Прочитав во друга тема и зачував Виоплекс спреј. Членка го користеше и се пофали после 2 дена, го препорачува. Не знам дали треба консултација со доктор.
@Aleksandra997 Јас сум породена пред 17 дена. Го користев спрејот Виоплекс по третиот ден од шиењето по препорака на членка. Значи само два дена што прскав веќе се чудев како можи раната толку брзо да се смири и зарасни, пре премногу помага.Немој да чекаш и да се мачиш залудно со денови, купи го спрејот и ќе немаш гајле Без него немаше шанси толку брзо да закрепнам.
Ај ако сакаш пушти ми слика каков е тој спреј што го користиш? Јас ставам Octenisept спреј, немам болки, зарасната е раната ама на едно место кај што сум шиена како подлабоко да е гледам, со огледалце се гледам одоздола и како дупче да има подлабоко и 2-3 пати при бришење имам крв од таму баш, паднато е кончето таму баш и не е зараснето оти подлабоко фатил кога ме шиел и ми тече крв понекогаш од таму, ќе зарасне ли или че ме помсчи којзнае. Инаку не ме боли, седам, одам, се супер.
Леле и јас така зарасната е се убаво раната не ме боли воопшто но има едно место кај што е како откачено кончето...незнам дали ке зарасни само по себе
Здраво не знам дали е баш за тука прашањево ... Се породив пред 7 дена во Чаир пред да не пуштат ми ставија инекција да ми се собрала матката и да исфрлам најверојатно тоа што имам ми рекоа ке имаш и болки... Но никакви болки немам башка што престанав да крварам скрос некаде 5ти от ден ни рана ме боли ништо.. колку е тоа нормално?
Па мене со прекини ми беше крварењето а за болка имав при наведнување а вака не.Колку дена беше во болница. Честитки и се најдобро и за тебе и бепчето.
Виоплекс е во состав антибиотик и ако нема воспаление или инфекција не треба да се користи.Неможете сами да го препорачувате треба лекар да ви каже.
Пораѓајот нормален или царски.Консултација со матичен гинеколог ,ако немаш крварење по два или три дена може ќе треба да пиеш метилергометрин капки.
Природно се породив.. ке видам од вторник ке одам кај матичниот па ке видиме што ке каже се надевам ако има нешто со капки/апчиња ке се среди .
Капки се ,се пијат 3 пати по 15 или 20 и предизвикуваат контракции на матката за да се исчисти се.И ќе имаш и крварење кога шослаби која појаки.
Здраво, може ли некоја членка да сподели искуство дали после царски рез имала болки во стомакот при допир? Јас кога ќе се допрам десно од папокот имам болка. Матичната ме прегледа, ги виде цревата и ми рече дека се е во ред, но јас сепак се плашам. Благодарам
Јас имам прашање до сите мамички во врска со психичкото закрепнување...дали паднавте во депресија и како се осеќавте после пораѓај на психичка база....после колку време се стабилизиравте??? Јас и после 1 месец од пораѓај не се чувствувам стабилно. Самодоверба нула имам и многу вина на себе ставам..
Јас не паднав во депресија ама исто се чувствував како тебе, од дома не испаѓав, многу нервозна бев, вознемирена, ме нервираа многу работи, бебе плаче, не спиени, не одморени дење ноќе, многу тежок период ми беше и тоа долго траеше Кога заврши тоа и кога ќе си помислив на почетокот што се случуваше сфаќам дека сум била во некоја блага депресија ама не сум била свесна и требало да кажам или да се консултирам со некој ама тоа е помина за второто знам кои работи да ги сменам и како да постапувам во одредени ситуации. Обиди се да бидеш смирена да не се нервираш, бебињата осеќаат, ако нешто се изнервираш поарно испадни од собата смири се па влези, одмарај колку можеш иако знам дека тоа е најтешко и да знаеш дека ќе помине и ќе биде полесно, уживај во моментите со бебе оти ќе летнат за час
Фала ти многу, барем некоја утеха и мене ми е прилично тежок период пошто ми е прва бременост а близнаци се плус странство сум сама и само на маж ми му префрлам вина. Викам урлам плачам ко ненормална и неможам да се контролирам. Какви ти беа односите тебе со маж ти во тој период и дали се однесуваше премногу заштитнички спрема децата а критички спрема мажот? Мене така и во бременоста ми беше и еве сега продолжува...
Јас со близнаци вториот и треиот месец ми беа многу напорни,ден ноќ не се знае,време за ништо,јас сум таква се сама сакам,ме нервираше мажот ми што излегол да пазари и според мене долго се задржал,со него никаква комуникација и одделно спиевме ама после 3 месец се стабилизирав а и децава фатија ритам некој со спиење и се смирив.Кога ќе се осетев вознемирана излегував од кај децава,дали е голо,мочкано или гладно а се чуствував напната му ги препуштав на мажот ми одев се туширав и кафе ќе испиев па ќе дојдам смирена.
Нормално е сето ова што го чувствуваш, треба хормоните да се средат, за тоа треба време, а од друга страна, преморена си. Оти си сама, ем со близнаци, со едно е тешко, со близнаци не можам ни да замислам. Кога ќе дојде мт од работа не му се истурај, замоли го да преземе поголем дел од обврските околу домот за да може да се посветиш на децата. Не треба ни да го молиш, сам треба да знае и да го прави тоа без да му кажеш, оти сама не можеш се. Нормално е дека е уморен кога иде од работа, ама и ти си уморна, се одмара кога спијат децата. Пробај да намалиш со критикувањето, што и да направи, како и да го направи, барем го сторил тоа. На почетокот е тешко додека влезеш во шема, првите три месеци, особено ако бебињата имаат грчеви, не се лесни, ама со тек на време ќе биде подобро. Само пробај малку попозитивно и оставај ги малите по пола час, час со сопругот, за да си посветиш малку време на себе, што би се рекло, да се измочаш на раат.