Точно последниот брис околу 35 недела е за стрептокока и толку. Ако нема мирис чешање и слично нема потреба од паника ти кажала и докторката, можеби чепот полека се разложувс штом си 39 недела нормално би било . Без паники штом се ок брисевите и ти кажала домторкат дека е во ред.
Zosto gledam kaj nekoi devojki ureoplazma negativna na pocetok potoa na kraj pozitivna. Nz vekje sto da mislam. Fala na odgovorot
Моја братучетка почна да носи уште во болница и не и остана воопшто стомак, којзнае дали од тоа дали си се гени оти и претходно си беше слабичка. Јас не носев и ми остана салце, претходно имав ептен малку не бев даска, ама бев слаба, после тоа доста поголем стомак ми остана и иако се вратив скоро на иста килажа од пред бременоста изгледав подебело ради стомакот. Сега сум бремена со второ, не знам дали ќе има фајде да носам после овој пораѓај, ама планирам да почнам да вежбам кога ќе бидам спремна.
На тетка ми од мидерот стомакот и се направил како издуван балон. Она ми рече никако ставање и не ставив ,па имам стомак ама малку. Сепак само 5 месеци се поминати.
Зборни со гинекологот што те породи види што ќе ти рече. Мене за првото ем со царски оперирана уште во болница ми дозволи,третиот ден ставив мидер. Посигурно и поцврсто се чуствував при вртење,станување... Гушки уште еднаш до куклата Прекрасни сте
Здраво. Јас последните 3 месеци од бременоста имав исцедок. Како се приближуваше терминот за породување, така повеќе се зголемуваше исцедокот. Не знам каков е твојот исцедок моментално. Мојот беше бел и густ,без мирис и без чешање и докторот ми рече дека е нормално. Се сеќавам дека ми рече доколку нема чешање,печење или црвенило тогаш нормално е за тој период од бременоста.
Можеби треба да направиш микробиолошки брисеви пред породување за секој случај. Направи си уште еднаш консултација со докторката за да бидеш мирна.
Здраво жени, 9 ти ден после пораѓај, втора бременост, природно породена, дали е нормално сеуште да имам болки во стомак, на моменти дури и премногу јаки и неиздржливи. Со првото немав воопшто болки, сега дури ми е чудно.
Нека те ѕирнат на ехо ,ама веројатно е нормално ,мене докторот што ме пушташе од Чаир ми кажа дека ќе имам посебно додека дојам (значи буквално во моментот кога цица) затоа што матката се собирала и правела контракции тогаш. Сепак за да си помирна оди си на ехо.
Денес бев на прв гинеколошки преглед по пораѓај и докторката ми кажа дека надворешно е добро, но внатрешно имам гранулом, кој ќе мора да се отстрани доколку крварам при односи. Дали некој имал вакво искуство?
Devojki vcera se porodiv si imam prekrasno since. Na site da vi dade bog lesno poroduvanje i zdravi bebinja. Kako si olesnuvate sedenje i odenje po poroduvanje so epiziotomija?
За одење не ме болеше ,за седење.... Не седев . Е сега од други совети што не ги пробав беа или на гума за пливање или крпа да ја завртиш како тој облик па врз неа. Не знам дали е за тука прашањево ама бидејќи после пораѓај е тука ќе прашам. Дали на некоја се појавиле темни како дамки кафеаво црни на препоните ? После пораѓај се појавија ,ко немиено изгледа ,го скапа териејќи ништо ,и со хидроген 3% пробав да чистам не излегува ,а ми прави кафеаво на долен веш. Се бањам скоро секој ден ,ама исто како Линеа негра што си стои и ова си стои . Гинеколог рече со тек на време ќе се повлече ...
Нека ти донесат физиолошки раствор, направи неколку дупчиња со игла и после секое туширање прскај, само тоа ми помогна, за 1 недела можев да седам.
до кога носевте вир влошки? веќе неколку дена исцедокот ми е светло кафен, а и доста често во текот на денот кога одам во тоалет на самата влошка нема ништо. дали во оваа фаза веќе преминавте на носење памучни гаќи со секојдневна или обична улошка? малце ми е шубе пред 6 недели контрола да ставам било каква улошка што не е мрежаста. @Осе мене цел тој предел ми е потемен уште пред да се породам, баш како линеа негра. би требало да е хормонално и со тек на време да избледи.
Хормонално е. Јас имав на препони и под пазуви кога првпат открив дека имам полицистични јајници на 17-18години. Со хормонална терапија покасно ги снема, така да веројатно кога ќе се нормализираат хормоните ќе се среди и тоа.
@rainbow_bb @Jana06 фала ви женски... Значи чаре да си почекам а ? А што ме нервираат и Линеа негра и ова јбг хахах