По мене да се јавиш на лекар ако уште имаш. Да не те плашам, ама братучетка ми ептен имаше проблеми со тоа. Бубрези, притисок триста компликации излегоа.
Јас сум 3 ипол месеци после царски и веќе месец дена чувствувам болки во стомакот како да ќе добијам циклус.Ви се случува ли и вам вака?И стомакот ми е ептен подуен.
Бев така и јас, баш доле надуван огромен... и си добив (мн обилна менструација), рамна даска после бев. Еве помина месец и треба пак да добијам, пак сум надувана. Болките препоставувам дека од овулацуја ми се.. а и од раната од промена на времево лудо, ме заболува баш на средина, како струја боцкање..
Пред две вечер како ме болеше левиот јајник ко во овулација кога сум осеќала или ко стимилациите кога ги примав за инвитрото...ко печење дури осеќав внатре и цела ноќ ко со малце свиткана нога убаво нагоре до стомак па малце ми смируваше. Вас ви се случило ова? Пред 2 месеци и 1 недела сум породена...и обично кога би требало да ми дојде циклус? Или индивидуално е? А на промена на времето @mariz исто ме пече ко мислиш отворена рана и наболнува..мене лево најчесто чувствувам а немам ништо на раната
Мене страшно ме болеше јајник едно две недели пред да добијам... бев и на гинеколог и ми беше отечен, дури залепен со матка од што беше потечен, правев брисеви и излезе стрептокока е сеа дали поради неа беше отечен нз.. но за две нед од тоа си добив.. дали беше некоја опасна овулација, врска неам дали и од тоа отекува јајник..
Нормално ли е да крварам па неколку дена само исцедок, па пак да крварам... и така цело време. Пред неколку дена имав и болки како за пред добивање и само исцедок неколку дена. Еве вечерва пак крв. За некој ден 40дена од пораѓај. Контрола закажав за 10 дена па споделете искуство дали е нормално ова и да си чекам или да го барам докторот?
Мислам дека е нормално мене исто некое вереме само исцедок па пак крв. Не се загрижив мислам дека е нормално до 40 дена такви промени.
Нормално е.. јас дури на 2м отидов да се депилирам поради тоа... те ке нема, те некој жолт, те кафен, те црвено... ме зезаше 2месеци, па и беља работа одма на 2ипол после па добив, ич не ме поштеди На контрола бев на 40 дена, имав исцедок и тогаш.. ехото беше океј, во Ремедика ме гледаше д-р на стомак со ехо, дирекно на раната, само матката малку поспоро ми се враќаше и може затоа да си крварев..
Со првото добив на 40 дена Инаку ако е светла крв, оди на гинеколог.. а ако ти личи на нормална менструација, тоа е..