Точно една година помина како не се доеме,добивам циклус редовно ,сега овој циклус ми се појави и млеко од градите,има ли место за паника дали има некој со слично искуство. Да напоменам прекинот на одење помина без апчиња на природен начин и ехо на гради правев пред 4 месеци.
Јас имав такво искуство после второто породување. Поголемиот не цицаше. Го одбив помалото и после тоа имав млеко краток период. Дури се чудев.
Здраво имам 42 г.Втора бременост.34 недела сум со бебе тешко 3кг.Нешто ми подспомнаа царски ќе ме породат.Ради годините и крупното бебе.Искрено се плашам.Ма да и со природниот пораѓај многу лошо поминав.И на самиот чин и заздравувањето.Поминаа 10г.Ама уште се памти.Има ли некоја мајка тука што раѓала вака на 40ги по 40?
Јас мила сум 40 години и пред некое време се породив царски имав причина,по преглед со рака и се установи тесно грло и плус миоми во цервикс и тоа 2,и мораше и царски и миомектомија.Правев во систина кај Др.Ивановски и Темелковски и баш си поминав царски.Никакви последици немам,ама баш никакви,(фала Богу)си функционирам најнормално.Пак кога би раѓала пак мојот избор би биле тие доктори.Све беше организирано на ниво.Бев со спинална анестезија,која што беше правилно имплантирана.Ти посакувам лесен пораѓај и мисли само на бебуш и све ќе биде во ред.Девојките над 40 се најхрабри.
Има ли некој искуства со Лазарова Александра на ГАК за пораѓај?Царски?Природно?Она е жена ма Маријан Стојоски гинекологот?
Јас првпат после 4 месеци од пораѓај, страв ми беше :/ помина година и пол и уште не се осмелувам со восок низ раната, тој дел со чупалица го решавам
Не знам во која тема да пишам. Се породив со царски пред 8 дена и сега на туширање напипав тврдо топче колку џамлија на препонот десно, веднаш до ваџејџеј. Се извадив од памет! Што може да е ова, знае ли некој? На допир ме потсетува на кила, по тврдоста и текстурата, ама јас колку што знам кила искача горе над вагината не доле скоро кај “влезот”. Инаку не се пазам ич од царскиот, одма станав, одма почнав да го кревам бебето и да се напнувам со обврски - не знам дали требаше да мирувам можеби :/
Многу добра статија!! https://thestir.cafemom.com/pregnan...tter-too?utm_medium=Facebook&utm_source=LTcom Многу!!
Имам една пријателка, минатата година се породи, неполни 40 години..кога ја прашав како планира, рече не планирам докторите рекоа царски. Мене не ми е јасно, кога верувам ако имаат 40 години телото е програмирано за раѓање, тоа е мајка природа, зошто форсираат царски ако се е во ред со притисок и се останато. Како се чувстувате вие ? Што ви рекоа може ли природно ?
Здравоо на сите Пред 1 недела се породив природно но шиена сум 5 6 конци , е сеа ме интересира за колку време ќе зарасне раната. и колку време се крвари ??
Јас бев исто со неколку конци, крварев 40 дена, раната ми беше во ред после 10 дена, ама кожата ја чувсрвував затегната. После 20 дена зарасната беше сосема.