Јас више ќе направам 40 дена значи да си барам више да ме прегледа, кога бев претходниот пат на две недели од пораѓај само адоменално ме провери и рече коа ќе престанам да крварам да сум дошла пак
Мене вагинално ме гледаше на еден месец со менструација бев да се осигурам уште еднаш и да ми потврди дали е менструација ..
Мајки се породив пред 12 дена природно но после 30мин настана некое крварење и ме отвараа и ме чистеа. Раната и шиеното уште ме болат,конците уште си стојат не се паднати. На огледало гледам дека местото е малце отечено и имам болки кога ќе седнам или легнам не можам никако да се наместам, дури и влошката што ме допира ме боли и пече. Почнав да мачкам со кантарион но некако не ми помага. Што стававте вие за да ви помине побрзо?
Јод на влошки , миење со медицинско сапунче , миење со физиолошки раствор , Vioplex спреј и терезиново масло. Издржи ќе помине и ставај се што ти пишав за 14 дена се опоравив и седев најнормално.
Додека има конци се мачкав прво со бетадин, па откако ќе се осушеше после пар минути, се мачкав со пантенол маст. Кантарион мачкав подоцна, кога почнаа да паѓаат конците.
Најдобро консултација со докторот кој те пораѓаше...од совети ова она мачкај можиш да направиш некоја инфекција (ова од искуство од цимерката што делевме соба после пораѓај, од совети од другите доктори мачкаше некоја маст и и се инфицира раната кај шиеното, па после следеа болни премивки и антибиотици). Затоа барај си го докторот. Најдобро намерен совет
Од кое од горе наведеното може да добие инфекција? Не шири лажни информации ако не си доволно информирана или не си поминала низ истото и не наведуваш што поточно е користено препорачано од “други” доктори
Како ти што си дала мислење така и јас дадов...не гледам причина да ми реплицираш...а совет од доктор барем во болницата кај што сум јас за после пораѓај е одмивање само со сапун и толќпла вода повеќе пати на ден. Членката сама ќе си одлучи кој од советите ќе го прифати.
Слушај си го ти советот па јави се кога ќе се оправиш , ако нешто тврдиш потенцирај производ а не само пренесување на неточни информации и имам потреба да реплицирам пошто беше нешто најболно и само тоа ми помогна не трескам производи од памет
Од што може да болат нозр секоја вечер? После пораѓањето од прв ден ме болат нозе кога ќе си легнам, кај листовите. Како железо да имам внатре ми е чувство. Со царски сум породена. Ќе помине ли ова? Веќе 10 ипол месеци поминаа
И јас сум иста мене скоро цело време ме болат од колена на долу дури и стапалата,исто ми се пореметија и цревата често имам запек и цревата ме болат дури...5 месеци кај што сум породена
Од прв ден имате вакви симптоми? Јас 3 недели како сум породена, веќе сум да речам во нормала вратена. Проверете д-димери и хемостаза и тироидни хормони.