Најдобро да престанеш да се прскаш со спрејот. Колку долго го користиш? Јас полесно поминав со втора епизиотомија кога не прскав ништо, заздрави за само 7 дена. Спрејот ја суши раната, и дава заштита од инфекции, нели, но поспоро оди процесот.
Јас долго чувствував како да тежи, тоа е всушност затегнување на внатрешната рана. Сигурно до некои 50тина дена траеше. Ништо не прскав отпрвин, но кога почнав со Виоплекс за неколку дена се затвори скроз епизиотомијата, инаку ќе требаше многу долго да чекам. Го препорачувам. Клиторис и срамни усни не ме болеле. Не би требало да се напрегаш толку тазе породена, мене гинекологот ми рече да не подигам ништо потешко од бебето. Инаку друго се супер си правиш. Во врска со закрепнувањето кај мене, еве 3 и пол месеци јас се уште закрепнувам. Првиот обид за вагинален преглед беше без успех, многу ми беше болно, па оставивме за 2 недели пак да дојдам. Само што дојдов дома почнаа да паѓаат конците од внатре. Си реков ќе почекам повеќе и се појавив после 1 месец на втор преглед, пак без успех, не можеше спекулумот да ми го стави. А бев уверена дека овој пат ќе можам да издржам. Толкава "траума" има таму внатре, кој знае што ќе ми каже кога конечно ќе можам да се прегледам. Инаку кај мене имаше тампонада, па затоа и толкав процес на заздравување, ама не го замислував толку долг.
Имав тампонада, како што напоменав и гинекологот сака да го провери прогресот на заздравувањето, а и треба да ми земе пап.
Веројатно докторот си знае најдобро. За ова првово не сум упатена но за пап и не мора толку да се брза.
Искрено и јас не можам да замислам сега да одам на вагинален преглед, дури и раната од кога ќе за заздраве јас мислам дека ќе имам траума од такво нешто и нема да можам да издржам.
Јас утре одам на преглед. Не одложувам веќе. Кај матичниот ќе одам. Синојќа приметив на отворот мало месо колку нокт од внатре што излегува нанадвор. И едната усна внатрешно ме боли. Може сум шиена внатрешно, не знам. Ќе видам утре. Ама синојќа ептен се исплашив
Малце касно ама може ќе ти се најде. Прв преглед на стомак после 3 недели од пораѓај и ми рече да одам најкасно до 6 месеци после пораѓај за вагинално ехо и ПАП тест кога ќе бидам спремна тогаш...е сега еве уште малку 3 месеци ќе правиме ама мене ни на преглед ни на односи ми текнало.. имав епизиотомија и премногу ме болеше 10 дена немав седнато и ми се чини уште е распарчено ... Друго да прашам и така сум на темава. После колку време почнавте да добивате менструален циклус. И дали е можно веднаш нормално да се воспостави. Мене прв пат ми дојде после 40 дена и сега пак на точно месец од тогаш....
Не знаев кај да пишам па ај тука 40 дена веќе ми поминаа од пораѓај и кај и да е ќе треба на преглед да одам Крварењето одамна ми запре, сега приметив имав како жолт исцедок на секојдневните влошки и исто поголем исцедок како влажно и така некој поостар мирис. До сега вакво немав. И општо сум немала никогаш Дали е знак за некоја инфекција/ кандида нешто такво? Или нормална појава е мирисот и исцедокот?
Јас од моето искуство да ти кажам. 4 месеци и сеуште го имам тој исцедок и мирис. Баш пред 2 дена бев на гинеколог ,кога му кажав за жолтиот исцедок и мирисот, ми зема микробиолошки брисеви, рече да видиме дали се работи за инфекција. Што значи не е нормално И јас ко тебе, чекав да помине. Мислев така треба.. Утре ќе видам рез. Па ќе пишам
Ајде важи баш пиши што резултати ќе имаш. Ја се сомневам на кандида. Читав на нет дека е нормален жолт исцедок и мирис ама сепак да се провереле брисеви ...
Ми стигнаа резз Првово не ми е јасно, Тие долу знам дека се добри. Ако може некој да ми го објасни првово Спојлер: Резултати
Девојки, не ги одлагајте прегледите на гинеколог ради короната, особено не после царски. Мене ми се појави инфекција после пороѓајот, да не отидев којзнае што ќе беше. Нејќам да ве плашам, страв ви е знам, ама страшно е и на преглед да не се отиде. Секаде има вирус, отишле во маркет или на лекар.
Не е само инфекцијата, треба и други работи да се проверат. Не е измислен тој преглед за џабе, си има оправдана причина. Ако сакате да раѓате второ и ако сакате да останете живи и здрави, одете на контрола.
Инфекција не е ништо во споредба со внатрешни крварења кои можат да настанат. Или па децата да не ги носат на преглед и вакцини. Шта је, ту је, тоа е. Мора да се оди на лекар.
Да, или парчиња плацента кои можеби останале. Јас така синко не го однесов на вакцина, си велев ај да се смири ситуацијата. Потоа му излегоа 4ки и 3ки, па слабокрвен беше од нејадење. Ама мора да ја прими, во понеделник ке го носам за крвна слика и ако е добра ке прими.