Абдоминално со ехото дирекно на раната те гледа. Едит: да не се депилираш на раната се друго може да депилираш
јас се средив ама за џабе абдоминално ме гледаше. Сепак потсреди си се. Изгледа секој доктор различно си гледа.
Јас да ме утепаш не можам да се сетам дали абдоменално или вагиначно ме гледаа, како пред сто години да било. Ама на депилација нормално си бев. Внимававме само околу раната и немаше никаков проблем. П.с. изгледа вагинално ме гледаше.
После пораѓај 2 пати ме гледаше на ехо абдоминално. За раната од епизиотомијата бев неколку пати и не бев средена ама ич и најмалку мислев за тоа.
Пишав пред некое време и во соодветна тема ама не ми вратија... трет пат ми се случува ова, но првите два пати беа пред 10 дена, малку прокрварив кафено црвено по еднаш во денот. Вчера ме стегна стомак како боцкање лево доле и ништо помина тоа и по пола саат бев до вц и чиста крв имав на гаќите. На гинеколог бев после 40 дена и се беше во ред. Дали да се грижам, дали да одам пак на гин? 1 месец и 25 дена има поминато од раѓањето, царски... Сега немам ништо пак..
Незнам баш доле кај рана, кај јајник некаде ме боцкаше... дури еден период надувана бев баш доле и си реков изгледа ке добивам... После прв пораѓај исто искрварив црвено но ми траеше и бев на гинеколог и ми дадоа капки за прекин, бидејки беше нешто со матката.. баш со сондата ме допираше внатре и викаше еве ова те боли? И да.. ме заболуваше при допирот... Дали некоја рана нешто беше тогаш незнам (зашто ме чистеа со вакум после раѓање)... а сега незнам што би било, ако пак ми се случи ке одам.. Ако има некоја искуство вака да прокрварувала нека пише...
Оди пак, не мислам дека е во ред да имаш крв после таква болка и боцкање. Сепак, помина операција, да си бидеш раат.
Јас крварев 2 и пол месеци точно после царски. Чиста крв, кафеаво па жолто, па немаше ништо некој ден, па пак крв и се така во круг. Матката беше во ред, ама на брис од вагина излезе ешерихија коли. 2 пати пиев антибиотик, не се излечи првиот пат, после втората тура прекина крварењето скроз. Ми рекоа дека е можно и од бактеријата да крварам така или пак хормонски. Ама еве прекина. Нека ти земат и брис не е на одмет да провериш. А болки имав дури и откако прекина крварењето ама моите менструални беа.
Јас сум 2 месеци и 1 недела од пораѓај, втор пат ми се случува да прокрварам по некоја капка ден, два, бледо розева или кафеава крв (еве и денес исто). На контрола ми рекоа се е во ред.
Приметив дека мириса многу лошо.. имам малку жолто и мириса многу јако неубаво. Ке одам до кај една приватна што одам кога ми е итно, ке направам и брисеви, фала на советите