Жени, бев да проверам крв ради железото. Холестерол покачен и седиментација исто. Друго ок. До сега не ми биле никогаш покачени. Негде прочитав дека постои можност за зголемена седиментација после породување. Имала некоја слично искуство? П.С. Утре одам кај матичната
Од ноќеска нешто ме заболува на десната страна ама скрос долу кај вагината, кај коската, е сега болката е и како мало чешање кое оди исто само на десната страна и се шири до анусот. Јас имам хемороиди поизразени на десната страна, а исто и епизиотомијата ми е таму...Породена сум природно, пред 21 ден. Досега немав проблем, ова од синоќа...Дали е некоја реакција од раната или пак можна прелада? Синоќа некако додека се туширав ми дојде млаз поладна вода, после се прошетав боса по плочки и за неколку саати почна да ме боли. Ваше мислење?
Не знаев каде да го поставам прашањево, мислам дела тука ќе добијам најбрзо одговор. Ме фаќа паника и страв од се. 27 дена како сум породена. Исцедокот ми е различен секој ден скоро. Најчесто кафеаво-портокалов, розеникав, жолт, но еве еднаш во неделата ми потекува и црвено. Трае колку еден ден и потоа пак менува боја како да се чистам. Немам болки, не е обилно, влошката ми е само ко извалкана, нема никаков мирис секретот. Дали е нормално вака понекогаш да протече крв? Минатата недела ми се случи при напор, а вчера од нервоза плачев и веднаш после тоа ми се случи. Знам дека не е вистинската тема, се извинувам, но сакам да слушнам ваши мислења
Нормално е, и кај мене беше така. Се случуваше со денови да нема ништо или само малку кафено, а потоа да ми потече свежа крв. Рано е сеуште, барем до 40 дена ќе крвариш. Мене точно на 40-тиот ден ми прекина. Не се плаши, и немој да се нервираш за било што, тоа е клучно сега за млекото и за бебушот, зошто и тие чувствуваат нервоза од мајката. Нека е жив и здрав бебуш
Нормално е, кај мене знаеше и бел да биде, некаде кај третата недела стана стандард блед, и до крај блед беше. Пред да навршат 40 дена еднаш истече потемно кафеаво и толку беше до 5тиот месец по породувањето. Ама сепак појди си на гинеколог.
Не се плаши, нормално е да протекува и црвена крв. Мене ми престана околу 40тиот ден баш. Сега веќе немам ништо. Не се секирај и не си прави стресови за ова, ќе помине
Кога ќе ми текне колку бев крш првите 7 дена По 6 месеци, уредна матка, направен ПАП, слаба нелагодност при секс (само на почеток на однос), стрии за извоз, болки во грб ко за добро утро. Ама тоа знам дека е и од вишокот кг. Се средува со вежби и магнезиум. Спонтан пораѓај за мене значи досега - чат пат борба со хемороиди, слабеење па дебелеење, трнење раце, пад на железо па терапија од месец ипол со Флорадикс, Премама до 5 месеци и Лактил уште заради немање млеко. Каква машина е женското тело, креатор. Можам само да се заблагодарам што сме во 21 век и има секакви препарати за оправање. Пораѓајот иако е секојдневен процес, е премин бре. Целосно се прекршив на пола мислам. За второ, само тоа ме пишмани како ситуација. Дека морам да сум силна и физички способна затоа што ќе им требам на своите деца. Ме фати жал сега за сите измачени мајки. Нека не' држи добро здравје и долговечност!
Јас уште имам жолт исцедок, на 10.02, 2 месеци правиме. Немам отидено на гинеколог бидејќи бебето не стој без мене, имам како болка и лутење и црвенило долу, со царски сум ама се отворив 7-8 прсти и 100 раце пикаја проверуваја до кај сум, дали некој имал таков проблем? Дали да земам нешто канестен?
Синоќа Имав малку кафеав исцедок, а скоро 2 месеци од пораѓај. После 40 дена немав ништо, сега ова од каде, што, како!? Денес и малку менструална крв. Можно е да добив менструација, или нешто друго е во шрашање? Загрижена сум
Јас крварев само 20 дена *спонтан пораѓај и денес сме 45 дена Вчера бев на гинеколог ми рече супер сум како да не си родила вика не се гледа ни раната ич, убаво те сошиле,и плус ме гледаше на вагинално ехо и рече кај и да е ќе добиеш има нова јајце клетка мора да пазите многу со маж ти да не останеш пак трудна Почнав да вежбам од вчера жива среќна сум
13 ден после породување, а јас веќе не крварам. Прво беше обилно, сега само некое бледо кафена трага и тоа многу малку. Ова нели е малку?
Не се плаши и јас бев така 1 недела обилно,после се помалку и помалку на крај неколку дена бледо и како што кажав се тоа вкупно само 20 дена
Дојде бабицата сега да ме провери. Матката се вратила на место. Кај секоја различно, зависело од физичката подготвеност на телото. Така да на 13 ден е исто океј ако нема болки на допир. Секако редовни масажи во следните две недели.
Zeni dokoga krvarevte od carskiot rez jas sum dva I pol meseci porodena I krvarenjeto koga ke mi sopre koga pa ke pocne ama denes pocnav obilno da krvaram a ja dojam kerkickata
A bev sinoka na Dr se pogodi na smena toj sto me poragase mi dade pet inekcii ergotil I kapki ergotil I ampicillin antibiotici