Јас па не се замарам со раната ич, многу е доле, ни од бикини нема да се гледа Ми кажа докторката една крема, во Грчка ја имало, наводно многу добра за лузни од операции и стрии, ама ја додека ја купам помина цел месец и се откажав, не ми треба. Па и нека се гледа лузната, не ми смета, баш напротив, си се гордеам Е стрииве на стомак се друга работа Риластилов ги потсреди и избледе, ама пак се тука и знам дека нема чаре. Се трудам да си ги прифатам, ама ко ќе ми текне какво стомаче стегнато си имав пред бременоста, ми се плаче. Небитно, бар пак ми е рамно, така си се тешам
@wannaBeMomma не очекувај чудо, мене само ми ги обеле црвените, ама крема што ќе направи да исчезнат не постои. Тоа е, со здравје да си ги носиме
@wannaBeMomma ама ти брзо ја купи, колку што памтам. Јас второ пакување мачкам, мада прескапа е за минималниот ефект. Ми беа црвени жар, сега ми се бледо розеви, а повеќето скроз бели. Дали е до времето што помина од пораѓај или кремата не знам. @ludoto19 исто ја користи мислам, баш нека каже како е задоволна. Едит: @Klarisaa крема Риластил, во Еурофарм ја има, 1.600 ден.
Јас уште не сум ја земала, чекам резот убаво да заздрави, не знам дали смеам да мачкам, бидејќи мене баш над резот ми пукнаа стриички. И да, после пораѓај и мене ми излегоа, и јас немав стрии у бременост, ама како се издишав т.е породив,кога ми се сплошти стомакот, пукнав на некои места. Не е страшно, ама тоа е. Да сме живи и здрави, знак на мајчинство Црвени се, сакам да ги избледам, сепак бледи визуелно мн помалку се познаваат а резот мене ми е многу тенок, розев е да, сепак коа ќе избледе не би требало скоро ич да се познава, а и да се сеедно, и така е тооолку доле што ни со купаќа не се гледа
Во бременоста неколку стрии што ми се појавија на нозете оти таму не се мачкав беа жар црвени. Со тек на време станаа бледо розеви за на крај да побелат. А ништо не ставав после бременоста, сами ја изгубија бојата со тек на време.
@wannaBeMomma еднаш дневно, насабајле. Има денови и кога заборавам, ама гледам да сум редовна. Пак ќе речам, сакам да мислам дека ми избледеа од кремата, а не сами од себе. Пред месец ипол се породив, не знам дали сами од себе би избледеле толку брзо.
Плродена сум пред 2ипол месеци, на 6недели бев на контрола се беше во ред. Е сега последниве две недели гледам понекогаш на гаките по некоја точка светла крв. Ова не е секој ден туку за 2 недели три пати. Поприлично сум сигурна дека е од епизитомијата. Болки немам. Се случило на некоја? Планирам да одам на лекар пак но по некоја недела сега не сум во можност.
Ако те пече кај раната, можно е да е од неа.. јас дека и испукана и сечена бев ме имаа чудно испошиено, па раната до ден денес знае да ми напука и да имам крвче... Сега за второто бебе, на вагиналните прегледи со рака ми испука и тоа многу.. Знае и при односи да ми напука некогаш
Хмм не сум осетила да ме пече или боли, ама синко го клацкам седната на пилатес топка заради грчевите и некогаш ако долго се клацкаме осекам притисок. Иначе и јас сум и сечена и испукав.
Породена сум природно без анестезија и имам болки во грбот во кичма ниско доле, кај плешките горе и дури и во колковите. Се надевам и очекувам дека со тек на време ќе ми помине таа болка но до тогаш се мачкам со Nodol Traum Gel, има ефект на ладење и загревање и со блага масажа помага
За некој саат ќе бидат точно 2 недели од царскиот. Болки нормални, со тек на време помали, повеќе мускулите ме болеа што беа атрофирани од лежење со недели дома и во болница. Меѓутоа, одеднаш последниве 2 дена имам доста силни, остри болки, на лева страна само, и тоа напред долу над и под раната (значи не раната) и назад кај кичмата. Во вторник одам на контрола на трансфузиологија па ќе видам како е крвната слика, беше супер пред некој ден. Да тркнам на лекар/гинеколог толку рано или нормално е - од гасови, констипација, движење и стоења во болница и возења во кола, одење по скали?
И јас подолго време чувствував болка на едната страна. Докторот ми кажа дека е нормално бидејќи од таа страна е појако подврзана матката заради превенција од кила.
И јас имав таква болка поготово од левата стрна дури и ме печеше на моменти па јака болка ко со нож да ме боде некој..Ми рече гинеколог дека р нормално и ќе пројде...мене до 40дена ми беше мака и вакви болки си осеќав...а целосните болки поминаат по 2 месеци... А сега сум веќе 4м породена немам болки само местото над рана под рана ми е сеуште ко оттрпнато но со тек на време и тоа ќе помине Како сте? Како се јуначињата?