Јас се породив пред 24 дена, зар е можно да ми престане крварењето? Исто така имам некои главоболки и притисокот ми варира де 120/80 де 90/60. Чувствувам и како слаби менструални болни ама ептен слаби како кога бев трудна или за време на овулација, а приметив кога носам мидер не осеќам ништо. Некоја нешто слично да имала?
Јас се породив пред 42 дена и сеуште крварам паѓаат парчиња и кога излегуваат ме боли чувствувам како излегува од мене. И да и кај мене е исто кога носам мидер ме боли стомак и половината како менструални болки да се, а за крварењето може да трае 6-8 недели. Колку повеќе трае толку повеќе се прочистуваш така ми кажа бабицата. Колку влошки сме употребиле колку за 9 месеци бременост.
@S.J.Parker мене ми течеше кратко, колку тебе. Бабицата објасни дека новите генерции немаат 40дена крварење како резултат на спортски активности. Се е во ред ако матката е симната. Нека те види гинеколог треба да те напипа, болки на пипање не треба да имаш.
Не знам како си породена но со царски рез се крвари по кратко. Јас после 3 недели 21 ден од пораѓајот престанав да крварам . За притисокот би ти рекла појди си на лекар, но мислам дека ти е од што си уморена.
Во вторникот сабајле сум во 2:30 сум оперирана. Примам неваксон и фраксипарин еднаш дневно. Денес ми испитаа црп и резултатите се застрашувачки, 201,9. Им викам на докториве да ми испитаат димери, немало потреба викаат. Планирам до утре да чекам да видам дали ќе паѓа, ако не собирам парталите и бегам. Имала некоја искуство со ова? Да знам дали уште одма да бегам. Значи ќе си пукнам веќе.
Црп обично после хирушка интервенција нагло се качува а после опаѓа, иако ти изгледа заштрашувачки можеби е во опаѓање. Неваксон е всушност исто со лендацин од 1г. Значи покриена си со антибиотик, мислам да не се паничиш веднаш, да им веруваш на докторите. Поздрав, ке биде добро
Добро е паднало на 158. Ќе седиме до утре поради жолтицата на бебе. Ќе ми дадат и вечер неваксон, па од утре некоја друга терапија за дома. Инаку јас немам баш никаков симптом за вака високо црп, па се тешам дека е добро.
Не ти ни требаат симптоми после се што помина.Најбитно е дека се средува ситуацијата и ти се чуствуваш добро а и бебка да е добра.Утре куферите и дим да те нема ,домче на чување со малата .
Барав, барав и никаде не најдов. Не знам дали е за тука дали е за тука.. Нормална ли е непријатна миризба после ова? 18 дена како сум породена. Имав епизитомија. Не ми кажаа колку, само ми кажаа малку е, тоа е една дупка за која е употребен еден конец, толку знам. Кратко траеше шиењето, не беше болно.Откако се породив ми мириса неубаво си викав од крвта е, сега веќе не крварам, имам некој жолт исцедок, и некогаш многу малку бледо розев, почнав и дневна да носам веќе 2,3 дена. Се мијам само со вода на секое одење во вц, раната не ја пипам, користев бони со мрежа, на неа ставав физиолошки раствор дека не крварев многу и сува влошка сува рана и ме стегаше непријатно ми беше, вака со физиолошки ми беше супер, веќе 5ти ден откако се породив си седев без никакви болки и непријатности, нормално функционирав. Не ме боли.. Дали и кај вас е вака, или јас да фатам на лекар порано
Слично и кај мене, јас не сум шиена ама по 3 дена од пораѓај имав киретажа ради остаток од постелка..осетив и јас некој мирис додека крварев но мислев ај од што се потам,едно друго, помина крварењето, и почна да ме боли стомак како менструални болки и одвреме навреме кафеав исцедок кој пак имаше некој мирис..вчера бев на лекар, ми дададе антибиотик иако вели дека сум немала мирис и крв такви работи, освен некои бели точки во матката за кои мисли дека или се белези од чистењето или почетна инфекција..за 5 дена сум на контрола..ако си в можност иди си на лекар, барем ќе си мирна, ќе знаеш на што си..
Последниве два дена кога ќе станам од спиење наутро исто како во бременоста имам трпки на нозете доле одвај газам. Има некој слични симптоми?
Јас со првата бременост. После породувањето секое станување наутро како на шајки да газев. Баш ме болеше. Траеше некои 2 месеци сигурно.
Не знам. Бев кај тројца доктори зошто траеше долго и навистина беше болно и сите ми рекоа- кај некои жени е така после породување, а зошто никој не знаеше да ми каже. Инаку јас пиев некои комплекс витамини Огестан кои ми ги препиша матичниот 6 месеци после породување, земав и магнеиум плус ама не ми помагаше. Имав многу отечени стопала последните 2 месеци и исто и од кога се породив неколку месеци. Стопалото ми порасна за 2 броја (и се уште ми расте ). Дали болките беа заради тоа не знам, ама чувството е језиво секое прво станување сабајле. Друг некој во моја околина немал ваков проблем. Нешто сме "посебни"
Ебате посебните Читав на нет дека е до мускулите на матката се многу лабави или на половината и предизвикуваат притисок на некој нерв. Следна недела сум на контрола ќе го прашам гинекологот ке паса.
Па ми има логика, зошто имав/м проблеми со кичма. Баш ме занима што ќе ти кажат, пошто овде од стручњациве толку. Пиши апдејт