Да не ти е циклус. И јас се чудев, бев на гинеколог и ми кажа дека е циклус. Рече може нема да ти доаѓа редовно и на време, битно процесот се обновил.
Јас откако се породив одма добив и после два месеци точно на таа дата добивав е сега овој месец на таа дата имав само кафеавко два дена и толку...не знам зошто така се мислев ќе си е редовно
Мене 2 пати ми потенцираше да не очекувам да биде редовно. Ми рече дека месец два може да имам, па да немам. Нормално било.
Dali posle poragjaj gi prodolzivye vitaminite koi gi pievte? Jas konkretno piev Femibion no nikoj ne mi kaza shto odposle, pa me interesirase vase iskustvo?
Породена сум крај на Април и прв циклус добив одма после 40те дена на 10ти јуни. Следниот го добив на време на 11ти јули, а после само 20 дена пак добив на 30ти јули. Од лекар имавме зелено светло за нови обиди за бременост после 3 менструации, то ест од Август и месецов почнавме со обиди. Некои од вас знаат дека првата бременост ми заврши неуспешно и затоа сакам што поскоро пак да останам бремена зошто мислам ќе ме удри на психа. Не знам дали имав овулација месецов, по некоја логика со оглед на должината на циклусите имам овулација на 16-17ти ден, така беше месецот кога забременив. Меѓутоа од пред 2-3 дена имам кафеаво-розевкаст исцедок и мислев дека пак ќе добијам на 20 дена, ама уште нема ништо. Повеќе е кафеаво, некогаш е само по некоја точка, некогаш ќе потече малку повеќе и после со саати нема ништо. Секако ќе одам на преглед следна недела, пошто сакам да видам што се случува. Ама во меѓувреме ме интересира какви се вашите искуства и од што би можело да е предизвикан исцедоков сега. Дали може да е овулација или едноставно организмот уште се враќа во нормала.. Збудалев веќе..
Некогаш и за време на овулација може да се јави таков исцедок. Ама ако продолжи повеќе од неколку дена ваљда не е од тоа. Може и хормоните да не се сеуште врстени во нормала па и од тоа да е. Најдобро консултација до матичен
Мило појди на лекар и еден преглед и хормони на 3 ден барем знаеш мене дури сега ми се вратија во нормала хормоните после спонтаниот и дури сега добив нормален циклус од еднаш да ми протече а скоро цела година прво ќе ми почнеше па го нема па пак и неколку дена ме мачеше додека да пробие. Ти посакувам што поскоро нова среќичка
Здраво на сите. Рано ми е ама сепак сакам мислење, тек 18та недела сум, живееме странство со сопругот. Терминот ми е Фебруари, и немаме тука роднини за помош. Можам да ја викнам свекрвата ама искрено сакам сама со помош на сопругот и без ничија помош да си го негувам бебето. И храбра сум и ветувам во себе дека ќе можам се. А прво бебе Без баби и тетки, дали е возможно од првиот ден?
Искрено јас се породив природно и имав епизиотомија и добро ми дојде помошта од свекрвата особено за готвење бидејќи не можев. Барем првата недела сметам дека би ти требало помош дур се навикнеш и ти со бебчето, ама ти си знаеш најдобро.
Во иста ситуација сме. Кај мене се понудија и мајка ми и свекрвата да дојдат да помогнат и ги одбив. Сакам првите денови да сме сами со мм и да си го фатиме редот сами, малку потешко ќе биде ама ќе се снајдеме. Помош за чистење не, не мора да ни биде секогаш чисто, за јадење не мора грав да јадеме секој ден па да ја мислам за тоа.. барем сега и тука имаме секаков вид на полуготови јадења за кои мм може да ги стави во рерна 10 минути и една салата да направи. И најбитно од се никој не ти соли памет и ти се меша како треба бебе да бањаш, па млеко дали имаш и уште милион глупости.. Мој совет е маж ти да си земе одмор/породилно и сами двајцата! После нека идат бабите, прво средете си се.
Јас сум сама и со прво и со второ од прв ден, со природен пораѓај, без помош ни од сопругот, бидејќи е на работа, па стигнувам се да направам. И ручек да има, и бебе погодено. Сега олеснително ми е што првото иде во градинка, па сопруг го носи и зема, па после сме двајца дома, друго е. Еден едното, еден другото и така, се снаоѓаме. Сопругот иде да пазари, средуваме кој што попрво стигне, јас готвам. Не е лесно, ама се постигнува. Плус ако е во можност сопругот да седи дома кога ќе се породи, не ти треба никој според мене. Сепак тоа е индивидуална одлука. Мене повеќе ми требаше мир, отколку помош. Најголема помош ми е што немам никој околу мене да ми се плетка.
Само 10 дена имав помош од мајка ми, толку можеше да земе одмор, додуша на мм му помагаше, јас бев со царски и воопшто не можев да станувам, а не па да правам нешто по дома. Бебето ми го подаваа само на доење. Толку денови имав помош. Од тогаш па до денес (бебе ми е 9м.) сум цело време сама, мм е на работа си доаѓа околу 17ч. и он продолжува со малиот. Многу ми беше тешко на почетокот, не поради бебе, туку од болката од царскиот, многу бавно закрепнував, но раатот кој го имам, никој да не ми седи на глава и да ми кажува што да правам, не се менува со ништо. Е сега не знам што значи да си и 5 мин. без бебе, ама не ни сакам да знам.Организацијата е најбитна, а за тоа сум про.
Царски сум породена и сум без помош од првиот ден. Мм беше дома 10 тина дена и ми помагаше за се друг не ти треба само повеќе тензија стрес и нервоза бишто друго. Ќе се снајдете не се секирај.
Не само што е возможно, туку и најдобро. Мажето штом е до тебе друг не ти треба. Првото кога го родив имав помош, ама главата тапан. Не дека слушав совети, сама си правев се. Сами го бањавме, сами се. Само што мора да им се објаснуваш дека не му е ладно, дека нема потреба да пие вода ако е лето , зошто не сакаш да широк повој итн итн. Сега со второво од прв ден сами со мм и двете деца, топ. Потешко е ама мирна глава. По 2 недели мм се врати на работа јас сама со 2 деца, ама излегувам на крај. Кога можам готвам, кога се покенкави нарачуваме нешто или јадеме што се најде од фрижидер (ретко се случува), чистиме кога мм е дома и така. Може ме имате читано, се породив природно но доста бев шиена и бев позитивна на корона па се изборивме. А верувај дека се ќе знаеш сама ко 3 деца да си имала, инстинктот е чудо.