И мене ова со вежбањето ме интересира, сакам по малку да почнам постепено , мислам дека можиме , штом нема болки рани , не гледам др причина за не
Малку ми е побледа таа една на чело што ја имам ама не скроз. Инаку, за вежбањето што покасно, тоа подобро. Најважно е со лесни вежби да се почне како јога, пешачење, качување по скали, па после 6 месеци минимум со вежби за затегнување. Ова од мое искуство кажувам зашто неколку месеци по пораѓајот страшно ме болеше стомакот од вежбање. Сеа 11 месеци по пораѓај немам гајле.
Јаа да си прашам за вртоглавици и главоболки после царски рез.Веќе 4 месеци како сум породена а имам и вртоглавици и главоболки.Крвна слика и крвен притисок се во ред. Некој совет.
Здраво женски, денес има точно 3 недели од царскиот рез. Имам две прашања што ме мачат. 1. Конци имам уште на раната, а ми рекоа дека сами ќе паднеле не требало да ги вадат. Дали е нормално уште да ги имам после 3 недели? 2. Имам болка во препонот и во десната нога кога одам. Оваа болка ја имав последниот месец од бременоста, сега е подобрено меѓутоа ја имам сеуште. Исто тука меѓу препонот и раната, веднаш под и до раната местото ми е како отрпнато како болно на допир ко да печи дури. На тој крај гледам конец. Исто и во десната коска тука осеќам некоја болка. Дали е ова нормално? Дали е можно да сум нешто оштетена од операцијата? (Секакви мисли ми се вртат) Зошто ме ми поминува болката во ногата сеуште? Дали е сеуште рано, можеби многу очекувам за толку кратко време?
И мене ме интересира, каква сум флекава ужас..повеќето ми викаат ќе помине, ама ќе си барам некое чаре јас,витамин ц серум и некои кремчиња за флеки.
Јас за флеките закажав на дерматолог во понеделник. Не се надевам нешто многу,ама бар малку од малку некој совет да ми даде. Исто така ќе прашам и за зголемениот број бенки во бременост и по породување.
@Larahappy @Sofi.ja тие флекички што настануваат во бременост се викаат мелазми, еднаш на @jarec6 памтам и пишав. Некогаш исчезнуваат скроз тие промени неколку месеци по пораѓајот, некогаш само избледуваат, а некогаш си остануваат трајно. Зависно од типот на кожата, може да се третира понатаму со разни серуми, лосиони, креми за избелување или поинвазивни третмани на лицето како хемиски пилинзи, микродермоабразија, мезотерапија, кои што покажуваат најдобар ефект пошто користат коктели кои што се вбризгуваат под горниот слој на кожата. Ако зимате серум со витамин Ц гледајте да биде со појака концентрација 20-30%. Оние со 5% многу слабо би делувале. Има доста козметики за пигментации и обично се малку поскапи. Една од нив пример е Bioderma, има цела линија Pigmentbio баш за ваква проблематика.
Дали ви е модро над и под резот? Мојата рана е по 3цм над и испод резот модра,пред 6 дена сум оперирана.ме боли уште ме пече кога ме допира облеката а фала богу затворена е не слузи никаде.
Дали некоја има топчиња после епизотомија и дали е проблем што треба да се интервенира? Поминаа 9 месеци од породувањето, со сечење-епизотомија. Два пати ми ја шиеја раната, ама не се затвори убаво пак. Има неколку топчиња што се гледаат со розевкаста боја. Ме чеша сеуште понекогаш раната, но поминува. Дали треба нешто да се интервенира пак, не можам ни да замислам повторно сечење и шиење, или може вака да си биде подотворена со топчиња, нема крварење, дали некоја поминала со повеќекратно неуспешно шиење и незатворена рана и колку време од породувањето? Сигурно најдобро е да посетам и прашам гинеколог, ама во ситуацијава и со бебенце не ни можам да одам.
Да и мене ми беше модра, не се плаши и во болница ме предупредија дека може да помодри. Јас мачкав крема хепатромбин, но не дирекно на резот, туку околу него. За брзо време се среди.
Не верувам после толкав период дека пак би сечеле освен ако тебе лично тие ти пречат и прават проблем. Јас имав едно како топче, повеќе личеше како јазиче, значи неубаво сопиено, вишок ткиво. Не ми пречеше и низ годините си се повлече. Еве скоро 7 години поминаа, речиси ништо нема.
Незнам дали овде одговара да го поставам прашањето, првиот преглед на гинеколог после породувањето, го прави гинекологот што ве пораѓал или кај матичен гинеколог се оди? Се породив со чарски рез и поминаа 40 дена после породувањето, па незнам каде да закажам преглед дали кај матичен дали кај докторот што ме пораѓаше?
Не гледаат вагинално? Пример да ја видат раната до каде е, дали е се ок? И уште едно прашање, јас сум сега во петок кај матичниот гинеколог, не би имало проблем за раната да се издепилирам со восок? Или ќе морам пак со она Вит кремана, како во бременост што ми беше страв да одам по салони..
Зависи од доктор до доктор некои гледаст некои не. Мојава кажа дека се се враќа во нормала и дека е супер. А тие што се депилирале нека кажат дали смее јас престанав од кога останав трудна ради коронава
Еден месец после пораѓај бев кај доктор што си идев во текот на бременоста на приватно ме гледаше на ехо, плус ме прегледа вагинално ( ама онака со тоа железето оти имав конче загноено), а кај матичната пред некој некој ден, ехо, вагинално и пап тест.