Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Закрепнување после пораѓај

Дискусија во 'Бременост' започната од Eli23, 22 ноември 2015.

  1. Lisicko

    Lisicko Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2020
    Пораки:
    490
    Допаѓања:
    1.098
    Пол:
    Женски
    Природно се породи или царски? Јас бев природно и го кревав уште откако дојдов од болница. 12 кг има. Фала богу немав проблем. Мислам дека е нормално да имаш такви болки
     
    На strelkata му/ѝ се допаѓа ова.
  2. strelkata

    strelkata Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2012
    Пораки:
    610
    Допаѓања:
    769
    Природно се породив. Ме утеши, фала ти
     
  3. ni.na

    ni.na Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    1.630
    Допаѓања:
    1.565
    И јас имав такви болки а ништо не кревав, мислам од што се враќа во нормала и матка и се е
     
    На strelkata му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Bubamaricka

    Bubamaricka Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    1.274
    Допаѓања:
    2.382
    Мајки здраво. Не знаев каде дс пишам мислам дека тука е најсоодветно.

    Се породив на 15.11. е сега мама сака малку да се среди пред празнично да заличам на старата себе.

    Конкретно ме интересира сакам гел лак нокти да си направам, ама дојам и не знам дали смеам... и од кога е безбедно да се прават.

    Фала женски :hug:
     
  5. Honny

    Honny Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2021
    Пораки:
    503
    Допаѓања:
    1.155
    Пол:
    Женски
    Јас цела бременост сум со акрилни нокти, според гинекологот мој е безбедно. Ваљда и во доење е исто. Ако грешам нека ме поправат.
     
    На Matea94, IRBBB и Bubamaricka им се допаѓа ова.
  6. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    25.005
    А дали е нормално после 3 месеци да боли пределот на срамната коска и околу јајниците? Ги правев овие толку едноставни вежби:



    А толку многу ме болеше тој предел, едвај ги правев, сигурно не ги ни изведував како што треба од што ме болеше. А да не зборам дека уште имам дијастаз 3 прсти. Али ај, ваљда ќе се среди со вакви вежби. Ама па, ме болат тие предели што ги наведов.
     
  7. Orange96

    Orange96 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 март 2020
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    103
    Пол:
    Женски
    Zdravo mamicki, porodena sum prirodno na 25.10, lesen porajgaj megjutoa posle toa imav krvarenje i zafat. E sega prasanjeto mi e dali e normalno uste da imam iscedok kako zoltenikavo zelen i bolki od desnata strana?
     
  8. Dikinzi

    Dikinzi Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2019
    Пораки:
    2.588
    Допаѓања:
    6.151
    Пол:
    Женски
    Исцедокот најверојатно е инфекција, посебно ако има зелено. А за болките зависи какви се, можеш да си посетиш лекар за секој случај. Ама не кај тој што одиш, оди на друго мислење
     
  9. Orange96

    Orange96 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 март 2020
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    103
    Пол:
    Женски
    Zaboraviv da napomenam deka imav tamponada, koga bev kaj mojot maticen ginekolog mi rece deka e vo red. Inace bolkata e takva da nemozam da sednam od taa strana
     
  10. Dikinzi

    Dikinzi Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2019
    Пораки:
    2.588
    Допаѓања:
    6.151
    Пол:
    Женски
    Тоа не знам што е, прв пат го слушам. Каква и да е болката, посети гинеколог да те провери убаво.
     
  11. Freya123

    Freya123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    422
    Допаѓања:
    234
    Се породив природно пред речиси две недели, немав многу тежок пораѓај, но ме боцнаа со лајт спинал. Немав никакви болки од анестезијата после пораѓајот, ама еве денес и вчера ме боли кичмата баш кај што ме боцнаа. Дали е до тоа или ме боли кичмата од бременост/пораѓање/матката или што и да е, не знам. Ако има некоја искуство со лајт спинал, нека сподели.

