Фала ти , не ми текна да прашам во аптека. Ако веруваш повеќе ме болат хемороидите, отколку епизотомијата.. Можно е да ти пукнал од напнување, па затоа да крвари. Леле јас што напнување дадов на бокс, не пукнаа и не пукнаа
Плис хелп, работата кај мене станува алармантна, се породив пред 7 дена, и немам одено во вц од клизмата пред пораѓај. Мака мачам со тврдата столица и згора на се ми се појавија хемороиди од напонот што го давам. Нагон за одење во вц имам на секој 5мин. и се завршува неуспешно, имам и голема болка кај хемороидите за време на сето тоа. Пробано е со сируп порталак, чепчиња, компот од сливи, јогурт со овес со ленено со чиа и топла лимонада. Кажувајте нешто ефикасно само да избегнам клизма на болница. Психички ме поремети ситуацијата.
Ама месец веќе помина скоро по пораѓај немав ништо до сега. А вчера крв гледам. И не се напнував вчера во тоалет по мала нужда бев.
Може си имала внатрешен, што не си го приметилА ,па сега да пукнал те болеше? Мислам боли тоа. @martty06 Мене само чепчиња ми помагале. Природно си породена?
Со оглед на тоа за колкав период неидење по нужда станува збор, мислам дека не е лошо да си направиш една лекарска контрола. Може ќе ти дадат некој лаксатив или нешто што ја забрзува цревната перисталтика. Различни луѓе различна храна ги протерува. Мене на пример ме протерува мрсна храна како скара на пример, млеко и течни чорби, некои овошја како грозје, цреши, кајсии, ама во голема количина... Или на крајот пробај нешто што ти смета на стомакот . На пр. јас имам нетолерантност на јајца и ми прават дијареа. Магнезиум од некои производители исто ми прави гргорење на цревата и дијареа, оние шумливите и кесичките обавезно ми прават проблем.. За влошените хемороиди факту чепчиња и маст. Маста ја мачкаш надворешно и плус ставаш убава количина на вата - едно парче како тампон големо и стиснато и го оставаш на чмарот да притиска однадвор и сосе него седење на тврдо, односно даска под задникот. Модалексот е послаб.
Не ме боли. Само кога одам во вц има крв, сега пак кога бев. Што треба да правам во овој случај? Да мачкам ректовенал или ? При крварење што треба да се превземе?
Да пробаш со Фибро гел мислам беше на оној др. Митов? Околу 300 денари, само точно во кои аптеки го има не знам да кажам. На неговата официјална страна пишува детали.
За крварењето не знам, никогаш не ми крвареле. А за мачкање ако немаш симптоми, не осеќаш топче на допир и сл,би ти рекла да не мачкаш ништо, дека може немаш хемороиди.
Пред повеќе од три недели сум породена природно, малку ме сецнаа. Еве имам конец што ми виси и ме заболува каде што е шиено на едно место само. Совет?
Дали е можно да добијам на точно 2 месеци од пораѓај? Крварев 40 дена мислев ќе ме поштеди некој месец ама изглеа не
Од вчера осеќам болки во стомак и имам по неколку капки свежа крв. Кога се движам тешко ми е да се исправам, исто и на неколку минути осеќам како да ми рипа нешто во стомак некое пулсирање чудно. 26 дена како сум породена. Нормални се вакви болки?
Можно е јас и порано добив, на 44 ден добив и не помина многу време пак добив сега ама не е како тогаш, само кога одам во вц има а на влошката некоја капка. А колку сакав да не ми доаѓа уште сега, ич не ме поштеди. Тампони смеам да користам?
Дали правите крена слика после пораѓајот? И за колку време треба да се вратат вредностите на одделни работи што беа покачени во бременоста во нормала? Јас денес направив и некои ми се сеуште на горна граница