Кичмата не боли оти мускулите на грбот биле стегнати да го држат стомакот и после породување како федер ефект ние посебните сме со силна болка. Ќе морам кај матичниот термин да закажам да ме препрати на специјалист. Трпките на нозете ми поминаа од дополнително железо кое го внесувам, ова : https://www.docmorris.de/floradix-m...MIr4Gxrfyw4QIVleN3Ch3hlgUOEAQYAiABEgI34PD_BwE
Посебноста не убива Јас го пиев овој Флорадикс од 12та недела до недела дена после породување. Не знам дали е истиот, ама навистина беше ефикасен. Можеби сум требала и после да го пијам подолго време- ќе си знам сега. Болки во кичма искривена од сколиоза и кифоза после породување немав за чудо ама затоа подоцна ми се појави дискус (е тоа е болка за паметење). Објаснувањето и од ортопедот и од докторот на физикална беше дека претходно сум имала силна мускулатура (вежбач бев навистина) ама како поминувало време и слабееле мускулите (не вежбав после породување) кичмата си го наплатила данокот. Лекот е само јакнење на мускулатура на грб доживотно за да може да држи кичма права. Бања и јога, тоа беше терапијата. Правам лесни јога вежби (кои не се на стомак) цела бременост и навистина има ефект. Претходно мислев дека морам да рипам и да се испотам квалитетно за да биде тоа вежбање, ама не било така -баш напротив. Е сега вежбање во првите година и пол за мене беше мисловна именка зошто 30 мин. непрекинат сон беше редок луксуз, така да такви совети нема да ти давам. Само преживеј го периодов па после ќе видиш сама кога ќе можеш и колку
После колку време ви зарасна раната од природно породување? Јас сум породена недела дена, имам 6-7 конци заедно и надвор и внатре но уште неможам да функционирам. Не можам да седам, одам искревно. Сега се сега само едно конче е разградено, другите уште стојат. Се нервирам, неможам за бебето да се грижам сеуште како што треба.
10 дена, ми стана потешко при крајот кога затегаа конците пред да паднат, е тогаш дека опуштена зошто раната не боли наеднаш се штрекав. Инаку користев физиолошки раствор, прскав на влошката колку да ми држи ладно на раната и се одмивав со ладна вода после секое одење во вц. А за конците мислам само еден видов дека падна а имав 5-6 конци сигурно. Јас мислев дека крварев само 20 дена а оно си паузираше, па почна некој жолт исцедок за сега пак да смени на црвено - кафеафкасто. Има ли некоја како мене што и паузирало чистењето?
Точно недела до денес како сум породена и еве денес ми е малку подобро. Многу ме болеше, седењето и така и така, ама при одење највеќе. Среќа мм зеде одмор некој ден па ми помага низ дома и со бебето, а јас се чувствував ко паразит. При првиот пораѓај 10 дена точно ме болеше, изгледа и сега ќе е толку.
Еве мене ми е 10 ден денес и уште ме боли, конците се пола пола разградени, малку е подобро од вчера но сеуште неможам сама да функционирам. Мислам дека никогаш нема да можам нормално да си седнам
Претходниот пат спонтано се породив, и додека сите ми кажуваа дека з една до две недели ке зарасне раната, јас точно еден месец неможев ни да седам ни да одам како човек. Имав 9конци па на крај и ми се инфицираше раната. На крај се се реши ама веројатно секој случај си е сам за себе. Овој пат се надевам дека ке биде побрзо опоравувањето.
Еве ме денес малку подобра, надворешните конци се разградија, останаа уште внатрешните. Уште ме пецкаат но е малку полесно станувањето и одењето. Едвај чекам да почнам нормално да функционирам.
Јас многу мака имам со кичмата,насабајле многу ме боли а и кога ќе се наведнам едвај станувам. Незнам што да превземам дали на масажи да одам или на физикална зашто оваа болка не се трпи.
Пробај прво со масажи, и мене грбот многу ме болеше дека седната го доев, кога почнав со масажи одма осетив разлика
Се породив на 15 март раната ме болеше само првата недела но конците сеуште не ми се паднати особено имам два чвора кои многу ми пречат се надеавм дека деновиве ке паднат и тие
Не е од тоа. Јас сум природно и речиси се укочив денес скроз. Ибобруфен маст и појас одма уклучив. Ќе ја испуштев од раце. Тоа е од мускулите на грбот кои стоеле цврсто и затегнато да го држат стомакот и после породување нема таков притисок на нив.
Јас мислам дека мие од спиналната. Еднаш и јас сум природно породена и дп пред да останам бремена кревав секој ден минимум 100 кила и немав ваков проблем. А и може е сано шлаг на цело оптоварување.
И јас осеќам дека од спиналната ми е, кај што сум боцната (2 пати) баш тука ме боли и тоа многу неиздржливо, а грбот нагоре плус ме боли тоа е од доењето од лоши позиции и од тежина на бебе (8700 грама е на нецели 4 месеци).
Од лоша позиција плус. А имаш право и тежинава на нас три ни ја заеба половината. Кај мене два и пол скоро иде накај 7кг. И не ни ја ставам во креветче веќе ја оставам на спална не можам да ја кревам на два саати доење.
Ќути мислам дека подобро што се роди порано бидејки и он ќе беше толку тежок. И сега е машала за една недела 4 месеци а е 7.600. Јас ќе морам да се средам до септември на масажи да одам или на физикална ќе видам. Ќе се вратам на работа и пак ме чека секој ден по 100 кила кревање на ден а и незнам дали смеам толку да кревам после 9 месеци од царскиот.