Кај мене од пообилно крварење пред бременост,се промени на многу помала количина после пораѓај. Исто и со болките,пред бременост имав болни менструации, сега само овулациите ми се поизразени.
Не се сеќавам точно, мислам дека така обилно беше 3-4 дена, а знам и дека ми траеше подолго од обично. И јас го имав истиот страв, ама следниот си беше нормален, како пред бременост.
Исто и пмс исчезна. Немам ни еден единствен симптом дека ке добијам. Ни болки во гради ни во стомак. Редовна ми е на 28 дена Фала богу не крварам како пред бременост
Мене само првата менструација после првата бременост ми беше обилна, десет дена крварев без прекин и ми дадоа оргаметрил капки да пијам, два пати се напив и прекина. После тоа ми беше нормална, не како пред да имам деца, туку со скратено времетраење (пред да родам по 7 дена ми траеше од кои 5 крварев, после раѓање се скрати на 5 дена) и крварам многу помалку, првите два дена само. Така што би требало да се среди, мислам дека немаш причина за загриженост.
Требало да и залепиш Идиоти беее “знам ама види се ќе те остави маж ти “ колку треба да си безосетен на родилка ова да и го кажеш божее И тоа жена !! Инаку до 6 месеци се враќа матката, а телото викаат до 9 Првите 4-5 по пораѓај многу обилни . Посебно првиот и вториот едно пакетче улошки во ден и пол никогаш толку не сум трошела . Е сега веќе 8 месеци средена е нормално си е крварењето а различно е тоа што од мнооогу болни сега ми се онака прв ден половина ме боли и толку.
@Alishan30 мене после триипол години уште ми е преобилна, имам пишувано. Првиот и вториот ден мислам дека ќе колабирам, ми се темни, снага ми се тресе, нагони за повраќање, некое мн чудно језиво чувство. Од тогаш редовна посета на гинеколог, вика ништо нема се си е во ред. Значи први два дена излагање од дома јок. Трет и четврт ден обилно е, ама пола ден.
Ви благодарам на искуствата жени, стивнува малку. Денес 5ти ден, сеуште имам но не како првите 3 дена. Капките ми помогнаа, сега е смирено. Навикната на оскуден циклус, и ова ме изненади. Трето пакетче веќе трошам.
Ќе ја рашлакав поштено да и текне дека на родилка такво нешто не се збори. Ајјј се напнав, а ја шо да кажам уште малку ми се познава стомакот како да сум негде 4 месец, а породена сум пред 39 дена. Абе косата во раце има да ми остане бре, не пред излог, низ цел трговски има да ја гледаат. Не дозволувај да ти влијаат такви изјави, уживај си со бебка и сопругот, за друго ич да не ти чуе.
Леле @Ula колку се изнервирав, случајно го прочитав ова, сакав да видам @Осе што проблеми има со свекрвата па налетав на мислењево. Нели може да и плеснеш некако на наредно видување? Нареден пат, кој и да е, што и да е, што и да каже, немој да не си вратила, секогаш биди спремна за војна ок? Нека не допира тоа воопшто до тебе, со тоа што кажала се опишала самата себеси, ти не брзај за да се вратиш во нормала, ништо нека не ти влијае на самодовербата, ти си мајка со бебенце за кое си најубава, другите ставај ги кај што им е местото.
Мамички колку време ги носевте вир влошките после пораѓај? Кога и дали почнавте да носите нормални влошки? И кога ви паднаа конците? Јас имам само едно мало конче површински.
Вир носев сигурно 3 недели, оти обичните влошки ме потеа и ми создаваа иритација на раната. Обично кога излегував надвор ставав од обичните, за да не бидам дека носам пелена на мене , а за по дома Вир или Бони.
Гледам се приклучила на Summer challenge од Ана Стојанова, па се помислив да и пишам ооо убаво ти текнало баш ти треба ама пак се воздржав...
На болница и уште 1 недела откако си дојдов дома. Немав ни потреба од толку, ама ми беа убави, меки и и нив и мрежести гаќи носев до кај 10тина дена. После тоа обични гаќи и секојдневни влошки.
Јас до 40 дена носев Вир влошки, подобри ми беа од Бони ради тоа што од долу имаат кесенце кое не пропушта. Што знам мене па удобни ми беа ептен за искачање ставав обична...
Носев само во болница. Веќе на искачање ставив обична со крилца. Немав никаков проблем, двата пати со епизиотомија бев.
Мамички после колку време ви падна кончето од епизиотомија? Во сабота правам 3 недели од пораѓај и уште ми нема паднато
Мене ми падна третиот ден, одвај го приметив пошо дел по дел изглеа паѓаше, мали бели кончиња, скоро не се ни гледаа.. 1 конче бев шиена само. Да не ти испаднал а да не си приметила?