Девојки, Вчера бев да се видам со матичниот. По разговорот ме праша дали пред да ме пуштат од гак ми направиле ехо. И нормално дека не ми направија. Седнав да ме ѕирне и виде дека имам уште мал дел од постелката, не дебело парче ама долго. Ми даде капки за крварење по 15 капки три пати на ден и антибиотик цитерал. Рече за една недела да се видиме пак па доколку не се исчисти вака ќе треба да одам на чистење. И се напнав ептен многу и плачев, и нервози цел ден. Не сакам пак по болници скапани да се влечкам. Има ли некој вакво искуство...да се надевам дека ќе се исчисти природно или психички да се спремам за болница? Фала ви однапред
Какоо бе не направиле ц ц ц... Јас барем за тоа на некој начин благодарна сум на Др. ако не ја видеше ќе ми оставеше и мене бабицата... Не знам дали и колку ќе ти помогне ама моја тетка така имала ама не ни знаела дека има облекла тесни панталони и така и излегле парчиња. Одма отишла на гинеколог и кажал дека се постелка и дека среќа што така и испаднало.
И мене не ми направија, а уште ми е рано да одам на контрола, ама јас првите две недели додека крварев ми испаднаа така неколку парчиња баш големи, едно дури кога испадна се исплашив со големина на јајце беше се мислев да одам тогаш на преглед ама не отидов. Баш се прашував што може да е, ама еве најверојатно и кај мене било ова, среќа што испаднале. Иначе јас приметив дека кога се бањав со по топла вода тогаш ми излегуваа такви парчиња, пробај и ова може ќе ти помогне.
Здраво мајки. Пред недела дена завршив во болница поради вонматерична бременост,за зал. Но се заврши како треба. Предходната бременост ми беше пред 3-години со царски рез. После породување правев контроли и се беше во ред со материца,рана и др.Е сега како што се случи неуспешна бременост и нормално ме гледаа по неколку пати на ден со ехо, ми викаат дека раната од операција уште не била заздравена, и морало повторно да се оперирам,да ја сошијат убаво. Сега незнам дали тоа може да се случи, или да барам второ мислење..
Колку време се крвари после природен пораѓај? Докторката ми рече може до 40 дена да крварам, ама јас веќе цела недела како немам крв, туку како портокалово-жолт исцедок..Нормално ли е тоа? Пред 18 дена сум породена, рано ми е за преглед.
Треба да е нормално. https://m.facebook.com/DoulaTrainingCanada/photos/a.1390387154593895/1543159562649986/?type=3 евее овде ги имаш трите стадиуми.
Нормално е ,јас бев така па облеков потесни панталони па почна пак ,па прекина ,пак кога облеков потесни панталони почна и носев некое време потесно за да доисчисти. И на крај после 45 дена ми дојде и така Едит : патем мене за прв преглед после 14 дена ми имаа пишано(јас по 3 недели бев )...зошто рано ?
Рано во смисла, на 6 недели ми рекоа мене за преглед. Раната ми зарасна брзо уште додека бев во болница паднаа конците, а за постелката ревизија ми правеа на пораѓај, па затоа може ми рекоа за 6 недели, а може и покасно.
Moже. И јас имав ревизија ама па мене другиот ден ме пуштија ,ти сепак 5 дена беше во болница може и тука е разликата. Како и да е не се плаши нормално е
Како распознавте циклус од крварење? Царски ме породија, не крвавев многу потоа. На 28ми ден од пораѓај, почна да ме боли стомак. Де ко за добивање, де ужасна болка од матката. Следен ден крварев. Јака црвена боја со парченца. Помислив циклусот,али, пошто веќе у се' се сомневам...да прашам. Друго, кожата на задникот по пораѓај ми е многу, многу чудна. Ко да не е моја. Ко да не е човечка. Сува, груба, одвратна. Има ли некој искуство со вакви чудни промени на кожата?и на пар други места ми беше таква, али се подоправи. Се нормализираше ли вашата? (Можда пошто бев со отоци па, сега кога се исушија..) Кога отидовте на контрола, колку време потоа?
Јсс на контрола имав закажано веднаш после 40 деена но ми дојде баш кога требаше да одам и отидов кога ми заврши циклусот. Може бил циклусот не ми се верува да е друго кко на пример парчиња од плацентата ако имало останато зошто царски си сигурно убаво исчистиле. За кожата на задникот незнам мене само ми е чуден остетот како намален како нејој нерв да ми оштетиле. Когс де допирам како преку мушама некоја да се допирам осеќам. Др промени нема . Ако ти завршило крварењето закажи си преглед кај матичниот да не ти е мисла
осетот во прстите ли или? Врвовите на прстите? Мене така ми беше во бременоста. И трнење имав во рацете. Денови по пораѓајот ми се нормализираше.
Не не чувсвото кога се допирам на кожата од задник . Инаку мене исто како тебе ми беа прстите од рацете и дури и болка и отоци имав.
После 6 недели од пораѓај се препорачува прв преглед ,прават ехо дали е вратена матката на место,некои зимаат и пап и ѕиркаат рана
43 дена после пораѓај отидов на прв преглед се беше супер тенок ендометриум бидејќи доев али од тогаш навака на 3 пати се случи на бришење да имам розев секрет исто пропратено со менструални болки. Кожата после пораѓај ми е мрсна али на лицето имам делови кај што се појавија како црвени флеки и косата ми се мрси ужасно како никогаш вода да немам ставено на главава
Природно породените дали имате болки во стомак? Наликуваат како менструални, или како воспаление на бешика. На ехо видена гинеколошки, пап земен, се е во ред освен опстипација, и хемороиди кои може да прават проблем. Не поминува ова веќе 3дена. Пијам за болка, ставив чепче за прочистување, пијам чаеви, многу овошје. И пак е исто. Ехо кај интернист нема баш услови со пандемијава да се направи.