Му кажав. И тој баш некако ми го изигнорира тоа. Бев за друг проблем. И вооедно му велам ми течеше на 2 пати по 2-3капки крв, не знам дали е добиено тоа. Тој ми рече не е проблем до 6 месеци и да немаш добиено, после апчиња даваме. Е баш тој одг ми го даде.
Додека дојам не планирам да пијам апчиња. И тоа хормонски. Еве бебе 7 месеци има. Не отидов. Сестра ми година и 2,3 месеци беше без менструација. Само што ете, не знам како да ги толкувам . Битно се беше добро. Значи не биле опасни капките.
Здраво колку е нормално да се крвари по царски, велат 40 дена кај мене поминаа 40 а уште знае по некоја капка да ми потече, чекам скроз да помине да можам да идам на гениколог
дали некоја се има депилирано на козметичар со восок пред контролата на гинеколог 6 недели после пораѓај? сакам да бидам средена, а истовремено сакам гинеколог претходно да ми одобри.
@Milkiway Мене баш ми се смени бојата од кафена златна ми стана и тоа како нијансирана ми доаѓа цели прамени ми се
Zdravo jas sum porodena so carski pred dva dena. Na moja odgovornost zaminav zatoa sto nemam nikakva pomos od sestrite. E sega koga ja napustav bolnicata nikoj ne mi ja pregleda ranata nitu pak ja ostranija lepenkata. Dali treba lepenkata da se ostrani vo bolnica ili vo red e i sama da si ja izvadam ( da napomenam mi napravija eho i rekoa deka e dobro )? Fala
Во Чаир пред да те испуштат од болница сестрите ја тргаат лепенката, доктор доаѓа и ја гледа раната. Потоа одиш на ехо. Ако е се во ред те пуштаат дома. Никој не може да ти каже дали да ја тргнеш или не. Ова е процедурата па одлучи како е најдобро за тебе. Но, ако се одлучиш да ја тргнеш не ја мокри кога ќе се тушираш. Најдобро е да отидеш кај матичниот да си мирна. Ти посакувам брзо закрепнување.
Зошто никој не те орегледал и не ти ја одлепиле раната? Ајде ти што си одиш на свое барање ама нивна должност е тоа... Оди кај матичниот. Со лесно
Јас до денес точно 4 недели од пораѓај. Се породив природно, сечена и сум и шиена, плус сум се распукала. Крварењето ми престана за 2 недели, и конците паднаа брзо. И тамн мислев готово помина . Ми се распука пак, имам надворешно распукано, и ме пече и ме боли и крв ми тече од таму. И сеа пак од ново измивање, спреј. Некогаш ставам и бетадине или кантарјон. Ама јас сум си крива не можам да седам да одмарам, и во бременоста и сеа нема седнување, се чистам, се собирам нешто.
Samo mene izglea koncite posle 25 dena uste ne mi se padnati. Gin. Mi vika normalno do 40denaama me bockaat i mislam deka ne se zatvora skroz radi niv
Мене оти ми паднаа, сеа пак имам отворена рана доле, и боли и пече. Испулано е, и сеа пак од ново треба да се лекува, со одмивање и спреј. Ама имаме живи и здрави бебенца, ние како и да е ќе се оправиме.
Пред 2 месеци се породив природно, испуканаа и сечена поради тоа и доста шиена. Раната супер конци паднаа... е сега јас уште знам да прокрварам, значи не крварев многу ни на почетокот и таман ми прекина ете ти пак по неколку капки, и сеуште се случува некој ден да имам по неколку капки. Бев на гин вика не си добила и ми даде да пијам капки Метилергометрин капки со вотамин Ц една недела. Петти ден како ги пијам и еве денес пак гледам испрљана улошката. На ехо ме виде вика се е во ред, ама ако не прекине ке мора ревизија. Има ли некој искуство, многу ми е страв сега ревизија пак болници