Ти ја осеќам болката Туширање со млака вода 3-4 пати на ден, и мачкање со јод, или било што за рани после пород.Носење широки пижами без гаќи, или од оние мрежестине за да диши раната, и влошки ВИР би ти било најпаметно. До 2 недели од породувањето би требало да ти биде веќе океј,мада ја околу 3 недели се мачев за зараснување, и кога спиев перницата ми беше мегу нозе ,за да диши раната. А за крварењето секој е индивидуално. Некој крварат 1 месец, некои 40 дена ,некои само 2 недели.
Јас не знам колку конци бев,ама сигурно многу повеќе од 5,6 со оглед на резот кога се видов До 7 ден поголема болка,до 14ти ден помала,на 20ти веќе никаква. За крварење, 22 ден ми е веќе неколку дена како да се цеди капка по капка црвено-кафеаво,таман мислам завршило,ќе падне поголема капка..
@Sofi.ja јас болка имам коа станувам од кревет дали оти седам @Dikinzi да да ставам спреј што ми рекоа од болница
Ќе помине..мачно е ама ќе помине Болка на седење, стоење, лежење..тоа е , нема друго освен да се истрпи..
Исто имав и јас, солзи ќе ми потечеа од болка на станување. Ама во друга тема прочитав што почесто седиш на раната побрзо поминува. Мене ми беше тешко и станување од спална,одење..леле ко ќе заплачеше бебе рипав и трчав заборавав на се
Здарво Мамички Кога отидовте прв пат на гинеколог после пораѓај? Кај мене на извештајот пишува по 1 месец контрола а јас сум породена 18 дена не крварам веќе така многу малку ама осеќам јадеш
После 6 недели ми рече сестрата да одам за контрола, така бев и со првото. Ако нешто осеќаш најдобро јави се прашај, па ќе ти кажат дали е нешто шо може да почека или не. Мене ми престана крварењето после негде 3 недели ама имам некој кремаво-жолт исцедок, некогаш ме чеша-некогаш не, а од време на време чувствувам и некоја тапа внатрешна болка, па се си мислам дека е нормално. Ваљда затоа ги даваат тие 40 дена, за то време треба комплет да се среди и крварење и исцедок.
Јас вчера прв пат бев на гинеколог по 49 дена. Ме прегледа вагинално , раната е зарасната , конецот паднат (пред 2 недели видов ситни делчиња од конецот на влошката), матка , цервикс се одлично. Ми рече дека мензис сега за сега нема да ми доаѓа , поради тоа што дојам. Е сега на самиот отвор на вагината (внатрешно) имав некоја циста полна со течност што премногу ме болеше кога докторот ја фати . Ја вовлече течноста со шприц и игла , ме исчисти и ми рече дека не е ништо опасно , организмот сам ја создал.. е сега ми рече ако пак се појави ќе ја извади и обвивката (колку што разбрав )и ми закажа преглед и тест пап во февруари. Дали некој имал нешто вакво по пораѓај?
На отпусното пишуваше контрола на гинеколог за 2 недели. Така и отидов. Ја виде раната само дека ок зараснува. И ми рече контрола по прва менструација. Тогаш правев пап.
Не знам дали е соодветната тема за Прашањето, какви последици може да има на тироидната жлезда после пораѓај? Симптоми?
Јас немам никакви последици,породена царски пред 3 месеци,само тсх ми се намали и со тоа ми ја намали докторката дозата,а имам и јазли на неа.Господ нека ми ја чува.Се надевам мила и ти ќе бидеш ок.Секое добро
Еве го моето искуство, породена пред 2 ипол месеци, се уште многу свежо. Се породив во државна болница, природно. Тешко ми беше раѓањето. Бев сечена, не знам колку кончиња имав, но откако ми помина анестезијата, раната многу ме болеше. Пиев само парацетамол. Во болница бев четири дена, едвај станувув од кревет, но мораш. Кога дојдов дома, на раната ставав кантарион со маслиново масло и ми помина за некои 10 дена. Ама тие 10 дена ми беа тешки, не можев да седам, лежев само на една страна. Брзо се опоравив, еве сега немам никакви последици. Се, се врати во нормала, дури добив и циклус.
Здраво мамички, Пред 6 дена се породив со царски, сега сум дома, се е во ред но имам главоболки од анестезијата и некогаш се неподнослови. Дали има некоја со слично искуство?
Јас. Ужасно неподнослива болка. Знаеше да ми се смири со пиење кафетин со аналгин наеднаш (по совет од анестезиологот), но сепак ме болеше. Ме болеше 2 недели толку многу што сакав да ја трескам од ѕид бидејќи бев убедена дека тоа помалку ќе ме боли. Знам како ти е, што поскоро нека поминува :'(