Јас не ги забележав кончињата ни сега, ни претходното породување. До душа и избегнував мн да се гледам долу, стресно ми беше
Вагинално породени мамички, колку време после пораѓај бевте на депилација на интима? Одвај чекам да одам ама и страв ми е малце
Пред нешто помалку од месец и пол. И јас имав поголеми болки од вообичаено. И побрзо ми подраснаа влакната од вообичаено, а редовно се депилирав и во бременоста.
Женски шо прајме со опаѓањето на косата? Веќе десетина дена ми паѓа, ама ова не е нормално. Мислам дека без коса ќе останам. Тутки влакна насекаде, не знам дали побрзо ќе скренам оти во скоро ќе станам ќелава или оти не можам да ги дочистам влакништата. Спас има или да си седам и да си чекам сама од себе да се опрај?
Леле истата сум. Си мислам прамени ми паѓаат. Косата ми е до половината долга, дома насекаде влаква. Ја носам најчесто собрана во пунџа ама не е решение. На матичната ја прашав вика период е, ќе помини. Ама дури да помини си мислам ќе имам ќелави места на главата. Во аптека ми нудеа шампони,ама незнам дали тоа е решение. Ако најдиш решение, да споделиш, да пробам и јас.
Сама од себе ќе се опорави, нема што да се прави нормално е кај секој се јавува. И јас мислев целата ќе ми испаѓа, ама еве ме со антени на сите страни нова коса, како мрежа имам околу главава кога ми е пуштена хахахаха ќе помине за некој месец
Нормално е да паѓа косата, и мене ми паѓаше многу по третиот месец од породувањето, дури залистоци ми се направија од што ми испадна, во депресија паднав за таа коса многу ми се изретчи. Дома само влакна, не се дочистуваа. После некој месец почнаа да растат бебешки влакна.
Сама од себе ќе се среди не фрлајте џабе пари на шампони ништо не помага, иста бев и јас, а и сите жени после пораѓај се така, по цели прамени ми паѓаа, а и така имав ретка коса, и уште ова бев како искубана кокошка, не можев да дочистам дома од влакна. До 6 месеци му требаат на телото и хормоните да се вратат во нормала. А сега па ми расте нова коса, цела сум со бебешки, поготово кога ми е собрана косата во реп и напред кај челото колку бебешки имам, цела сум со антени како мрежа за радио да фаќам.
И мене ми паѓа и тоа многу веќе два месеци. Џабе е се, едноставно мора да помине овој период, после ќе ни порасне нова. А јас и така имам ретка коса… Во бременоста имав најбујна коса во животот, сјајна и здрава, и толку беше, кратко траеше. Репчето и пунџата кога ги врзувам сто пати вртам со стегачот…
Мислете позитивно Се обновува Ќе имате нова коса Никој нема ни да забележи дека ви паѓа косата До тогаш вештачки прамени ако ви мава на психа
Ми се гади веќе, кај да се свртам влакништа. Од бебево туку молкнам од сегде, ми е жал дури. Чим ниедна тука не нашла спас, значи нема чаре. А мислев од солгар да земам некои таблетки за коса, кожа и нокти, ама веројатно и тоа е џабе. Ќе си земам нешто за смирување дури да помине периодов и ќе ви се жалам тука.
Џабе мајка одма да ти кажам. Период е и ке помине. Земав витамини и цело време земам ама затоа што доев. Значи јас земав откако останав бремена, па кога се породив продолжив со фемибион 2 а косата почна да ми паѓа кога синко имаше 3 4 месеци. Косата си паѓаше како луда, и сама од себе престана.
Мене не ми мава ама уопште на психа, муабет си правиме дека секоја мине низ тоа и дека што и да пиеме или ставаме џабе е. Секогаш ми е у пунџа косата дури и мислам главата ќе ми се распадне од што ме боле што се ми е врзана и сега почнав да ја плетам плетенка. Нај многу ми е и мене што секаде му вадам влакна на бебето, магично му се плеткат а се фаната ми е. И тоа како му се плеткат у рачињата или грбчето, само туку го проверувам…
Само од себе помина, на периоди по цели прамени паѓаа, сега не ни памтам кога престана. 10м како сум породена, не паѓа веќе Ништо не пиев, и не користев
Devojki posle kolku vreme vi se izregulira menstruacijata po poroduvanje. Jas eve 6 meseci porodena dobiv pred 3 meseci prva menstruacija mn obilna pa posle 2 nedeli malo krvarenje kako ovulacisko pa posle 2 pati mesecno dobivav oskudno krvarenje. Pa posle pak 7 dena poobilno. Nikako da se opraam. Bev na ginekolog pred 3 meseci hormoni se ne se sekiraj. Eho pap brisevi se vo red osven nekoi cisti na jajnicite. Vekje pocnuvam da se nerviram odsekogqs sum imala redovno sega vekje neznaam ni koga ke dobijam ni kako