Ај да пишам и јас. Вчера се породив и бев катастрофа. Царски рез .. операцијата добро помина, ама денот многу долг ми се виде.. Многу плачев, што од среќа што од збунетост. Кој како се јавуваше ми се плачеше уште повеќе. Мм го видов ептен на кратко и уште повеќе плачев. Ноќе многу малку спиев. Утрото ми го донесоа бебето, тоа плаче и јас плачам, на визитата пак плачев и сите кога ме прашуваа зошто не знаев да одговорам. Не знам зошто плачев. Стрина ми ми прошверцува диазепам и кога ќе осетам пак дека паѓам психички пијам по едно и легнувам на дремка. Вчера во 11 сум породена, а денес накај 15ч прв пат станав. Лесно се движам, одам, проблем ми е седнувањето само, можам и подолго да останам на нозе. Главно добро се држам. Е сеа ме плаши раната како ќе ми биде. Ми рекоа виоплекс спреј да купам, ми донесоа, ама немаат ми ставено ништо, дури ниту лепенката ми ја немаат извадено. Раната си е затворена со нешто залепена. Сега се плашам што понатаму, како треба да ја одржувам, што да ставам, што да правам, а што не? Сакам убаво да ми заздрави..
Се ќе ти кажат они, немој ништо на своја рака. Мене ми ја одлепија лепенката мислам после 3 дена и ми кажаа ништо да не и ставам, а после туш само убаво да ја исушам. Треба време за да помине.
Точно и од кога ќе се затвори убаво ќе си ставаш контратубекс за да немаш лузна т.е. да избледи колку што е можно повеќе
Честитки,живи здрави да сте. Виоплекс и јас ставав 2 пати во ден дома мажот ми ме прскаше.На почеток не креваш тешки работи и кога се миеш убаво да ја исушиш да нема вода.
@Fallen.Angel ништо на раната не треба да се става. Ќе помине. Знам дека боли ама само подобро ќе ти станува. Убаво сушење после бањање и можеш да ставаш стерилна газа за да не ти се поти местото. И зошто дијазепам? Како тоа ти прошверцувале и ти дале? Само глупости и компликации за џабе. Консултирај се со докторите таму што да пиеш, а не да ти шверцуваат ни помалку ни повеќе, дијазепам. Греота е за бебето да пиеш ако сакаш да го доиш.
Страшно. Сестрите ме немаат погледнато денес. Болки имам , се тресам ама никој не доаѓа ни да ме провери. Ми го оставија бебето цел ден, едвај се снаоѓав.. И сега сакаа ноќе да ми го остават, ама ги замолив да го земат бидејќи не можам да станувам толку често и не знам што да му правам. Млеко ми нема воопшто надојдено, ми донесоа млеко во шише да го нахранам, едвај голташе и на крај се исповрати. Ќе полудам.
Сите (особено во државниве клиники) сме го поминале ова. И мене ми ја оставија уште првата вечер, уште со катетер бев. Бебе плаче, јас плачам, боли страшно, си викам што ми требаше ова. Маж ми беше жртвата, само му се јавував и пцуев. Млеко ќе дојде, биди упорна само. Сега ти е прилика да си се поврзеш со бебето, да бидете заедно без никаква друга обрвска. Ставај на града, колострум сигурно имаш. И пак ќе ти кажам, пеколно боли, ама секој нареден ден е полесно. Почетокот ви е многу важен, не го испуштај. Батали какви биле сестрите, дали ти даваат нешто за болки или не, замарај ги само за да ти покажат како да го наместиш бебо. На крај па пушти туторијал на јутуб. Вие двајца сте битни сега, бебето те знае само тебе.
Не е ништо страшен дијазепамот се дури е најмала доза. Не мора толку строго, ако некоја после пораѓај се чувствува под стрес ќе се напие, значи здравјето на мајката е исто толку битно колку здравјето на бебето, скрос иста важност. Се согласувам со тебе дека лекови не треба да се шверцуваат во болница, ама ја разбирам кога кажува дека никој не ја погледнува, особено после царски кај што едвај се движиш и плачеш цел ден. Дијазепамот повеќе смета на трудници одколку на доилки, а особено ако уште нема млеко, не е ништо страшно, само без претерување.
Нема, ке помине. Нека е живо и здраво, големо да расте. Побарај им шприц, и давам му млеко со шприц. Ем малку ке му сипнуваш, ем нема да стане мрзливо. Ставај го на цицка постојано, кога ке почне да плаче дај му адаптирано.
Како да ти кажам, млекото не се создава во рок од неколку часа. Не можеме да знаеме колкава е таа најмала доза кога лаички е шверцнат и испиен дијазепамот. Бензодиазепините се излачуваат во мајчино млеко. Реално, има други начини да се смири, не да се шверца дијазепам.
Имаш ли доволно течности за пиење? Јогурт, сок од јаболко/праска, вода, чај за доилки? Мораш многу да пиеш сигурно знаеш веќе. И послушај горе што ти пишале да ги замараш сестрите да те научат како да го наместиш за доење или пушти туторијал. Мораш да го ставаш на града и тоа гола нагоре да бидеш.
Најмала доза е 2.5. Тоа е најмала доза која се продава. Не значи дека доилки не смеат ништо да пијат. Ко што е парацетамол дозволен во бременост, а други аналгетици не, и во доење си има начин да се селектираат кои работи се излачуваат во млекото и дали во безбедни количини и дијазепамот е дозволен, секако со дозвола од доктор, ама ако некоја се жали после царски дека и е претешко и дека цел ден плаче сигурно не чека некој на форум да и каже, најди си други начини за смирување, греота е за бебето. Во првите денови сите се осеќаат ко да се лоши мајки, не мора ти уште да додаваш.
Озбилно кој ти е проблемот? Каде додавам? Од кај знаеш дека 2,5 испила? Може, 5, 10 мг се. Ниеднаш не спомнав лоша мајка, кажав дека сите сме биле такви и дека ќе биде подобро. Ама ти мораш како и секогаш и секаде да извртиш и да рипаш без врска.
Немаш што ти да и кажуваш "глупости и компликации за џабе" и дека е "греота за бебето". Сега баш читам за дијазепам, во крвта останува до 30 часа, што е премалку, а во млекото се излачува апсолутно не важна количина доколку мајката пие најмала доза и краток период. Како да ти кажам, ама ако за 30 часа одкако се напила не и дојде млеко, нема да има ни трага од дијазепамот во млекото. И како да ти кажам, ама форум е ова и кој кај ќе коментира е негова работа.
Океј, нема ти што да кажуваш тогаш пиј си, терај си, а само си изгуглала три секунди за нештото. Ако е форум и кој сака коментира, немаш право да се дрзнуваш со твоите дрскости, бидејќи нели и јас кај сакам ќе коментирам. Откачи се аман, престани секаде да паметуваш семоќен гугл доктору.
А бе имаш опција за игнор, а дали ќе се откачам нема тебе да те прашам. Покажете малку емпатија кон нови мајки кои се стресени, не мора да ја достресуваш со чувства на вина, покажи разбирање малце ќе видиш дека не е страшно
Како на ѕид да објаснува човек некои работи. Примени си го овој совет кај себе. Престани да сфаќаш се како што тебе ти одговара.