Не очекував да биде толку лесно Се спремав и очекував дека ке биде страшно ама веќе утредента бев супер Е првите 10-15 часа имав од оние нахвее,незнам како да го кажам на МК ова, наликуваат на контракции и се доста болни Ама после тоа ништо Освен првите 3-4 дена нормално нели пообилно крварење после и тоа ми се стабилизира Толку лесно поминав како да не родив баш така
Поздрав мајки.Дали некоја имала болки во долниот дел на стомакот,моментални,2месеци после пораѓај,значи станува збор за кратка болка не нештострашно и дали е нормално????
Каде поточно? Лево, десно, средина? Многу се нервирам со стомаков.. првиот месец порамна бев, а сега надуена ко трудна. Топка доле ми ее... ми рекоа уште не е вратена матката, ама незнам зашто вака :/ И вагиналети кога ставам осеќам топче тврдо одма доле, зар е можно да е толку спуштена матката? Да не е раат жена по пораѓај...
не сум била на контрола,а иначе заболува како боцкање и престанува,може еднаш во денот ,два пати а може и воопшто да не заболи
После царски носевте ли мидер? Некој ми вика стегај стомакот, друг остај раната да дише. Јас викам да си ги прашам феминките И ја мачкавте ли раната со нешто?
Јас еднаш ставив и многу ме стегаше и извадив. После некое време стомакот сам ми се повлече. А раната ја мачкав со кантарион и бетадине.
И мене ми рекоа можам уште одма. Но чекав две недели да зарасне убаво раната и почнав да облакам преку еден ден. После почнав и секој ден. Еве ме 3м по раѓање и скоро немам стомак, мн малку доле подуенко ми е и облакам чат пат мидер
јас тој што си го имав од лиска е обичен, ама доста стегаше и од сара фешн земав еден за 300 ден обичен се погоди. Инаку мене ми рекоа уште одма после искачање од болница може.
Pa po aptekive i prodavnicive bebeski ima specijalno nameneti za toa, sekako poskapi. Pa zatoa prasuvam kakvi nosite
Обичен. Од маалска продавница за долна облека го купив, како гаќи е (не од тие како пантолончиња), до гради висок.. мене супер ми се погоди, 400/450 го земав. Има гумичка најгоре за да не се лизга надоле.. Имам и до колена, баш за оформување е тој, као и за поткревање задник, ама дур го облечам, натегнам... хаха Таков специјален имам видено во Бебе супермаркет, ама над 1500ден беше, а иста намена имаат и обичниве.