    Друго, уште се осеќам некако истоштено. Брзо се заморувам, стапалата ме болат и уште ми се малце отечени, резот е мал и поминува болката, ама уште не се осеќам удобно. Ми рекоа да одмивам само со вода ама вака некако иде споро опоравувањето.

    Колку време ви требаше за да се осеќате опоравено? Што ви помогна за да го забрзате процесот?
     
  12. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.265
    Допаѓања:
    18.381
    После 20 дена имав големо опоравување.
    Јас сум без анестезија но имав болки во половина првиот месец.
    Отокот ми спадна по 15дена,а раната ја миев само со вода.
     
    На tina2018 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Orange96

    Orange96 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 март 2020
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    103
    Пол:
    Женски
    I jas bev prirodno pred dva meseci i ranata ja miev so hipermangan i mnogu brzo mi zarasna, a bolki imam uste bidejki iskrvarev posle porajgajot i imav dipolnitelno zafat. Vo sekoj slucaj samo hipermangan mi pomogna da mozam da funkcioniram.
     
    На tina2018 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    5.055
    Допаѓања:
    21.436
    Пол:
    Женски
    Не сум со анестезија ама си имам болки у кичма, 20тина дена поминаа од пораѓај.

    Раната исто, само со вода. Немам оток, немам болки, удобно ми е, не осеќам како рана дека имам :). Речиси не ни крварам.

    Истоштувањето помина, се осеќав исто ко зомби ама првата недела. Многу многу многу течности ми помогнаа за истоштувањето :) И 3 оброци дневно
     
    На tina2018 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Freya123

    Freya123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    422
    Допаѓања:
    234

    Фала ви многу, сега веќе се осеќам многу подобро. Ми беше страв најмногу заради анестезијата ама среќа помина и таа болка. :D
     
    На Orange96 и LiquidLuna им се допаѓа ова.
  16. nevenask

    nevenask Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2012
    Пораки:
    237
    Допаѓања:
    242
    Пол:
    Женски
    posle sest meseci od porogjaj uste didimerite mi se visoki, potocno 2000. ne primam nikakva terapija, primav kleksani za vreme na bremenost posle toa mi gi prekinaa. korona prelezav vo april uste dodeka bev bremena. nekoj so slicno iskustvo?
     
  17. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.229
    Допаѓања:
    13.204
    Пол:
    Женски
    А зошто не се боцкаш уште? Мене ми се качија после пораѓај, се боцкав додека не се симнаа.
     
  18. nevenask

    nevenask Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2012
    Пораки:
    237
    Допаѓања:
    242
    Пол:
    Женски
    pa od hematologija vikaat da ne zemam nikakva terapija, deka moze treba podolgo vreme dodeka se normaliziraat i zatoa ne zemam nisto. ama jas se iznacitav na internet deka moze da se pokazatel i za nekoi poseriozni bolesti i zatoa me fakja strav
     
  19. BoNaNa123

    BoNaNa123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2019
    Пораки:
    256
    Допаѓања:
    299
    Пол:
    Женски
    Здраво мајки. Иако поминаа 40 дена од породувањето јас сеуште чувствувам минимална болка во препоните при движење. Некогаш е поизразена, некогаш воопшто ја нема но во глобала е тука. За време на бременоста болката беше неподнослива имаше моменти и кога накривнував и не можев да одам. За разлика од тогаш сега е минимална, но ме загрижува што сеуште е присутна. Дали сте имале ваков проблем и што ви помогнало?
     
  20. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    5.055
    Допаѓања:
    21.436
    Пол:
    Женски
    Природно сум породена пред 7 недели. Крварењето ми престана после 2рата недела. Овие денови пак почна темно крварење, накај црно, со големи густи парчиња на моменти. Имам и главоболка и некоја тапа болка во долниот дел на стомакот.На контрола сум во петок ама сакам да ве прашам дали некоја имала вакво искуство. Не ми личи како менструација.