Не,не се лепат. Ке ги поднаместиш навнатре и во задник за да не ти лизгаат Јас царски бев,обилно само 4 дена ни толку на болница што крварев. А дома користев everydау уште неколку дена а сега само секојдневна.
Јас уште последниот ден во болница си ставив always и додека крварев до 40 дена такви си користев. Обично се крвари обилно првите 3 дена.
Јас вир користев ама бони се подобри последните бони ги земав затоа знам ,ако си природно посебно ако си со епизитомија не ти препорачувам да продолжиш со обични ,може да се спуриш па ќе си имаш мака.
@Lovebug01 јас 40 дена користев само вир. Немав некое обилно крварење ама обичните, во случајов yup многу ме потеа долу и со тоа ме печеше ептен раната.
@Lovebug01 Јас си спремив Вир влошки купив 5-6 пакувања, па со нив ќе терам до крај. Со првото дете имав епизиотомија и крварев точно 40 дена, и тоа не баш малку ,туку поприлично. И не ни пробав да ги заменам со обични влошки,баш како што кажа другиве членки оти раната нема да дише и ќе си направам проблем. Така да сигурно од епизиотомијата ќе ми распука на пораѓај па ќе си заработам пак шиење ќе терам со вир влошки.
Зедов Бони едно пакетче и едно Евридеј ултра, па ќе ми докупат од едните или другите ако има потреба. Ова зедов сега по едно колку да имам. И вака и така ќе се потрошат и двете порано или подоцна Фала ви девојки.
Колку време после царски крваревте и кога бевте на прва контрола на гинеколог и како изгледаше тоа дали вагинално е ехото и ако сеуште крвариш? Поминаа месец дена лд царскиот раната си е зарасната океј ама крварам сеуште, кога кафено кога чиста крв. Помислив бидејќи немам млеко веќе и малата е на ад дали е можно да сум добила или си тече крв сеуште од царскиот
Јас крварев до 38 ден,исто како тебе кога кафеаво кога црвена крв, на 43 ден добив циклус. На контрола отидов после циклусот. Еве од тогаш редовно пак ми дојде како порано на 27 ден ехото беше вагинално
Од кога се препорачува носење појас? Немам дијастаза, ама ми "висна" стомакот, плус хаос сум со стрии. Пред пораѓај немав на градите, сега и таму испукав и долниот дел од стомакот...кажете нешто ефикасно, а да не е многу скапо
Сестрами исто многу се жалеше 10 години се поминати од пораѓај. Одеше на физикални неколку пати. Од ова ми е најмногу страв, незз од што повеќе се плашам од епидурал или од природно болките. Ќе биде забавно кога ќе раѓам.
Ми спомнуваа за царски од спиналната дека болело. За епидурал никој не ми спомна. Ме боцнаа убаво и немав никаква болка. Сега имам, не е нонстоп, но кога го држам детето имам, тапа е, но ја имам. И многу ме нервира,посебно зошто претходно немав мака, а сега се 'зафркнав', сакајќи да си олеснам на пораѓај.
Да пробаш нешто од постов дали ќе ти помогне. Ако можеш најди ја на инста девојкава убаво е објаснето. Само тебе ти треба последниов дел, веќе си породена па знаеш како иде процедурата. @Alishan30
Мила , а да не те боли половината од што бебе ти е нон стоп во раци Јас немав никакви болки , ама уште имам белег.Да пробаш со некој лесни вежби на половината како истегање како мачка, на напред , после будење и кога ќе осетиш болка и некои други лесни вежби. Како е малата со грчевите?
За вежби ќе пробам и ќе консултирам и ортопед да видам евентуално за некој појас. Не ме боли на повеќе места, само во точката каде сум боцната и се видов на огледало, имам белег таму. Малата е малку подобра со грчевите, ги има но не се пропратени со вриштење, се примаме па се надевам дека скроз ќе исчезнат
И мене ме болеше кичмата, но од цело време држење во раце и дека згрбавена бев додека доев. Од анестезијата (епидурална имав) буквално никаков проблем немам ни белег.
Јас бев со царски и со спинална. И мене ме боли грбот ама ме боли зошто цело време во раце бебето, па доење, па наведни се. Плус никаква физичка активност, само лежење и седење и секако дека ќе ме боли. Искрено не верувам дека е од спиналната, не сум ни помислила на тоа.
Јас сум природно ,ни спинална ни епидурал ,па ме боли. Се веднеме за пелени менување ,со доењето ,па бебето во раце ,за бањање ,нормално ќе боли ама ако боли само таму кај што ви ставиле анестезија ,може да е и од тоа ...
Кој нема пресоблекувална нека купи задолжително, спас за кичмата е. Колку толку бар од пресоблекување да не ве боли кичма