Девојки, какво ви е искуството со опора ување после второ породување? Дали матката побрзо се собра, дали побрзо се вративте на првобитната килажа? Мене уште ми е малце подуван стомакот, две недели како сум породена. Читам за некои појаси околу стомак, за што се тие?
Е колку се иритирам на такви коментари. Како свеки што ми се изнасмеа дека после првиот пораѓај сум имала стомак кога сум дошла дома како да заборавиле уште 1 бебе.
Devojki dali nekoja imala granilom vnatresen od epiziotomijata. Ginekologot mi rece deka zatoa imam seuste minimalno krvarenje po 3ipol meseci od poroduvanje. Mnogu loso bez sosiena najevrojatno toa e problemot
Се па да искоментираат Јас немам стомак ,ама затоа стриите ужас. Туку ме боли бе луѓе клиторисот како суво се осеќам цело време. Дали дека нон стоп се мијам,сум пресушила, сум нарушила пх,па и ова влошкиве на крвта само се лепат памукот и конците не знам, ми се смачи веќе како да не се мијам секое мочање.
Не можам да редактирам, морам ново мислење. Ме боли многу стомакот како циклус стандард и одам во вц гледам свежа крв, баш како циклус, можно ли е да сум добила?А не ми престана скроз крварењето од пораѓај, ама не беше ваква крв... Инаку 1 месец и 4 дена како сум породена.
Мхм, може... следи какво ќе биде, по книга вика секое крварење по 26 дена може да е менструално... Ама ти е редовна....
Никакви, долу само чиста вода. Ај ќе помине после пораѓај и така се е изреметено, уште болкиве од добиено ми фалеа. Сите ме лажеа после пораѓај дека не болело толку како претходно(кој имал болни менструации) како да не, исто боли, одма кетоналите
Девојки ,после пораѓај клиторисот не ми е како што беше... Не знам да објаснам ,како сув ми е сега никаков ,ај тоа туку и ми се случило две три пати да се подмочнам... Природен пораѓај ,со епизитомија. Дали ќе се врати во нормала ? Исто и некогаш знае да ме боли десната страна на вагината како истегнат мускул. А таму надворешни барем немав конци за внатрешни не знам,пошто никој ништо не ми кажа колкава рана /конци. А ми ја дочистуваа постелката.
Може понатака нема да боли, оваа дека прва. Јас со инфузија за болки бев преда да родам, сега не ја осеќам воопшто, само што ми е подуен стомакот еден ден. Подмочнувањето го има кај сите, како последица од бременоста и тежината што си ја носела. Вежбај ги мускулите, Кегеловите вежби се доста ефикасни. Сувоста е од хормоните, ќе се среди.
Да дојам ,ама сепак 9 месеци речиси поминаа... Зарем уште не се средени хормоните ? Плус и добив од 1 месец ,додуша не ми смета сувоста ,ми смета подмочнувањето Благодарам
Кога пишав дека добив 3-4 дена имав по неколку капки, ама вчера луѓе цел ден и еве денес продолжува, поплава сум. На 2-3 саати се полни влошката се прелева. Јас и онака имам обилно ама ова ептен. Ме интересира само дали е нормално, за да не се паничам
Нормално. Мене првите 3-4 месеци по две пакетчиња влошки трошев ,а претходно сум поминувала со помалку од едно. Сега веќе ми се стабилизира.