Види како ќе биде уште неколку дена, ако не се смирува консултирај гинеколог. После првата бременост, добив циклус после точно еден месец од породување, и траеше многу долго, не беше толку обилен, ама ептен се оддолжи, со смисла, десет дена поминаа, а мене уште ми течеше како да ми е прв, втор ден. Пиев ерготил капки, два три пати се напив, и толку беше, прекина. Може да е поради тоа што им треба време на хормоните да се стабилизираат, ама кај мене мораше да се реагира, оти циклусот многу ми влијае на железото.
Да, и мајка ми истото ми го рече и за капките, ај ќе видам уште денес и утре, па ќе се консултирам секако. Па и јас во бременоста ептен ослабнав со железото, а претходно имав супер, и баш заради тоа ми е најмногу. Фала.
Здраво, еве скоро помина пет недели пд пораѓај и се јавив на матичната за да одам на преглед шестата недела и не сака да ме прегледа. Вели дека после прв пат добивање да одам. Ај да прашам сега овде. Од каде да знам дали раната ми е заздравена. ( сечена сум на вагината) Кога можам да почнам со вежбање. Кога можам да имам односи со маж ми. И слични муабети? Не ми се верува дека ми рече, а не доаѓај. Без да ми објасни ништо
Страшна работа бе. Мене еднаш на 3 недели еднаш на 5.5 месеци ме прегледа,за првиот од Чаир така ми рекоа за вториот матичниот. Раната да ја видиш евентуално со огледало...ионака не ја гледаше на тој преглед ,само ехо на стомак ми направи. Односи...па некои уште одма почнуваат ,мене ми беше страв до 3 месец се плашев и немавме А за вежбањето ,па убаво една почекаш матката да се врати во нормала ,но исто и тоа индивидуално е како и за односите.
Раната ќе си заздрви тоа не го мисли туку мора да се направи ехо за да се види дали матката се враќа полека во местоположба и дали ,,не дај боже,, има останато некој дел од плацента во матката. Односи кога ти ќе бидеш спремна, после крварење од 40 дена. Вежбање после 5-6 мес да си дојде матката во првобитна положба. Смени матичен лекар.
Од болница ми пишуваше контрола на рана после 2 недели кај матичен. Се јавив, прашав да дојдам да ме види докторката, дојди. Ја ѕирна само раната и крварењето и тоа е тоа. Следна контрола со ехо и пап по прва менструација. Јас добив после 3 месеци. Смени си гинеколог обавезно.
Suva si radi hormonalen dizbalans...citav negde demek da ne se cudite prviot seks zaso nema da vi ide...
Aj krvarenjeto prekina a onoj iscedokon zoltenikav koga ke prekine? Vo remedika mi rekoa po 40 dena dojdi na kontrola ama kako so ova iscedokov depilacija i kontrola
Здраво на сите. Не знам колку ја знаете мојата приказна. Породена сум природно пред 18 дена во 33та гестациска недела со фетоцид и индуциран пораѓај поради сериозна срцева аномалија на бебето. Не сум сечена доле и немам проблеми. Прашањето ми е околу крварењето. Во ниеден момент не беше обилно освен првите ден-два. Од тогаш наваму е како 3-4 ден од менструација.. а деновиве и уште послабо, повеќе е како исцедок. Се случува влошката да е празна со саати и да имам само на бришење. На преглед бев во петокот, 2 недели после пораѓај. Вагинално ме прегледа докторката и рече супер сум била, чисто било се. Можело да почнам и со вежбање. Какви се вашите искуства? Колку дена после пораѓај се чистевте, а кога добивте прва менструација? Деновиве и бојата некако се менува како бледо розева, жолтеникава, не знам како да ја дефинирам..
Прво , многу ми е жал за тоа што си го проживеала. Те читав многу. Те гушкам После пораѓај до 40 дена ссе е нормално. И тој исцедок е нормален не грижисе. Менструација секој различно добива некој веднаш по 40 дена некој после месец два и тн. Кога ќе се вратат хормоните во нормала. јас добив веднаш после 40 дена. Се чистев до 38 миот ден, па ништо и за неколку дена и добив.
Оо како така, јас добив после 13 м. Дотогаш бев 4 пати на ехо, а пап правев после прв циклус. Како така да чекаш, барај си нов матичен.
Различен е секој.Кога ќе ти престане крварењето можеш после месец зависи како ти бил циклусот пред тоа да очекуваш пак циклус, ама може и после два дена. За вежбање ќе ти препорачам да правиш вежби за враќање на карлицата во траење од 8 недели после одобрување од гиниколог (6-8 недели од пораѓај)и после да почнеш со стандарни вежби.Не сум барала на јутуб ама види може ќе најдеш нешто гратис.Многу се битни.
Ќе видам како ќе биде.. се зависи како и дали ќе решат хормоните да се стабилизираат пошто сум со Пцос и Хипо/хашимото. Постпородилни вежби ми даде другарка ми во Германија живее, неа и ги даде доктор кога се породи. Ќе почнам нив да ги вежбам и ќе комбинирам од youtube. Фала ти.
Да баш за такви вежби зборев, ама не знаев како да ти ги објаснам.Супер штом ти дала другарка многу се битни.
Се вежба стеањето на карлицата.Слични на кегелови вежби.Нешто како да отидеш по веце и на сред мокрење да се стегнеш .Така стегајќи се вежба некои минимални и кратки вежби.Со нив се вреќа карлицата во правобитната положба.Исто вежбите помагаат и за зацврстување на мочниот меур, стеснување и ујачување на матката.Со тоа се подобрува сексуалниот живот и на двата партнери.Имам платена програма од професионален инструктор онлајн(ради короната) и плус сега си купив и тегови за матка исто помагаат во враќање на карлица, матка итн.Не знам да ти кажам на англиски превод,јас на германски имам сретнато.Еве од германски да видиш.
Здраво. Од пораѓај има поминато месец ипол, скоро два. Јас со болки во колена ужасни, едвај движам, неможам воопшто да клекнам..Сметав дека ќе помине, но само ми се влошува. Ваши искуства? Да напоменам прво време после пораѓај немав ваква мака.. Фала