Каква емпатија бре, препорачуваш дијазепам на доилка, а си немаш врска од животот. На гугл си проверила колку време се заджува бо организам.
@Fallen.Angel мајка денес ке бидеш за нијанса подобро. Стани полека измисе и речи им на тие сестрите таму доста тегнат кафе нека дојдат да ти го наместат бебето да почне да цица. Тоа кога ке спие и ти ке спиеш. Ке се навикнеш за брзо на новава ситуација . Ти треба и одмор не заборавај па така да слободно да им речиш да го земат два три саати за да се наспиеш. Дијазепам апсолутно не ти е потребен,не смирува тоа апче само ги опушта мускулите. Ако заглавиш некаде во местење,пресоблекување на бебе пиши па ке ти објасниме ние тука
@Fallen.Angel прво честитки, да сте живи и здрави! Моето искуство со второто бебе - од раѓање беше со мене. Таму каде што се породив немаше соба за бебиња. Бебињата се со мајките од прв момент и нема никакво делење. И јас сум со царски. Пробај ситуацијава да ја согледаш како позитивна. Затоа што ако во болница не стекнеш самодоверба да се грижиш за бебето (додека си под надзор) дома може да ти биде поголем стрес и поголема нервоза. Бебето ти го носат за да се поврзете што побрзо. Поврзувањето со бебето е процес кој се остварува особено во првите денови, и делува многу позитивно на хормоните за доење кај тебе како и на хормоните за стрес кај новороденчето. Ако имаш мака, не земај терапија на своја рака, не знаеш што ти даваат во моментот и какви контраиндикации може да се јават. Во болница си. Разговарај таму со сестри, доктори. Ништо не е чудно во твојата состојба. Плачењето е нормално, хормоните нагло се менуваат, башка царски, башка стрес, бебе, сето тоа е еден шок како и физички така и психички. Но, ако се чувствуваш лошо, психички депресивно, мораш одма да разговараш со професионалните лица во болницата. Затоа што има два типа на ова ти што го живееш - едното се вика baby blues, и е состојба која е нормална и трае одредено време додека да се прилагоди мајката на сѐ што се случило, а другата состојба е постпородилна депресија, за која мора да се работи со професионално лице. Во секој случај грижата за бебето само ќе ти помогне да се справиш со ситуацијата во која што си. Гушкај го, гали го, нека е до тебе цело време, верувај на тој начин најдобро ќе ти се средат хормоните и ти е најдобра шанса да се потсредиш и ти.
@Fallen.Angel да е здраво и живо бебето,а на тебе ти посакувам побрзо закрепнување. Не мораш да шверцаш лекови, што и да ти треба можеш да побараш од сестрите ќе ти дадат. Јас барав инекција и парацетамол за болка ми дадоа. Уствари на гак попладне поминуваа сестри и прашуваа да не треба нешто терапија. Утрото после пораѓај ми дадоа апче за железо а другиот ден заради покачени леукоцити и антибиотик.
Фала ви на сите. Се обидувам да се соземам. Дома кога ќе сум друго ќе биде.. Овде е хорор, сестрите безчувствителни. Ми се погодуваа одвреме навреме некои од мајка родени ама тоа е. Ќе се издржи некако. Јас еве ќе си кажам дека не сум била во право. Јас велев дека не вреди толку пари да се даде за породување во приватна клиника. Сметав дека џабе се плаќа, само убави услови и удобни кревети. Си велев абе какво и да е ќе издржам во државно. Ама не. Веќе не мислам така. Второ бебе не планирам не ни помислувам да имам додека не си соберам доволно пари за да се породам во приватна болница и да бидам третирана како човек.
А мт нели им пушти некое благце и сок на сестрите таму? Државно е ама некои очекуваат такви подароци за да ти помогнат. Не знам уште колку ќе те држат ама ако не си одиш скоро пуштете им нешто за да ти обрнат внимание. За жал така функционираат :/
Многу ми е жал што поминуваш низ вакво нешто. Знам дека во болниците МНОГУ фали човечки третман и многу ретко се обрнува внимание на мајката како најкршлива емотивно после породувањето. Памтам кога се породив јас со првото, иако во приватна клиника во Скопје, бев изгубена. Не знаев што ми се случува. Единствената среќа во приватна клиника е што си доплатив да сум сама во соба за да може маж ми да нѐ посетува почесто. Без да биде тој таму, мислам дека ќе се мрднев. Ми помагаше да се измијам, ја бркаше работата на сестрите, ми помогна да ми е многу попријатно првите денови. Мислев дека е тоа привилегија. НО, откако се породив со второто во Германија, сфатив дека присуството на сопругот го сметаат за многу нормално, и на породување, и додека си таму со бебето. Затоа што тој не е гостин, тој е дел од таа фамилија. Со второто сестрите доаѓаа само да нѐ проверат, додека сѐ си правевме сами. Од пелени, грижа за бебето, сѐ. Со првото пелена не знаев што значи да смениш. Од тој аспект ти кажав да го сметаш тоа што ти го даваат бебето како позитивна работа. Најдобро е и да го воспоставиш доењето додека со таму. Верувај дека нема ништо подобро за твоето ментално здравје отколку грижата за бебето кое не зборувам само од пласибо аспект на самодоверба, туку и хормонален баланс кој само така најбрзо се поттикнува. Ако сакаш да се испукаш како ти е, пиши ни тука. Мислам дека скоро секоја од нас те разбира низ што поминуваш. И ако ти треба утеха, знај дека ќе помине. Само треба време.
Мајки поминаа 3 месеци откако се породив и гледам сабајлево лигав жолт исцедок јас мислев сум добила ама не.. нема никаков мирис, дали имала некоја вакво нешто?
Здраво, би сакала да се консултирам со некој што го имал истиот проблем. Породена сум со царски рез пред точно една недела. Забележав некоја болка во долниот стомак во тек на мокрењето, односно при крај на мокрењето. Не е силна, меѓутоа е како некаков притисок кој не е баш лагоден. Конците сеуште не ми се извадени. Дали е нормална појава а доколку не е дали некоја од вас знае за што би станувало збор? Ви благодарам
Се надевам не е нешто сериозно. Немам однесено урина на испитување, доколку се работи за бактерија претпоставувам дека треба лечење со антибиотик.
Не мора да значи јас со ова се средив за една недела. Можат и бремени жени и доилки да го пијат, едно навечер пред спиење. Само прашај си лекар за сигурно.
Ти благодарам ќе се консултирам и со доктор. Во однос на крварење и раната што е нормално? Јас имам слабо крварење но со темна кафеава боја како менструација при последни денови. А раната како да ме пржи и тоа повеќе од десната страна, а еве денес ми ги извадија конците.
@iva1210 ау душо јас уште не сум стасала до тоа, втор триместер сум. Ама сигурна сум дека девојките на форумот ќе ти објаснат.
Здраво мсмички.. Во однос нс тие што сте сечени раната кско да заздрави побрзо.. До нешто дали сте мачкале, прскале?
Што почесто миење со вода, после секое одење во тоалет, на влошката капнував бетадин. Откако заздраве кантарион