден (доза не ми текнува). Од шубе се напив само два пати во два дена, за среќа имаше ефект, брзо ми прекина крварењето.
Слично искуство имав и јас, само во Чаир. Се мачев скоро цел ден со големи болки и повраќање цело време и притоа никој не пријде да ми помогне. Дури и добив укор зошто сум повратила тука, сум требала во тоалет да идам. На крај веќе почнаа неиздржливи болки, ја молам сестрата да ме прегледа доктор, она ми вика - ништо не ти е 3,4цм си отворена. Среќа слушна докторот, ме прегледа јас 9цм. За малку ќе родев на патолошка. Од тој оддел ич не сум задоволна. Плус на ќерка ми замотана 2 пати папочната врвца околу врат. Дали никој не забележал или се замотала за време на породувањето не знам. Фала му на Господ се заврши добро. Постпородилно имав ептен мака со раната и качував температура која фала богу се утврди дека не е последица од породувањето. Сега 2м+ од породување ми остана само болката во половината.
3х15 капки треба да пијам. Денес бев кај матичниот гинеколог, ме погледна на ехо кажа матката не ти баш во форма и ми ги даде. А крварење немам некое големо, малку само повеќе е како жолто кафеаво прозирно. Пишува во упатството дека доилки треба до 3 дена да ги пијат, во спротивно ќе се намали лактацијата. Ќе пијам 2,3 дена, повеќе не. Ќе следам ситуација денес и утре.
Кај мене беше се во ред со матката, ама крварев ненормално, повеќе од 10 дена и се консултирав со двајца гинеколози, и двајцата истото ми го кажаа, само ерготил. Ама мислам дека повеќе требаше да пијам, не се сеќавам, одамна беше. Барем помогнаа, ако ништо друго и покрај тоа што не ги испив сите дози, само две, во два дена.
Затоа, мила за следно здравје си знам-приватно. Не планирам да доживувам пак трауми на ГАК, да молам за царски, а некој таму да ми се издерава дека ако сум сакала царски, сум требала приватно да си одам. А јас не дека сакав царски од чиста мира , туку поради тоа што бев искривена во кичмата не можев да издржам плус со болките. Е такво е нашето јавно здравство. Некој да си поигрува со нечии животи. СТОКИ.
Вие што сте породени природно, имавте ли после пораѓај главоболки што дури и светлината ви прече? До сега 3,4 пати имав такви главоболки, а не знам ни дали е до притисокот, не сум го мерела, ми смета светлината многу, не можам ни да гледам.
Јас немав. По 6 недели испитав крв се ми беше во ред и притисокот си го мерам нормален ми е. Испитај си крвна слика друго нез од што може да ти биде така. И мери притисок кога ќе осетиш главоболка.
И мене по описов ми личи на мигрена. Пиј вит Е. Мене ми помага топла маска, темница и тишина. Парацетамол и бедоксин од 20мг. Најчесто навечер ме фаќа, па си правам чалма со поларно ќебе.